Дежурна Ординација! #2

Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Луѓе ај ваше мислење. Утрово станав накај 2 и пол се ОК колку толку одморен и отидов да работам, до кај 8 и пол бев супер имав енергија, во рок од 5 минути ми се слоши и изгубив сила да не можам да го подигнам телото и да се движам. Незнам ниту ме боли нешто ниту пак сум болен од нешто (барем јас така мислам), јаден бев 50гр овесни снегулки + 150 мл кисело млеко али не верувам до толку одеднаш да изгубам сила и енергија од телото.
Е многу си бил јаден...:D Ако работиш некоја физичка работа, внимавај пообилен да ти биде појадокот, а тоа што си го јадел во секој случај се согорува бргу.
А и сонот треба да ти биде подолг, сигурно знаеш дека е многу важен за нормално функционирање во текот на денот.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Забрзано чукање на срцето, сериозно или, веќе подолго време??
Дали во последно време си под стрес, некоја возбуда? Доколку не, најдобро да си посетиш кардиолог, да не станува збор за тахикардија.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Други симптоми?
Испотени дланки, ладна пот, темнење пред очи?
Може да ти паднал притисокот, ако работиш физичка работа, може ти паднал и шеќерот.
Ако си изел смокви, тоа би требало да се стабилизира, иако во такви случаи најдобро е да се земе некаква течност со шеќер (вода, некаков сок) или малку шеќе (коцка или лажиче) под јазик.
Провери си крвен притисок ко прво.
Единствено ми се стемни пред очи инаку други симптоми немав. Инаку ме поткренаа смоквите али многу малку а изедов и ориз, месо и салата и пак ништо. Денес сум battery low цел ден едвај мрдам.
--- надополнето: 4 септември 2013 во 22:55 ---
Е многу си бил јаден...:D Ако работиш некоја физичка работа, внимавај пообилен да ти биде појадокот, а тоа што си го јадел во секој случај се согорува бргу.
А и сонот треба да ти биде подолг, сигурно знаеш дека е многу важен за нормално функционирање во текот на денот.
Е јбг во 2 и пол ноќе и толку едвај јадам, неможам уста да отворам од што ми се спие а камоли да јадам повеќе :) Сонот знам колку треба да ми е, али во моментов и овај да научам како да го скратам би било добро оти немам време ни за толку
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Да не си лежел или седел и во моментот наеднаш да си се исправил?
Другпат проблеми со притисок претпоставувам си немал?
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Да не си лежел или седел и во моментот наеднаш да си се исправил?
Другпат проблеми со притисок претпоставувам си немал?
Не не лежев ниту пак седев, подигнував нешто и тоа не многу тешко да го преместам и едноставно како нешто да ми ја зеде целата сила од мене едвај успеав да се додржам на нозе. Поседив некоја минута али ништо. Вечерва сум за нијанса подобар, отспав попладнево 2 часа, еве 2 пати јадам али нешто пак сум без енергија
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.056
Поени од реакции
6.662

младо дете си,можеби непотребно но за секој случај утре направи си една обемна анализа на крв и урина,консултирај се со матичниот, повеќе време си под стрес и физички напор,најверојатно ти треба убав одмор тебе со повеќе овошје и вода во исхраната..........батали вежбање и тешка физичка работа,прави лесни физички вежби колку за релаксација,а можеш и со јога да пробаш за опуштање........не ти е лошо нешто за смирување да земеш пред спиење барем недела време добро опуштање да добиеш и подобар сон
 
