Кога се влегува во дискусија по повод ваков настан, претпоставуваме дека се случило како што е опишано јавно и соодветно коментираме. Теоријата на Еврејски заговори можеби е подобро да се развие на друга тема.. не оваа.
Оваа е многу конкретна, толку очигледна.
Користејќи го:
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=79CCB512A2550E41B0E5ED6F2D3F0060 , а забележувајќи дека на извесни лица им е потребен превод:
"На Kонкурсот се пријавив со магистратура од Универзитетот во Kембриџ, просек од додипломски студии 9,76,
со објавени 12 труда од кои 3 во меѓународни списанија, а едно од нив со импакт-фактор.
Јас бев одбиена, а беше (тогаш предложен, а сега веќе) примен кандидат со 1 објавен труд
(без да се наведат податоци за списанието заради што не може да се верифицира квалитетот на трудот и списанието) и
еден труд поднесен за печатење, со просек 8,86."
"Дали знаете дека во одговорот отворено се вели дека квалитетот на објавените трудови не е важен?
(Билтен на УKИМ, број 1050, стр. 204) Но, затоа, пак, во рефератот се вели дека е важна лојалноста на кандидатот кон претпоставените."
Сумираме:
1) Квалитетот на трудовите не е важен.
2) Местото каде се објавени не е важно.
3) Број на трудови не е важен.
4) Просекот не е важен (9.76 е поголемо од 8.86)
5) Репутацијата на институциите каде што кандидатите ги постигнале своите академски успеси не е важна.
(Симпатично е како некој верува дека Cambridge и UKIM дури можат и да се споредат..)
Тогаш, што е важно ? Што е тоа што го забележале тие што одлучуваат, а што не е јавно достапно ? Што е тоа така тајно, скриено, мистериозно но сепак одлучувачко, за да се прими кандидат кој е послаб ?
Од сѐ што е јавно достапно, одбиениот кандидат е најмалку супериорен во однос на примениот.
"На
8 март 2013 до архивата на Ректоратот доставив барање за средба во врска со рефератот за избор на помлад асистент по предмети од областа на психологијата. Истото писмо го доставив до Вас во електронска верзија. Вие, ниту некој друг во ваше име, не одговоривте на моето барање.
Бидејќи вашиот одговор не можам да го добијам преку институциите на системот, ќе се обидам да го привлечам вашето внимание обраќајќи се до вас јавно."
(Денес сме 10 Мај, 2013 -
поминати се околу 60 дена откако уредно биле запрашани елементарно прашање.
На обичен човек, веднаш му е јасно што се случува.
Овој пост е до тие што глумат лудило, „па сите ли што студираат надвор да ги примаме“, „овие од АМЕРИКА мислат дека ќе им дадеме канцелерија..“
Покрај огромните проблеми што ги имаме како држава, на став сум дека бесконечната љубомора е тоа што ќе го донесе (веќе го има донесено?)
последниот удар. Резонирањето наликува на: „сите патиме; некој се обидува да го поправи тоа -> не! нека пати и тој“.)
"Со други зборови, се прашувам, дали Вие, почитуван ректоре Стојковски, го одобрувате фактот што лица со истражувачки потенцијали
се отфрлаат од Универзитетот? Дали Вие како највисока фугура на Универзитетот сте немоќен пред ваквите случувања и можете само
немо да стоите без да се слушне вашиот глас?"
Не можам да утврдам дали коментаторите немаат ментален капацитет да разберат за што коментираат или пак веруваат дека примениот
е примен од добробит а не од други причини, дека било некаков нејасен потег на дарежливост, итн..
„Прв народ во светот што сам себе (ќе?) се победи!“
До скептиците чија скептичност е селективна, доказот за сѐ што е напишано може да се најде на:
http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/bilten/2013/1049-01.03.2013.pdf
Оваа страна припаѓа на UKIM. Вашата драга љубопитност и скептичност може да расправа дека и овој .pdf документ можеби е таен заговор на Ана и Евреите, а не е вистинита рецензија, но тука дали може некој да ви помогне е отворено прашање..