Дежурна Ординација! #2

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Кај се пријавуваат зависници од алкохол?
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
18
Поени од реакции
3
Можеш да направиш државна, со упат од специјалист. Или приватно, идеш закажуваш и се снимаш во најкраток временски рок. Приватните мислам дека сите имаат, ама не сум сигурен.

Нема тука дали си задоволен или не, постапкава е иста, се снимаш, се прави реконтрукција, важно е каков доктор ќе ти ги прочита снимките, моја препорака ако можеш Врчаковски да го најдеш да ти ги прочита, он е експерт за магнетна во државава.

Испитувањето воопшто не е штетно, техниката користи радиобранови. :)
Во ред,а инекции и седативи има ли некои или не...
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
18
Поени од реакции
3
Ништо бе па и ти, што си се уплашил/а?
Во ред читав на интернет дека некаде даваат,ама тоа веројатно доколку сум вознемирен....

Фала ти многу на одговорот....Исто така доколку би знаел ме интересира дали има разлика на МHР или сите се исти т.е доколку би отишол во државна и на приватна клиника е истиот принцип т.е машина(бидејќи бев читал на интернет дека имало некои стари апарати и нови без јонизирачко зрачење).

Исто така ме интересира ова МНР и МРИ исто ли е???
Ти благодарам уште еднаш на одговорите...
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935

Понекогаш кога се снимаат некои органи, се пијат некои контрасти, пример ако снимаш хепар, се пие гастрографин за да се обложат цревата и поубаво да се видат целните органи, ако снимаш бубрези, плуќа или што уште нешто се прима контраст венски за да се визуализира полесно органот, ова знам за CT (компјутерска томографија). Моја другарка снимаше мозок, без контраст е, значи нема боцкање.

NMR нуклеарно магнетна (магнетска) резонанца, нема никакво зрачење, таму снимката се добива со регулирање на радиофрекфенцијата и јачината на магнетното поле, како да ти објаснам дека зрачењето ти е како да поседиш пола сат до предавател. :icon_mrgr:

Тебе можеби не плаши името, нуклеарно магнетна, ама работава не е дека станува збор за нешто радиоактивно туку методава се заснова на резонанција на јадрените спинови во атомите, т.е. ткивото како целина. Латински јадрото на атомот се вика нуклеус, па од таму е името.
Не читај прикаски по интернет туку закажи снимање и без непотребни паники.
Биди спокојна по тоа прашање. Тие кратенките ти се едно исто.

Има различни генерации на машини, најчесто се различуваат по бројот на пресеци, детекторот и слично, но сите даваат одлична слика, така да кај и да отидеш е добро.
NMR е одлична техника оти дава пресеци на милиметар, па дури и помали, така да се забележува и најмала промена.

Некогаш се жалат на звукот, тој звук потекнува од синхронизираното движење на детекторите и изворот, така да не е ништо страшно и така работи машината.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931

Разликата е што приватно е поскапо и одма се завршува додека на државна е обратно, ем се чека ептен и нешто ситно се плаќа за разлика од приватно.
За кратенките не сум до толку упатен нека одговори некој друг како и за стара-нова машина.
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
хах,

читам за газираните сокови и ептен биле штетни што можат да предизвикат Дијабетис,дури и рак :vozbud:
многу пијам газиран сок (синалко црно) а денес незнам што ми текна цел ден дома и што ке правам ке купам синалко..
и се така купив дури 3 синалка од по 1,5L.. тоа ти се 4,5L за еден ден..би имало ли некој шанси да се случи нешто.. дури слушнав на еден мој другар братучет му бил во болница 20 дена од што пиел синалко, а јас па за неполни 12 часа испив 4,5L газиран сок ..:facepalm:
Во 100мл кока-кола има 10 грама шеќер, другиве брендови дури и повеќе може имаат, па пресметај дека со тие 4.5 л си внел пола кило чист шеќер, на страна другите хемикалии. Тоа е отприлика 5 пати повеќе шеќер од препорачаниот дневен внес, и 100% од потребниот дневен енергетски внес си го задоволил само со тој сок. Е сега треба да знаеш дека тоа не само што е ризик за појава на дијабет, туку може да се каже дека во тој момент на некој начин и практично си имал состојба на дијабет, зголеменото ниво на шеќер ги напаѓа крвните садови, му штети на срцето, колку почесто пиеш газирани пијалоци посебно во такви енормни количини, толку полошо, и не дозволувај организмот да трпи неповратни штети за глупости, не се чувствуваат ефектите веднаш, а кога ќе ги почувствуваш нема назад. Едно е мерак, друго е будалаштина. За другите ефекти што ги имаат газираните пијалоци врз дигестивниот систем, заби, итн. уопште да не зборуваме.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
18
Поени од реакции
3
Понекогаш кога се снимаат некои органи, се пијат некои контрасти, пример ако снимаш хепар, се пие гастрографин за да се обложат цревата и поубаво да се видат целните органи, ако снимаш бубрези, плуќа или што уште нешто се прима контраст венски за да се визуализира полесно органот, ова знам за CT (компјутерска томографија). Моја другарка снимаше мозок, без контраст е, значи нема боцкање.

