Но не сум чул за ампули наменети за орална употреба,да не си грешка?
Грешка сум. Смешав со капсули
Направив ренген снимки и докторот ми ги даде дијагнозите: Спондилоза,Дископатија.. повреден нерв...
Вентор не ми помогна а пиев 2 пати на ден, Кетонал исто така... Дојов и до некои инекции ама и тоа не ми помогна.. Ме масираа неколку физиотерапеути ама ни тоа не помага..а имам УЖАСНИ БОЛКИ!
Novalgetol, Аnalgin, Voltaren, Ketonaл, Niflam, Ништо ме ни помага.. им велам на докториве за друго решение па како последна опција е да одам на клиника на т.н. блокада на нервот...тоа било нешто во стилот да ми ја неутрализираат болката... незнам што е тоа. Прашав дали постои ризик од повреда.. крева раменици докторот...
Значи, не сум стручна, ама по некоја случајност знам прилично многу за спондилоза и дископатија, пошто мои блиски патат од нив.
Другарка ми имаше дископатија која прогресираше во дискохернија, од време на време се укочува и не може да мрдне од болки. На доктор и рекоа дека единствен лек е операција за ослободување на приклештениот нерв, но самата операција е голем ризик, како и секоја операција на рбетот. И препорачаа да прави вежби кога и е подобро, за да ги зајакне околните мускули, да го добие вистинсиот став (исправен) и да го намали притисокот на 'рбетот. Другарка ми одлучи да не прави ништо во врска со ова, него да си пати кога ќе ја стигне. Јас не би играла вака, ама нејзин е животот.
Од друга страна, знам жена во поодминати години, прилично крупна и висока, која како млада имала јака дискохернија. Она си само-помогнала со специјални вежби, кои сеуште ги прави секој ден. Не треба да очекуваш дека одењето на физикална терапија еден месец ќе ти помогне доживотно. На физкална терапија учиш како да ги правиш вежбите правилно, а ти треба да продолжиш да ги правиш вежбите и дома, нормално во консултација со лекар. Значи, мораш да бидеш упорна. Ти посакувам се најдобро.
Мразам да го кажам ова,ама ако има премногу ужасни болки,консултирај се со докторот за Tramadol...многу силно средство против болки,мислам дека би помогнало...
Ама САМО со претходна консултација со доктор,и САМО ако веке немаш никаква друга опција...
А бе каков Трамадол, тоа е ситетички хероин и е многу лоша идеја. Досега сигурно има смислено некој бољи пеинкилер.