Дежурна Ординација! #2

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Gastritis kolku sto znam se locira samo na zeludnik (gaster) a zeludnikot ne e ispod papokot sigurno. Nego najdobro na lekar da ides. Posto moze da bide i seriozna rabota. Povrzana so crevata e nesto. Mozda.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Gastritis kolku sto znam se locira samo na zeludnik (gaster) a zeludnikot ne e ispod papokot sigurno. Nego najdobro na lekar da ides. Posto moze da bide i seriozna rabota. Povrzana so crevata e nesto. Mozda.
Докторе, побарај на google GERD ;)
@Дињата на Анчо тоа можеби (ама можеби) се должи на грч на цревата кој може да е од n-причини (лоша храна, вирус, нервоза...). Некогаш знае и жолчката да зрачи, но најчесто зрачи на левата страна под ребрата (иако е десно) или да „симулира“ болка на бубрези, и иако ретко, но сепак се случува да излаже и на друго место. Во секој случај најдобро е да одиш на консултација со интернист.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Не пушам и не пијам алкохол. Бев на неколку прегледи ништо немаше. Или толку се способни да откријат. :toe:
 
Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Докторе, побарај на google GERD ;)
@Дињата на Анчо тоа можеби (ама можеби) се должи на грч на цревата кој може да е од n-причини (лоша храна, вирус, нервоза...). Некогаш знае и жолчката да зрачи, но најчесто зрачи на левата страна под ребрата (иако е десно) или да „симулира“ болка на бубрези, и иако ретко, но сепак се случува да излаже и на друго место. Во секој случај најдобро е да одиш на консултација со интернист.
Didnt know that :D
 
vlay_markoman

r3k1NNz0R.mp3
Член од
24 септември 2012
Мислења
176
Поени од реакции
43
зашто искачат тие надкожни чирови? многу ме интересира зашто?
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.736
Поени од реакции
24.391
Другарчиња, имате ли искуство со бемки? Другарка ми излуде од страв, ѝ излегла пред една година и пораснала доста и ѝ висела од едната страна. Прегледот и е закажан дури другиден, кажете ѝ дека не ѝ е ништо. :)

10942441_10204362089110901_1506486456_n.jpg

10954691_10204362083150752_1955937326_n.jpg
 
Последно уредено:
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Океј, ова веќе е лудо :)

Од пола декември навака, on and off сум на антибиотици за забот (станува збор за умртвена седмица доле, која претходно беше 8 години пломбирана и според стоматологот, барем 2 години внатре имала процес кој јас не сум го чувствувала) и пред скоро 2 недели конечно пробаа да го извадат.
Мојот матичен стоматолог викна од одма и орален хирург (на мое барање) затоа што со претходната екстракција (петка горе) имав 4 ипол часовна операција (заб зараснат со синус...). Од повеќе стоматолози ми е кажано дека моиве заби ако веќе се вадат, треба да биде со операција, затоа што ми зараснувале во коска и било невозможно да се извадат со клешти.

Јас ова му го кажав и на хирургот, но тој сепак се одлучи за клештите.
Проблемот настана кога и покрај 4 пати боцкање (две инјекции) локална анестезија, јас ништо не осеќав - освен забот.
После толку Амоксиклав беше чудно што ме боли и што имам инфекција, но нејсе - ајде викам, нека боли, само вади го.
Докторот се испоти од мака да го извади, мене до срце ме болеше, и на крај, успеа само пола заб да искрши.

Одлучи да не продолжи со процедурата, односно, не сакаше да ми стави дополнително анестезија и да го извади со операција, туку ми препиша Макропен уште една недела.

Јас и онака веќе партали го направив стомакот од антибиотици, ајде, јово наново.
Како почнав со Макропенот, не само што тотално ми полуде стомакот, ми излезе и афта точно кај забот, која е иначе првата афта што некогаш сум ја имала (ниту херпеси не сум имала, ништо слично).
По совет на матичниот доктор и гинекологот, ги прекинав Макропенот на 4 дена.

Не поминаа ни 2 дена, мене пак ме боли цела вилица.

Сега веќе не знам што да правам, од една страна, додека пијам антибиотици, забов се смирува (иако очигледно не целосно), ама други проблеми се појавуваат - ако не пијам, се е во ред, ама вилицата ме боли ужасно.

Утре секако ќе се видам со матичниот стоматолог, ама не знам веќе дали да се објаснувам - може или не може да се прави операција на инфектиран заб? Затоа што мене како таа ми кажа - било опасно - но и петката ми беше та бетер инфектирана (бев потечена, цела лева страна, што не е случај сега), докторот ми стави дрен 2 дена и после следеше клешта, па одма после клештата и инцизија преку цела вилица.

Ептен сум збунета, ама и веќе не можам да истрпам, од Мај до сега со истиов заб се расправам, а никој не успеа да го оправи (прво сакаа да полнат канали, ама, не им успеа ни тоа, само што ќе го затвореа забот и ќе пројдеше анестезијата, имав лудачки болки).

Anyone any suggestion?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.505
Поени од реакции
6.136
Има некој што му се појавиле стрии на кожата на пенисот ?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.505
Поени од реакции
6.136
Сигурен си дека се стрии во прашање? Стриите се распукување на кожата зошто е недоволно еластична.
Епа бев на кожен лекар и тој ми рече така. Имав кандида и додека ја лечев почнаа да ми излеват ранички на врвот на кожата. Сега кандида немам но излегоа овие проблеми. На сабајле обично кожата ми се стеснува и едвај со болки излегува главата. И овој лекарот ме накурчи обични стрии биле џаабе ќе ми дадел маст немало ефект. И после ми вели абе има една маст 3-4 месеца да го масираш местото со маста. 3-4 месеца wtf? Друг начин ми рече да ме прати кај хирург да ми сецнат од кожата. :О

И ако се стрии зошто се како ранички на врвот и ме печат кога ги допирам?

А освен раничките местото ми е црвено, како потпарено.
 
Види, по твојов муабет, јас не би ти препорачала да седиш со скрстени раце.
Појди кај др. дерматовенеролог, сигурно состојбава не е ,,нормална,, ниту ,,така треба да биде,,.
Што и да е, најубаво е да си бараш второ мислење.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Пролив. Возрасен. Ентерофурил помага после само две капсули. Дали треба да се продолжи да се допие кутивчето или може да се прекине? Нели, антибиотици не чини да се прекинуваат брзо, ама глупо ми е да го пијам за џабе и да си с**бам цревна флора. На упатството во кутивчето не пишува точно, само да не се пие повеќе од 7 дена. Од одредени причини не можам да контактирам со матичниот лекар, кој ми го има препишано минатиот пат (одамна).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom