Девалвација?

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Подобрата варијанта за преродбенициве е да се држат за ФИКСНИОТ КУРС како пијани за стап...барем додека не ги потрошат девизните резерви..Мислам дека тоа ќе им потрае тамам до следните вонредни избори....посебно , ако уште им успее да спроведат комуњарска уравниловка и поделба на сиромаштијата...за да смират народни страсти....и глад...
До тогаш веројатно ќе си средат околу удомувањето некаде подалеку од Македонската вукојебина...
Ако се фатат за ИНФЛАЦИЈА не ќе имаат време ни куферите да ги спакуваат.............
Македонија и народот во неа и онака се одамна веќе само колатерална штета..:)
Как се подржа фиксираниja курс во РМ?Доколкото знам во буджета на РМ има дефицит.Не е ли подобре да се намалат државните разходи и буджета да има излишак и така да трупат резерви во народната банка?Така и ке се мамали малко инфлациjaта и во некои месеци е можна дефлациja.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376

Кај нас се води политика на фиксен курс од почетокот на 90-тите години до денес (Валутата е врзана за еврото 61:1).(Пред повеќе од десет години имавме еднократна девалвација.) Инаку ние одсекогаш сме имале голем трговски дефицит, додека буџетот ни се движел во рамките на приходите (со мали буџетски дефицити и суфицити).
Буџетскиот дефицит го покривавме преку откуп на девизи од менувачкиот пазар (дознаки на нашите иселеници), а остануваше и за девизни резерви (лани во октомври 1 милијарда и 750 милиони). Граѓаните стекнаа доверба во денарот и почнаа да штедат во денари, со што почнаа да паѓаат каматните стапки(во последните 3-4 години). Предходно немаа доверба во банките поради многуте афери и пирамидални штедилници.
За жал сегашната влада воопшто не се однесува рационално, не штеди и ги покачува платите на администрацијата, така да со доаѓањето на кризата трговскиот дефицит нагло порасна и сега покриеноста на извозот со увоз изнесува 58%, а се променија и состојбите на менувачкиот пазар и девизните резерви почнаа да се топат. Пораснаа каматите. Колку ќе се издржи со досегашната политика и колку ќе трае кризата? Можда наскоро ќе има и некое итно задолжување. Мириса на девалвација, но се уште е рано да се каже дали ќе се случи.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456

Мое мислење е дека после изборите најверојатно ќе следи нешто од ова:

1. Девалвација од 20% и воедно замарзнување на платите во администрацијата и пензиите во наредните 2 години
2. Враќање на старите даночни стпаки, за скалесто даночење
3. Умерени мерки од првите две точки

Секако може и да тераме со финтата, на ризик се познава шизик, па да почниме да се задолжуваме, за да го задржиме ова темпо на развој од 5% годишно.
 
M

marsovka

Гостин
Не знам што би правеле без додатниот прилив на девизи од странство кои ги носеа печалбарите
Пишуваше во весници дека од 50 000 градежници кои работеле во Црна Гора се враќаат дома немало работа за нив .
Плус дека во западните земји ги отпуштаат имигрантите или вршат прититисоци врз нив да го напуштат работното место што би значело уште еден бран печалбари назад во Р.М
Тоа значи уште повеќе проблеми.
Али не знам дали ќе има девалвација или дефлација пошто сите се исплашени од кризата и не трошат пари.
 
FOREX-Macedonia

FOREX trader
Член од
9 февруари 2009
Мислења
131
Поени од реакции
10
Девалвација има кај сите валути во цел свет па ке има и кај нас но не сум сигурен за 20%.
Златото денеска достигна $1000 а и вредноста на доларот расте, оваа не е било скоро никогаш, доларот и златото обично одат во спрега, кога златото расте доларот паѓа и обратно но не и во денешницата а тоа е девалвација на сите валути па и на доларот но со помал интензитет.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не знам што би правеле без додатниот прилив на девизи од странство кои ги носеа печалбарите
Пишуваше во весници дека од 50 000 градежници кои работеле во Црна Гора се враќаат дома немало работа за нив .
Плус дека во западните земји ги отпуштаат имигрантите или вршат прититисоци врз нив да го напуштат работното место што би значело уште еден бран печалбари назад во Р.М
Тоа значи уште повеќе проблеми.
Али не знам дали ќе има девалвација или дефлација пошто сите се исплашени од кризата и не трошат пари.
-блокирање на девизните заштеди, да не можат да се повлекуваат како девиза мин 5 наредни год.
-ДОООБРА камата на денарските заштеди
-смалување на кешовина во оптек на минимум..ДЕБИТНИ КАРТИЧКИ на максимум со куп МОТИВАЦИИ...
-додатен "ВОЕН" данок на увоз цца.100% од вредноста+транспорт, за патнички возила поголеми од квадрицикли 300 %...
-100% субвенционирање на секоја девиза која ќе ЛЕГНЕ од извоз на производ или услуга...
-ефтин или субвенциониран транспорт за извоз на стоки
-БЕСПЛАТЕН ADSL ИНТЕРНЕТ...со законски гарантирана ГОЛЕМА БРЗИНА (влада нека се договори за компензирање на провајдерите...)
-апсолутно минимизирање на сите "ФИРМАРИНИ ",радиодифузни такси и сите слични срања за неконтролирано цедење на пари...
-SOS продавници...
-минимална давачка по плата....која секој вработен..сам си ја плаќа...
-социјална/здравствена електронска картичка....

..............одприлика тоа :)
-ако се фатат за девалвациуја...НАЕБАЛЕ ко жути, а и ние со нив...нема да запре пред 120 денари за евро....
-за тоа што да прават со девизните резерви??????, ако незнаат ДА ПРАШААТ...да не се курчат, ако незаат да летаат... :)
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Колко милиони евро има во икономиката на РМ?
Некоj може да ми каже колко посто е обезбеден динара?И какви са запасите на Народната Банка на Македониja?
Jaс лично мислам дека за да продолжи да се подржува курсот 61 : 1 треба до буджета не да има дефицит,па да има излишак от 2-3% от БВП.Тоест државните приходи да са повеке от државните разходи.
Ако си изгуби курсот 61:1 се оди ком големото море и не се знае каква брана ке доjде.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Глеј си ги ти јадовите на Бугарија, не изигрувај душегрижник......ааааа....... заборавив, вие си сметате дека и ова е ваша држава.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Глеј си ги ти јадовите на Бугарија, не изигрувај душегрижник......ааааа....... заборавив, вие си сметате дека и ова е ваша држава.
Поне еднаш можеш да зборуваш нормално и цивилизовано по глобални проблеми???
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Поне еднаш можеш да зборуваш нормално и цивилизовано по глобални проблеми???
Темата е девалвацијата во Македонија...
..не туку ја врти работата...што те па тебе заболе за Македонија:drk:
 
Член од
3 август 2008
Мислења
39
Поени од реакции
0
MMF, веќе ги предупреди Хрватска и Чешка и Полска да ги намалат јавните треошоци за да го намалат ударот од економската криза.
Како претходно што кажа некој, во Европа први на удар се гастарбајтерите апропо примерот со работниците од Црна гора.
Дека девалвација ќе има тоа е логично споредувајќи ги околните економии. А очигледен пример е и флуктацијата на евро/денар.
ВО Куманово 61.7, и у Скопје еврото се купуваше за толку во некои менувачници пред една недела. Ова се очигледни показатели дека пазарот ја диктира цената, т.е. ако во оптек нема доволно евра нивната цена расте.
Незнам колку НБРМ ќе издржи да го држи стабилно курсот на еврото, со оглед на тоа дека до избори имаме цел месец.

Како и да е ...... штом 90тите и 2001 ја издржавме имуни :sport1: сме на економски кризи :sport2:......
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Темата е девалвацијата во Македонија...
..не туку ја врти работата...што те па тебе заболе за Македонија:drk:
Доколкото можам да читам пише Девалвациja
Дали ке биде РМ или Ирска или Германиja се един и ист е терминот и симптомите му.Има значение коja држава ке разглеждаме?Ако сакаш да разгледаме Германиja,немаш проблем.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Можеме да ја избегнеме девалвацијата ако играме паметно. Барем во овој поглед сме подобри засега од некои наши соседи. И ММФ може да ни помогне со заем. Но ние сме склони да правиме глупости. Наместо да се намалат даноците и да се воведат субвенции за извоз, владава ја стимулира потрошувачката (а со тоа и дефицитот) со зголемување на платите.
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
212
bravo eksperti a se zaprasuvate li vie samite sto dobivate ako ima edevalvacija ili siroti poima nemate ili trubaci na tuga ustsa ste i nemate poima za sto zborite
 
Kajgana Shop

На врв Bottom