Вака: Пред 2-3 месеци почнав да вежбам Insanity (дома) и по 10-тина дена морав да прекинам затоа што имав големи болки во десната нога, мускулот под коленото, а понекогаш и самата коска ко да ме болеше. Не ме болеше константно, туку само кога вежбав, после од кога ќе се одморев, поминуваше. По тоа, често ми се случува, кога одам пеш, особено ако одам побрзо да ми се појави истата болка. Утрово толку ме болеше што наместо да брзам, на крај едвај се довлечкав на работа. (зборам за пешачење 30 минути не којзнае какви дистанци). Некоја идеја за што може да се работи и како да се најде чарето?