Девојки и жени од сите националности и вери - во вас е моќта!

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Се гледа дека ти мнооогу ќе патиш и притресуваш кога некој дечко ќе те откачи.
Е од кај заклучи ова? Pleeeease...

Делфин арно тоа што викаш, ама не би им било на сите поубаво да тераат космополитски живот ако луќето кои ги опкружуваат не се космополити, а знаеш и самиот дека со сила убавина не бидува.
Со ова се согласувам,џабе е у Македонијава наша,не можеш (смееш) да бидеш различен,едно нешто контра направи и ќе те осудуваат доживотно.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Р.Ѕ. Оф топик, 90% (минимум) од тоа христијаните и муслиманите во Македонија, немаат појма од вистинска вера, не знаат ништо за куранот и библијата. ГАРАНТИРАМ...

Или у превод, конкретно да се изразам, куранот го неам нешо посебно читано (само извадоци), али во цела Библија никаде не пишува за светци, али затоа многу пати вика дека народот треба да верува само во Господ Бог и неговиот еднороден син Исус, а сепак македонските Христијани, веруваат и се молат на: Света Петка, Света НЕдела, Свети Архангел, Свети едикојси... И немаат појма дека тоа не е верата христијанска како што е замислена. И ја бранат верата со срце и душа, и се со затворени умови кон муслиманите (па и кон католици и протестанти, иако и они се христијани, а немаат појма што се туку викаат дека се православни по вера).

Епа тоа го зборам и јас. Половина од нив врска немаат во што веруваат ама се декларираат ко Христијани и утре одма контрирараат и оп не смее брак со муслиман.
Зашто бе не смее? Па нели е еден Бог? Нели е заеднички за сите?
А и ако толку веќе се верници тогаш најверојатно знаат дека Христијанството и Муслиманството имаат заеднички предок но да не навлегувам подлабоко во религијата. Значи ако е така зашто им смета?
Најголема глупост е да му судиш на човек по вера,националност, статус, облека, физички изглед и да не набројувам...
Запознај го човекот па после суди му. Колку се нервирам значи вака.


А за сите тие што препорачуваат замена за тој што го сакаш со некој од твоја вера...

Епа видите и за тоа е темата. Да се бориш за она што го сакаш а не да се откажуваш. Таман работа да се откажуваме сите пред секој голем чекор и пред се што е посериозно од вообичаено.Да беше така денес сеуште без струја ќе бевме.


И уште нешто... За тоа дека ова е Македонија... па ако се седи со скрстени раце и се повлекуваат сите што сакаат некој од друга вера а се плашат епа да ви кажам дека никаде нема да се стигне...е така
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И добро, едно техничко прашање.

И да се согласат дека не е проблем различната вера двајцата партнери, и бидат заедно, брак и сл.

Ама што правиме со детето кое би се родило?

Што ако партнерот инсистира да биде по неговата вера,а другиот исто.

Како би реагирале?
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Работа на договор. Или ќе се согласат една вера или нема да му наметнуваат нитуедна вера и ќе му остават простор самото тоа да избере кога ќе дојде време, што е и најправилно во таков случај. Значи детето само да си ја избере својата вера.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Ама што правиме со детето кое би се родило?
Што ако партнерот инсистира да биде по неговата вера,а другиот исто.
Детето ќе биде Муслиман/ка, но најверојатно ќе биде малку збркано.

Јас сум голем поборник за секс со припадници од друга вероисповест, за пријателства и интимни односи, впрочем најпријатните мигови сум ги доживеал со муслиманки.

Но НИКАКО никако не сум за брак со нив, а не дај Боже да имам деца, тоа е криминал спрема детето.

Многу е битна вероисповеста, таа е културната матрица која го дефинира човекот. Ние сме биле Христијани по некоои основни норми дури и во комунизмот.

Има едно основно правило во животот - секоја птица се стреми кон своето јато. Има и исклучоци, но тие се само тоа, исклучоци, а плаќаат огромна цена за својата одлука и постапки.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Многу едноставно кажано, потешко во пракса.

