Што најмногу помага за надразнато грло? Насабајле ми е смирено и како ништо да не е, а попладне се јавуваат болките.
Пробав спреј од прополис, пастили, напиток од мед, ѓумбир и лимон, витамин ц и на крај и антибиотик и пак не поминува.
...дали е поврзано можеби со нешто што се случува секое попладне, а насабајле не се случува? можеби нешто те иритира во исхрана, течност нешто што токму попладне конзумираш или некоја навика после која се напрегаат гласните жици или заболува грлото или ладен воздух, клима што ете го засушува воздухот и делува надразнувачки на твоето грло, па да речеме добиваш сензација на болка ?
Кога сум во движење или кога лежам немам бодежи во ципите, препоните, ама чим сум простум на работа после 2 сати почнуваат бодежи, мали болки. Дури и грбот долниот дел ме боли. Дали некој имал сличен проблем? Матичниот ми вели немаш ништо.
...оптоварување на рбетот поради можеби невидлив деформитет на нозете кои при долго стоење се појавува болка,
...кога човек подолго време стои најдобро да стои со раширени нозе, а не здоближени или споени нозе, по можност со менување на тежина кон една нога која ќе биде понапред , па наизменично кон друга нога,
...односно спиналните стенози како резултат на стеснување на спиналните канали и поради тоа нервите се иритираат и воспалуваат, стенозите во лумбалниот (долниот) дел на ’рбетот предизвикуваат болки во грбот и нозете при што болките се зголемуваат при пешачење и стоење на нозе подолг период, одморањето може да ги намали овие симптоми.
... понекогаш, застанувањето во наведната положба со исправени нозе, притоа пробувајќи да се допре подот може да помогне во проширувањето на ’рбетниот канал, при што се зголемува протокот на крв до спиналните нерви.