Океј, ова веќе е лудо
Од пола декември навака, on and off сум на антибиотици за забот (станува збор за умртвена седмица доле, која претходно беше 8 години пломбирана и според стоматологот, барем 2 години внатре имала процес кој јас не сум го чувствувала) и пред скоро 2 недели конечно пробаа да го извадат.
Мојот матичен стоматолог викна од одма и орален хирург (на мое барање) затоа што со претходната екстракција (петка горе) имав 4 ипол часовна операција (заб зараснат со синус...). Од повеќе стоматолози ми е кажано дека моиве заби ако веќе се вадат, треба да биде со операција, затоа што ми зараснувале во коска и било невозможно да се извадат со клешти.
Јас ова му го кажав и на хирургот, но тој сепак се одлучи за клештите.
Проблемот настана кога и покрај 4 пати боцкање (две инјекции) локална анестезија, јас ништо не осеќав - освен забот.
После толку Амоксиклав беше чудно што ме боли и што имам инфекција, но нејсе - ајде викам, нека боли, само вади го.
Докторот се испоти од мака да го извади, мене до срце ме болеше, и на крај, успеа само пола заб да искрши.
Одлучи да не продолжи со процедурата, односно, не сакаше да ми стави дополнително анестезија и да го извади со операција, туку ми препиша Макропен уште една недела.
Јас и онака веќе партали го направив стомакот од антибиотици, ајде, јово наново.
Како почнав со Макропенот, не само што тотално ми полуде стомакот, ми излезе и афта точно кај забот, која е иначе првата афта што некогаш сум ја имала (ниту херпеси не сум имала, ништо слично).
По совет на матичниот доктор и гинекологот, ги прекинав Макропенот на 4 дена.
Не поминаа ни 2 дена, мене пак ме боли цела вилица.
Сега веќе не знам што да правам, од една страна, додека пијам антибиотици, забов се смирува (иако очигледно не целосно), ама други проблеми се појавуваат - ако не пијам, се е во ред, ама вилицата ме боли ужасно.
Утре секако ќе се видам со матичниот стоматолог, ама не знам веќе дали да се објаснувам - може или не може да се прави операција на инфектиран заб? Затоа што мене како таа ми кажа - било опасно - но и петката ми беше та бетер инфектирана (бев потечена, цела лева страна, што не е случај сега), докторот ми стави дрен 2 дена и после следеше клешта, па одма после клештата и инцизија преку цела вилица.
Ептен сум збунета, ама и веќе не можам да истрпам, од Мај до сега со истиов заб се расправам, а никој не успеа да го оправи (прво сакаа да полнат канали, ама, не им успеа ни тоа, само што ќе го затвореа забот и ќе пројдеше анестезијата, имав лудачки болки).
Anyone any suggestion?