NMR нуклеарно магнетна (магнетска) резонанца, нема никакво зрачење, таму снимката се добива со регулирање на радиофрекфенцијата и јачината на магнетното поле, како да ти објаснам дека зрачењето ти е како да поседиш пола сат до предавател. :icon_mrgr:

Тебе можеби не плаши името, нуклеарно магнетна, ама работава не е дека станува збор за нешто радиоактивно туку методава се заснова на резонанција на јадрените спинови во атомите, т.е. ткивото како целина. Латински јадрото на атомот се вика нуклеус, па од таму е името.
Не читај прикаски по интернет туку закажи снимање и без непотребни паники.
Биди спокојна по тоа прашање. Тие кратенките ти се едно исто.

Има различни генерации на машини, најчесто се различуваат по бројот на пресеци, детекторот и слично, но сите даваат одлична слика, така да кај и да отидеш е добро.
NMR е одлична техника оти дава пресеци на милиметар, па дури и помали, така да се забележува и најмала промена.

Некогаш се жалат на звукот, тој звук потекнува од синхронизираното движење на детекторите и изворот, така да не е ништо страшно и така работи машината.

Добро оваа страна ја најдов на интернет.Дали е ова таа радиологија во државна?
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Добро оваа страна ја најдов на интернет.Дали е ова таа радиологија во државна?
Магнетот на државна ти е на Клиника за радиологија, имаш и во 8ми Септември, Систина, Ремедика.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
2.905
Поени од реакции
400
Во 100мл кока-кола има 10 грама шеќер, другиве брендови дури и повеќе може имаат, па пресметај дека со тие 4.5 л си внел пола кило чист шеќер, на страна другите хемикалии. Тоа е отприлика 5 пати повеќе шеќер од препорачаниот дневен внес, и 100% од потребниот дневен енергетски внес си го задоволил само со тој сок. Е сега треба да знаеш дека тоа не само што е ризик за појава на дијабет, туку може да се каже дека во тој момент на некој начин и практично си имал состојба на дијабет, зголеменото ниво на шеќер ги напаѓа крвните садови, му штети на срцето, колку почесто пиеш газирани пијалоци посебно во такви енормни количини, толку полошо, и не дозволувај организмот да трпи неповратни штети за глупости, не се чувствуваат ефектите веднаш, а кога ќе ги почувствуваш нема назад. Едно е мерак, друго е будалаштина. За другите ефекти што ги имаат газираните пијалоци врз дигестивниот систем, заби, итн. уопште да не зборуваме.
лелее..
ама од денес не чепнувам сок, барем не до неколку месеци да одморе малце..
епа кога станав сабајле не ми беше ништо и сеуште не ми е ..
а и недај боже да ми биде нешто понатака :) .:facepalm:.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Има некој што може да ми каже која дијагноза стои позади E09.8?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Има некој што може да ми каже која дијагноза стои позади E09.8?
Нарушена регулација на гликоза со неозначени компликации - дијабет со компликации кои не може точно да се дефинираат.
 
Член од
19 февруари 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Вака,во недела кога станав не ми бесе добро како да има(грозница)цел ден лезев во кревет,навечер како да имав температура измерив но немав,во понеделник кога станав отидов на систематски преглед се бешеок,кога се вратив ручав и отидов во кревет да легнам спиев од 3:50 до ка 5-6,кога станав осечав мала вртоглавица,во вторникот кога станав многу ме болеше главата(на секое нагло завртување на главата осеќав болка,во уцилисте едно дете ме удри по главата и оцетив јака болка која траесе 1-2 секунди,кога се вратив од училиште ручав и отидов да спијам,спиев некаде од 3:30 до 6,кога станав ме болеше главата,отидов во ладна соба(околу 19 степени)многу ми студеше веднаш се симнав во дневната,цело време осеќам како лицето ми е жешко.
Ве молам да ми кажете сто значи ова и како мозам да се излечам,имали потреба од доктор или не ... ?

Фала однапред.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom