Би сакала да ја прашам Злобница, или некој од останатите, медицински информирани членови, за еден симптом, и неговите евентуални (приближни) дијагнози.
Имено, веќе 6 месеци имам мал оток на вратот, блиску до гркланот, во форма на топче (се осеќа само на допир, не е видлив со око, боли единствено откако ќе го притиснам и нема значајни промени во големината). Кога се појави отидов на доктор, каде што исклучија плувачна жлезда, мононулеоза и тироид (тестот на тироксинот и ехото беа нормални).
Ни самата не знам зошто не продолжив со испитувањата, но ете го оставив тоа...За да деновиве, кога се потсетив на ова, и интензивно почнав да барам информации за симптомов, наидов на итекако загрижувачки дијагнози, односно на можна лимфома и други канцери.
Секако дека до петок ќе отидам на доктор, па би сакала во меѓувреме да знам дали, доколку докторот не препорача, сепак лично да инсистрам на биопсија, и дали таа е единствениот начин за утврдување на канцерозни промени, или има и други тестови (крвни анализи, ехо и сл.)