Кркни наутро една лажица мед, во секој случај.
Провери си крвен притисок!
Ако не ти е подобро наутро, оди на лекар, ама инсистирај да те прегледа детално.
Веројатно е нешто банално, ама не е лошо да се осигураш.
Имаш знаци на настинка/грип?
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Кркни наутро една лажица мед, во секој случај.
Провери си крвен притисок!
Ако не ти е подобро наутро, оди на лекар, ама инсистирај да те прегледа детално.
Веројатно е нешто банално, ама не е лошо да се осигураш.
Имаш знаци на настинка/грип?
од пред 2 дена ме боли грлото, и поткивнувам чат пат.
--- надополнето: 5 септември 2013 во 00:02 ---
младо дете си,можеби непотребно но за секој случај утре направи си една обемна анализа на крв и урина,консултирај се со матичниот, повеќе време си под стрес и физички напор,најверојатно ти треба убав одмор тебе со повеќе овошје и вода во исхраната..........батали вежбање и тешка физичка работа,прави лесни физички вежби колку за релаксација,а можеш и со јога да пробаш за опуштање........не ти е лошо нешто за смирување да земеш пред спиење барем недела време добро опуштање да добиеш и подобар сон
Не вежбам моментално, извесен период имав повреди и прекинав со вежбање од наредниов месец почнувам да вежбам пак, а работата ми е физички тешка и многу часови преку 15 часови секој ден физичка работа ми се собира :(
За заспивање немам проблем, само немам време да спијам инаку само да ја допрам главата до перница сум заспан :)
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Болки во мускули?
Истоштеноста веќе ја спомна; херпес?
Можно е и да ти малку „намален“ имунитетот, па да си закачил настинка или грип, кои знаат да дадат знаци на истоштеност и болки во мускули. Комбинирај тоа со тешка физичка работа и ете го резултатот, особено што велиш дека си истоштен и откако си јадел.
Пак ќе речам, провери си крвен притисок, а ако сабајле не ти е подобро, трк на лекар.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Нешто не ми е јасно со MojТермин странава.
Пишува дека имаат слободни термини за магнетна дури и во септември, но последна закажана магнетна е во декември 2013.
Any ideas колку реално би чекала ?
Ќе одам кај матичната денес, но веројатно не можам тоа од неа да го дознаам, туку од специјалистот што ќе закажува во системов, нели?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Нешто не ми е јасно со MojТермин странава.
Пишува дека имаат слободни термини за магнетна дури и во септември, но последна закажана магнетна е во декември 2013.
Any ideas колку реално би чекала ?
Ќе одам кај матичната денес, но веројатно не можам тоа од неа да го дознаам, туку од специјалистот што ќе закажува во системов, нели?
Знам дека за тоа колку ќе чекаш и кога ќе закажеш може да ти каже специјалистот кај кој ќе ја правиш магнетната резонанца :)
Ама верувај, ако сакаш за побрзо да закажеш мора врски да бркаш, зошто во спротивно многу време ќе чекаш :)
 
DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
Во последно време, како цело време да ми стои нешто во грлово и цело време како да поткашлувам од грлото и како густа плунка да ми е застаната, дали цвета нешто сега пошто алергичен сум на полен? Или од што може да биде и дали му се има случено на некого?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Во последно време, како цело време да ми стои нешто во грлово и цело време како да поткашлувам од грлото и како густа плунка да ми е застаната, дали цвета нешто сега пошто алергичен сум на полен? Или од што може да биде и дали му се има случено на некого?
Незнам дали станува збор за истово, но јас исто така порано доживеав нешто слично. Осеќав како измеѓу внатрешноста на вратот и грлото да имам јајце како оние малечките од јапонска кокошка. Многу ми сметаше, при допир на вратот мислев тоа го фаќам, но со чаеви, мед и искашлување за некое време ми помина.
Но сепак можеш да посетиш лекар :)
 
DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
Незнам дали станува збор за истово, но јас исто така порано доживеав нешто слично. Осеќав како измеѓу внатрешноста на вратот и грлото да имам јајце како оние малечките од јапонска кокошка. Многу ми сметаше, при допир на вратот мислев тоа го фаќам, но со чаеви, мед и искашлување за некое време ми помина.
Но сепак можеш да посетиш лекар :)
Ne dopiram nisto nego kako na grloto da imam lepliva plunka, cudno custvo i celo vreme me tera da pravam hm hm

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.017
Прилично сум сигурна дека не ми е за во темава прашањево, ама па не знам каде на друго место а е од оваа област.

Ми треба слики од магнетна резонанца да праќам во странство и ако ги пратам преку пошта ќе се уништат, па би сакала некако да ги префрлам на компјутер (цд/усб и сл).
Разбрав дека во странство така и правеле, не давале снимки како кај нас туку ти давале цд со снимката па се надевам дека можам да направам слично нешто. Па дали некој има информација ДАЛИ може да се изведе ова некако и каде.

Фала.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom