Девалвација?

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
а инаку според нашиве *експерти* критични моменти за девалвација се на пролет(сега) или некаде септември-октомври, евентулно пред нова година(последна опција)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Fight of the economists......

Јас само знам едно нешто, ставката од буџетот наменета за примања на администрацијата треба се препише како ставка за инфраструктурни проекти од висок приоритет а ставката за инфраструктурни проекти да се препише за примања на администрација.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
а инаку според нашиве *експерти* критични моменти за девалвација се на пролет(сега) или некаде септември-октомври, евентулно пред нова година(последна опција)
Знаеш дека ова предвидување е во време на нормални економски окружувања,кога нема светски рецесии од овој тип како денес?
Бацилиус за претседател!:)
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
819
Поени од реакции
26
Ни девалвација не ја спасува македонската економија


Шпекулациите за девалвација во последно време стануваат погласни од уверувањата на политичките и економските лидери дека девалвација нема да има. Но, се потешкото одржување на стабилноста на денарот е реалност и манифестација на болеста на македонската економија-неконкурентност и непреструктуираност. Дали девалвацијата е терапија со која ќе се излекува оваа болест, се чини е прашање на кое одговорот не сакаме да си го признаеме. Но, кој и да ја посакува девалвацијата треба да биде свесен дека губитници ќе бидеме сите, дури и оние кои мислат дека би имале корист од неа.
Биљана Здравковска


Иако девалвацијата е табу тема во Македонија, шпекулациите за девалвација никогаш не биле посилни. Но, овој пат, се чини тие не се само затскриени барања на одредени лоби групи, туку зад нив стојат многу загрижувачки негативни трендови кои сериозно удираат по вредноста и стабилноста на домашната валута.
Шпекулациите одат дотаму што веќе обични луѓе по улица кои немаат никакви економски познавања “сигурно” тврдат дека девалвација ќе има, но веднаш по изборите, типувајќи дури и со прецизни бројки колку ќе изнесува девалвацијата. Па сето тоа се забиберува и со наводниот конфликт помеѓу премиерот Никола Груевски и гувернерот Петар Гошев, односно кој на кого би можел да му подметне, кој и зошто ги троши девизните резерви...
Не водејќи сметка дека шпекулациите за девалвација, барем во случајот на Македонија, чинат многу поскапо од евентуалната девалвација.
Она што зачудува е забележителното отсуство на дебати на оваа тема. Точно е дека ова е чувствителна тема за дебата. Но, отсуството од јавноста на главните актери на економската сцена, на политичките лидери, на премиерот, на гувернерот, на економската наука, остава простор шпекулациите за девалвација да создаваат страв кој како последица има поголема недоверба кон денарот и зголемен притисок за купување на евра. Што на крајот ја изложува Народната банка на поголеми трошоци, односно продажба на девизи од девизните резерви за да се задоволи поголемата побарувачка и стерилизирање (повлекување) на денарите од оптек.


Ако Македонија со нешто може да се пофали од изминатата деценија, тоа е макроекономската стабилност, врзана со главното сидро-фиксниот девизен курс, кој иако многу критикуван, успева да ја заврши својата функција. Ако за нешто треба да им се оддаде почит на нашите гувернери тоа е решеноста да се одржи стабилноста на денарот.
Но, вистината сега е дека македонската економија се соочува со сериозни проблеми. Дел домашно создадени, а дел како последица на светската економска криза и рецесијата која без исклучок ги зафати сите светски економии. Последните податоци покажуваат дека извозот е речиси преполовен, трговскиот дефицит создава огромна дупка во плаќањата кон странство, намален е приливот на странски инвестиции, паѓаат парите кои печалбарите ги праќаа во Македонија... Многу од тие економски проблемите удираат по денарот.
Но, се потешкото одржување на стабилноста на денарот е само манифестација на болеста на македонската економија-неконкурентност и непреструктуираност. Дали девалвацијата е терапија со која ќе се излекува оваа болест, се чини е прашање на кое одговорот не сакаме да си го признаеме.

Што го загрозува денарот?

Оние кои шпекулираат со девалвацијата на денарот како главна причина која го руши фиксниот курс на денарот го наведуваат преголемиот трговски дефицит кој на крајот на 2008 година достигна 1,9 милијарди евра, што е 25,9% од ланскиот бруто домашен производ. Големиот трговски дефицит е главниот виновник и за продлабочувањето на негативното салдо во плаќањата со странство, кое достигна 14% од БДП, или двојно повеќе на годишно ниво.
“Директен и најризичен фактор за стабилноста на денарот е дефицитот на платниот биланс, кој треба да се финансира од реални извори и последично на тоа треба да се набавуваат девизи. Тоа значи дека се зголемува побарувачката за девизи на девизниот пазар и во услови на лимитирана понуда би растела цената на девизите. Ова е директен притисок врз курсот, доколку девизните резерви дојдат на загрижувачко ниско ниво. На дефицитот на платниот биланс на земјата влијаат директно и најмногу огромниот и, за жал, перманентно растечкиот дефицит на трговскиот биланс, намлените девизни трансфери од странство, како и странските директни инвестиции”, вели професорот Абдулменаф Беџети, професор на Универзитетот Југоисточна Европа.

Но, ако се анализира малку подлабоко ќе се види дека големиот трговски дефицит беше во директна корелација со заживувањето на економската активност минатата година. Бидејќи македонската економија е високо зависна од увоз, секое заживување на економијата, зголемено производство и засилен кредитен раст, повлекува и пораст на увозот. Ако на тоа се надоврзат и високите цени на нафтата и металите, тогаш митот за рекордниот трговски дефицит е малку разјаснет. Благодарение на кризата и рецесијата во која се наоѓа светот, цените на нафтата и металите паѓаат, што ќе го намали јазот во трговската размена со странство. НБМ го ограничи кредитирањето на потрошувачката од страна на банките, што значи дека дека годинава ќе го нема ниту импулсот на зголемена лична потрошувачка која го зголемуваше увозот и трговскиот дефицит.

Но, истовремено како последица на кризата опаѓа и македонскиот извоз, што го намалува приливот на девизи, но и обемот на работење на македонските извозни компании, што исто така ќе значи дека тие ќе увезуваат помалку и ќе трошат помалку енергија.
Она што создава поголем проблем е намалениот прилив на девизи, од извоз, од намалените девизни дознаки од печалбарите и од целосниот застој во странските директни инвестиции. Ова се фактори кои исто така се директно поврзани со кризата, кои имајќи предвид дека таа нема да заврши пред 2010 година, ќе останат да ја загрозуваат девизната позиција на Македонија.

Значи, дефицитот во платниот биланс, сам по себе не е проблем се додека има можност да се финансира. Во текот на 2007 година Македонија имаше доволно средства да се финансира дефицитот, па дури и да се зголемуваат девизните резерви. Меѓутоа, кризата која го зафати светот, создаде ситуација во која капиталот почна да се повлекува од економиите, а инвестициите запреа. Во таква ситуација остана високиот дефицит во платниот биланс, но финансирањето веќе недостасува, што во повеќе земји предизвика притисоци на девизниот пазар. Оние земји кои имаат флексибилен курс, се соочија со депрецијација на валутите. Оние кои што имаа стабилен курс, го бранеа тој курс со сите мерки кои им беа на располагање.


http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=65&EditionID=666&ArticleID=15985
 

Kajgana Shop

На врв Bottom