Не дај Боже да запне врската на ова, па толку ќе биде од “космополитските“ погледи.

Освен ако на едната страна и е сеедно во врска со верата на детето, бидејќи ни самата особа не ја практикувала сопствената вера.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не, добро. Во право сте за децата и за тоа се согласуваме дека на крај децата се тие кои ќе страдаат.

Но, имам едно прашање сега: Треба ли да се откажеме еве сега на пример ако веќе дошло до брак, значи треба ли да се откажеме од брак заради неродените деца за кои не ни знаеме дали воопшто ќе се родат?
Што ако на крај испадне дека не можат тие двајца да имаат деца?
Значи треба ли да се откажеме или не?
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
136
Поени од реакции
3
glup narodot ,ako sakam neso ke se izboram i ne me interesira niso dr pa makar i da smenam vera,ako znam deka sum 100 posto sigurna i ako go sakam i jas,ako ne vo drzavava togas neka izbegaat nekade kaj so nikoj ne gi znae togas ke si bidat srekni.vredi nekad da se otkazes od se radi ljubov...samo koj ke sfati i dali voopsto ke sfati...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Е да де. Затоа насловот ми е таков. Затоа што главниот проблем се самите жени, и нивната издоктринираност.
Запознаен си каков третман имаат жените во муслиманската религија? Например, колку имаат права на децата во случај на развод? Јас сум слободен дух, и најмалата далечна можност за таква иднина ми фрла мрак на очи. Џабе љубов ако нема слобода и можност за избор. Љубовта ќе изгние.

Другарка ми Македонка е мажена за другар ми Албанец. Мери Џејн Поизон, ти посакувам да имаш партнер кој што ќе биде барем пола човек како него!!!
Може. Ако у старт и двајцата се откажеме од нашата религија и преминеме у некоја трета, например Будизам, и се отселиме некаде далеку од сите роднински влијанија. Не дека јас сум нешо религиозна, ама чисто за да не ги збунуваме децата.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Е да де. Затоа насловот ми е таков. Затоа што главниот проблем се самите жени, и нивната издоктринираност.

Еј пази го ставов човече. Некој нешто ти натура и ти наметнува со сила, и ЗАТОА ШТО ТАКА ТРЕБА, не прашувајќи се за твоите ставови чувства и желба за среќен живот, и тоа бланко го прифаќаш за ТИ да не расипеш однос. Го жалам и тој од истата вера што ќе заврши со тебе!

Р.Ѕ. Оф топик, 90% (минимум) од тоа христијаните и муслиманите во Македонија, немаат појма од вистинска вера, не знаат ништо за куранот и библијата. ГАРАНТИРАМ...

Или у превод, конкретно да се изразам, куранот го неам нешо посебно читано (само извадоци), али во цела Библија никаде не пишува за светци, али затоа многу пати вика дека народот треба да верува само во Господ Бог и неговиот еднороден син Исус, а сепак македонските Христијани, веруваат и се молат на: Света Петка, Света НЕдела, Свети Архангел, Свети едикојси... И немаат појма дека тоа не е верата христијанска како што е замислена. И ја бранат верата со срце и душа, и се со затворени умови кон муслиманите (па и кон католици и протестанти, иако и они се христијани, а немаат појма што се туку викаат дека се православни по вера).

Другарка ми Македонка е мажена за другар ми Албанец. Мери Џејн Поизон, ти посакувам да имаш партнер кој што ќе биде барем пола човек како него!!!
Коа личноста сака така, значи никој ништо не и натура. Си се согласува со родителите и ги сака повеќе од било кој иден маж/дечко.

Меѓутоа у врска со темава... Убо е све тоа да си бидеме космополити, Ама коа ке бидеме нешто налик на Холандија, каде што Арап се смешал со Будиста и се декларира како Холанѓанин и го сака цел свет. Овде не поминува тоа, зашто ко прво, во 90% посто од случаите Македонец да проба да заврши со Албанка ке заврши негативно по Македонецот. Зашто во мнозинството меѓуверски бракови мажот е муслиман а не сопругата?
Тешко се изводливи овие утопистички идеи.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Другар ми има мајка Македонка и татко Албанец - муслиман. Тој е атеист. Исто и брат му. Името на едниот е христијанско а на другиот муслиманско. Не знам зошто, ама кога одам кај него дома се чувствува неверојатна хармонија и мајка му и татко му се најпрекрасната двојка евр.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Не, добро. Во право сте за децата и за тоа се согласуваме дека на крај децата се тие кои ќе страдаат.

Но, имам едно прашање сега: Треба ли да се откажеме еве сега на пример ако веќе дошло до брак, значи треба ли да се откажеме од брак заради неродените деца за кои не ни знаеме дали воопшто ќе се родат? Што ако на крај испадне дека не можат тие двајца да имаат деца? Значи треба ли да се откажеме или не?
Не треба да дојде до брак, тоа е суштината.

Еве пример, јас имав девојка од Египет која беше решена да ја смени религијата и да стане православна Христијанка (значи МПЦ) ако се оженам за неа. Мене иако ми е драго да се зајакнува МПЦ, а потсвесно не ми е е драго некој да се менува заради мене, тоа некако во старт е проблем.

А дали треба да се откажат од бракот ако немаат деца, само тие можат да решат. Јас би се развел пред се за да можам да најдам некоја со која ќе имам деца - тоа е суштината на бракот.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не треба да дојде до брак, тоа е суштината.
Епа баш за тоа и јас зборам: Зашто да не дојде до брак?

Видете вака, да не бидам сфатена погрешно, значи дали јас таков брак оправдувам или не е една работа, нешто сосема друга работа е тоа за што од вчера тука зборам- а тоа е осудата.

Е тоа е тоа што мене ме нервира.
Нели сите сме обични смртници? Нели сите сме земски суштества?
Со кое право едно земско суштество се издигнува над друго и си зема за право да осудува нечиј избор или да му кажува што е исправно а што не? Сите сме подеднакви. Зашто нечие мислење да биде посупериорно од нечие друго мислење? Со кое лице доаѓаат посматрачи од надвор да осудуваат нечија врска,брак или што ти јас знам кога не се лично засегнати од тоа? Секој може да си прави што сака со сопствениот живот затоа што има избор, ама туѓиот избор да не се осудува.
Не станува тука збор за космополитски погледи или продавање на зборови колку само некој да испадне нестереотипен тип... Кажав, јас зборам за осудата. Немаме право да ги осудуваме другите... Не сме достојни за тоа...Не сме никој и ништо за тоа да го направиме...


п.с. Не ти реплицирам тебе т.е. не е за тебе лично напишано туку само се надоврзувам на ова за да дообјаснам :smir:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Нема никаква потреба од истото.
Сега некој ако си ја бара бељата, негова работа.

Mалку акал да има човек ќе примети зошто се од старт осудени на неуспех.
И не ми продавајте знам една со еден, среќни се, имаат дечиња, едното е на харвард или што знам.

Секогаш има исклучоци, но генерално не треба такви врски да постојат. Држате си се до своето. Племенски, селски, затуцано како сакате кажете го. Ама свое си е свое.

Исто како што твоите дома, најмногу си ги сакаш, така и својот народ најмногу си го сакаш. И си одбираш партнер некој од нив.
Космополитизам и глобализам жими долниов. Приказни за деца.
 
Член од
16 август 2007
Мислења
96
Поени од реакции
15
i aj sega da se otkazam jas?
e aj ke se otkazam od vrskata moja od covekot so na mnogu hristijani ne im e ni do kolena i taka ke gi usrekam i mama i tato i bato i celo maalo a bogami ne carsijata...
i site ke si ziveeme srekno do krajot na nasite ZIVOTI BEZ ZIVOT:D

moze taka?:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom