Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 август 2007
Мислења
1.935
Поени од реакции
1.683
Цела лева страна од долната вилица ме боли, можно да расте умњак ?
И што превенција да земем ?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Цела лева страна од долната вилица ме боли, можно да расте умњак ?
И што превенција да земем ?
Иди на заболекар,ако не ти расте умник (некои и со операција излегуваат) тогаш можеби имаш џеб кој боли исто како умник.
 

F.A.

Smile Now, Cry Later
Член од
17 април 2007
Мислења
862
Поени од реакции
3
Братучед ми само што заврши со инфузија ама пошто докторката му ја утна вената инфузијата најверојатно течела во мускул и сега раката кај зглобот му е подуена. Чаре има некој ?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Имало некој спреј за афти... знае некој како се вика точно и шо пари е?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Братучед ми само што заврши со инфузија ама пошто докторката му ја утна вената инфузијата најверојатно течела во мускул и сега раката кај зглобот му е подуена. Чаре има некој ?
Да се направи емулзија од хепатромбин и acidi borici, нека побара во аптека да му ја направат, а може и дома, едно шишенце ациди борици и некаде пола туба од хепатромбинот промучкајте го во пластично шише (малечко, од пола литар) и на местото нека стави облога со памук или оние тупферите што се. Нека става по неколку пати во денот, би требало брзо да помине.
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.200
Поени од реакции
2.292
Има ли некој на форумов зависник од КАПКИ ЗА НОС? Секогаш пред спиење едноставно морам капки за нос да ставам, немозам да заспијам иначе - носот ми е затнат.
Веќе 3 години вака..иначе оперил користам. Ако знае некој методи за одвикнување нека пише. :(
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Има ли некој на форумов зависник од КАПКИ ЗА НОС? Секогаш пред спиење едноставно морам капки за нос да ставам, немозам да заспијам иначе - носот ми е затнат.
Веќе 3 години вака..иначе оперил користам. Ако знае некој методи за одвикнување нека пише. :(
И јас го имам истиот проблем. Пред некаде година и пол настинав и после тоа никако не можев да престанам да ги користам капките и се' уште ги користам. Има неколку методи за одвикнување кои јас никако да се решам да ги применам. Првиот е да си земеш едно шишенце капки аква марис и како што ќе ги трошиш оперилот, кога ќе бидеш некаде до пола на пример, да ставиш во нив од аква марисот за да се разредат. А, можеш и да земеш од детските оперил, тие се поразредени. Финтата е полека да ја намалуваш дозата, се' додека не ти стане непотребно да ставаш капки. Другата метода е одеднаш да престанеш комплетно да ги употребуваш, што за мене е невозможно бидејќи не можам да дишам без нив и нема шанса да издржам недела дена со комплетно затнат нос. Третата метода е да земеш од детскиот спреј оперил и спреј аqua maris strong, сабајле и навечер по еднаш од оперилот и преку ден колку треба од аква марис стронг-от. Има и начин со кортикостероидни спрееви, меѓутоа тие се поризични во однос на нуспојавите.
Сега, штом ти е пред спиење само, а преку ден немаш проблеми, можеби имаш некоја алергија на нешто што ти е во постелата. Ако ти е перницата со пердуви, или на омекнувачот или нешто. Можеби би било добро да направиш и алерго-тест за да се види тоа.
Ако сакаш сам повеќе да си прочиташ, изгуглај rhinitis medicamentosa.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Има ли некој на форумов зависник од КАПКИ ЗА НОС? Секогаш пред спиење едноставно морам капки за нос да ставам, немозам да заспијам иначе - носот ми е затнат.
Веќе 3 години вака..иначе оперил користам. Ако знае некој методи за одвикнување нека пише. :(
Ако капките се користат подолго од 7 дена имаат контраефект. Чаре: да се престане со нивно користење.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
7
Поени од реакции
0
Da, prestani da gi stavas, a za tvoja sigurnost mozesokolu i pod nosot (megu nosot i gornata usta) da namackas Viks-mentol. Ke ti pomogne da ti se otpusti nosot, a za toa vreme ke se odviknuvas od kapkite.
 

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
дали активниот јаглен го уништува дејството на парацетамолот?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.934
Поени од реакции
8.572
дали активниот јаглен го уништува дејството на парацетамолот?
Активниот јаглен го неутрализира парацетамолот доколку се земаат заедно.
Кога се зема активен јаглен два часа после пиењето на парацетамолот, тогаш нема да го неутрализира неговото дејство.
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
ме боли грло бе, и нос затнат, од шмркање и глава почна да ме боли...дај некој ултра брз лек кажете

- у саботата фарбав некои железа со мрсна боја, можно ли е од тоа да ми е, од то боите лакот...или си бладам?
 

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
да прашам, ехото штетно ли е како ренгенот? или нема врска едно со друго? :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom