Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Никој не ги натера со сила Србите да ја прават Југославија заедно со Хрватите и Словенците.

Но, СФРЈ е нешто сосема друго, СФРЈ беше ЕУ, пред ЕУ и беше пример како треба да се решаваат проблемите меѓу закрвени народи.

Воедно беше и Кина пред Кина, во начинот на функционирање на економијата.
Американциве ќе банкротирале заради таа економија :D
Иначе тие истите што ги закрвуваат ги смирувале тогаш под паролата братство единство кога им требало на американците војска за да се осигураат дека СССР нема да направи окупација на НАТО пактот. Откако не им била потребна, сега не ебат у мозок да се тепаме едни со други.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.782
Поени од реакции
2.760
Среќа бумериве југоносталгичарски секој ден сѐ помалце и помалце се, до ден денес не се излезени од шупакот на твито. Го чекам денот кога ќе дојдат на ист број со бугарофилите или скроз да ги снема. УДБА сеуште си ровари, семенката нивна.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Среќа бумериве југоносталгичарски секој ден сѐ помалце и помалце се, до ден денес не се излезени од шупакот на твито. Го чекам денот кога ќе дојдат на ист број со бугарофилите или скроз да ги снема. УДБА сеуште си ровари, семенката нивна.
Не беше се така црно у таа Југославија,затоа не можеш да ги обвинуваш Југоносталгичарите.Има тука луѓе денес што не можат у Охрид да отидат,а тогаш Јадранот се викаше Наше Море и секој можеше кога сака да оди.Денес на прсти се бројат тие што можат у Хрватска на одмор да отидат,а у тоа време беше нормално минимум 20 дена у Сплит или Дубровник
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Југославија е многу голема тема за дискутирање и не се дава едноставен одговор. Како и се во животот, луѓето гледаат од лични убедувања и можности, просечен локален партијаш што цела фамилија му е вработена, што оди во Хрватска као шо вика другарот Диле, на кого децата му уживаат, нема да рече ништо позитивно затоа што нема да сака да јаде една чоколада од маркетот, да има едно примање, да мора да почитува некој закони, итн. Додека пак обратна слика, просечен работник кој е изеден од транзицијата, кој нема ни за југо, одмор не ни видел, Југославија би ја барал секој ден, но само поради што е во таква ситуација, да бил како првиот пример ќе било исто. А поенатата не е само економскиот дел и дали се некој и нешто во овој смрден систем, туку многу повеќе.

Ако веќе не можеме да ја вратиме таа Југославија, можеме да си ја донесеме сега, само треба саможртва како што дал некој пред 80 години. Суштината е во промена на менталитетот, а тоа не се случило ни во таа Југославија, затоа што некој не сакал да се случи, така и денес се е исто, всушност со се поголемиот хедонизам кај трулово опшество, со се поголемто среброљубие и невозмежно е таков систем ама пак што останува освен да се бори човек за подобро утре.

Сега ако ништо друго барем имаме опција која нуди некоја таква можност.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.782
Поени од реакции
2.760
Не беше се така црно у таа Југославија,затоа не можеш да ги обвинуваш Југоносталгичарите.Има тука луѓе денес што не можат у Охрид да отидат,а тогаш Јадранот се викаше Наше Море и секој можеше кога сака да оди.Денес на прсти се бројат тие што можат у Хрватска на одмор да отидат,а у тоа време беше нормално минимум 20 дена у Сплит или Дубровник
Зошто е тоа така денес? Толку е способен народот да не можи да си дозволи еден одмор во годината од 20 дена?
Тој џаболебарски менталитет е најголемиот виновник што сме оваа септичка јама што сме денес. Затоа има 200.000-300.000 џаболебари што гласаат за државна работа (најчесто клади врата земај плата). "Ама за сите имаше тогаш" море **********
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Зошто е тоа така денес? Толку е способен народот да не можи да си дозволи еден одмор во годината од 20 дена?
Тој џаболебарски менталитет е најголемиот виновник што сме оваа септичка јама што сме денес. Затоа има 200.000-300.000 џаболебари што гласаат за државна работа (најчесто клади врата земај плата). "Ама за сите имаше тогаш" море **********
Еве тато работи 34 години и без одмор, не е џаболебар, хранел 5 души, и на одмор најдалеку бил во Дојран. Ајде он работел приватно до пред неколку години, на другар татко му работи од 16 години тоа е некаде околу 36 години веќе во истата фирма, газдата на фирмата има невиден капитал, неколку коли, децата му студираат во странство, едноставно уживаат. Можеш ли ти да го споредиш овој однос на работникот со односот од тогаш кога следувало одмор за работникот и за неговите деца?
 
Кога се со истиот менталитет од јуГоСлАвИјА така е, настрана криминалната приватизација.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Кога се со истиот менталитет од јуГоСлАвИјА така е, настрана криминалната приватизација.
Абе лесно е вака сеа да пишеш, дај ми разумен одговор ако имаш.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.750
Поени од реакции
2.286
Ако не сте живееле во тој период не може да знаете како било. Може да ви раскажуваат вашите најблиски кои тогаш живееле и секој различно ќе ви каже од негово сопствено видување како било. За некој било идеално оти во тој период направил пари за 5 генерации. На некој сега му е поубаво , оти сега успеал да искористи шанса да се збогати на туѓ грб. А дека се живеело идеално не се живеело, иако некои имаат намера да идеализираат. Да се живеело идеално немало и тогаш луѓе да се иселуваат, поради тоа што биле угнетувани само поради тоа што различно размислувале.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.261
Поени од реакции
84.356
Среќа бумериве југоносталгичарски секој ден сѐ помалце и помалце се, до ден денес не се излезени од шупакот на твито. Го чекам денот кога ќе дојдат на ист број со бугарофилите или скроз да ги снема. УДБА сеуште си ровари, семенката нивна.
По не знам кој пат го пишувам ова, али ај.
Ја бев еден од ретките кои сакаа отцепување и независност на Македонија. Тоа време, крај на осумдести и почеток на 90-ти, огромно мнозинство на населението во земјава беше за останување во Југославија, каква таква. Баш исто како во целиот поствоен период - да си за независна Македонија беше нешто со кое инстантно ќе те обележат како националист (и тоа бугараш), растурач на СФРЈ и сл. Тоа се случуваше кај нас едно десет години после појавата на првите HR налепници во Дубровник, Хрватска. Го кажувам ова, чисто да доловам колку бевме назад со националниот стремеж за независност. Па ние, дури и откога се отцепивме, мнозинството пак беше за враќање у Србославија (тоа остана у тие моменти од СФРЈ). Затоа и за референдумот мораше да се измисли срамно трик прашање, инаку ќе пропаднеше. Значи, огромно мнозинство на населението во земјава не беше ментално спремно за новата реалност и беше инертно.

Е сега, денес, после Грујо, Бранко, Заев и сите тие, после 30 години живеење во ова, можам со мирна совест да кажам дека СФРЈ беше Бог и Батина за овие држави. Речиси во секој поглед. Сите што викаат дека не е така и дека сега е боље, или лажат, или не се информирани. Нема друго.
Тито со овие политичари денес, не може ни да се спореди.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.782
Поени од реакции
2.760
Абе лесно е вака сеа да пишеш, дај ми разумен одговор ако имаш.
Што не ти е разумно во одговорот? Кај беше народот кога ги распродаваја фирмите? Зошто и по 20 години луѓе сеуште се тепаат за државни работни места само да не работат ништо и да земаат плата до пензија а после и пензија? Затоа што се заостанати со паметот во југославија и чекаат од државата е затоа.

Ако не сте живееле во тој период не може да знаете како било. Може да ви раскажуваат вашите најблиски кои тогаш живееле и секој различно ќе ви каже од негово сопствено видување како било. За некој било идеално оти во тој период направил пари за 5 генерации. На некој сега му е поубаво , оти сега успеал да искористи шанса да се збогати на туѓ грб. А дека се живеело идеално не се живеело, иако некои имаат намера да идеализираат. Да се живеело идеално немало и тогаш луѓе да се иселуваат, поради тоа што биле угнетувани само поради тоа што различно размислувале.
Добро, се поживеало 10-тина години после смртта на тој црепот.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Што не ти е разумно во одговорот? Кај беше народот кога ги распродаваја фирмите? Зошто и по 20 години луѓе сеуште се тепаат за државни работни места само да не работат ништо и да земаат плата до пензија а после и пензија? Затоа што се заостанати со паметот во југославија и чекаат од државата е затоа.

Добро, се поживеало 10-тина години после смртта на тој црепот.
Ок тука мора да се согласам, менталитетот не е сменет затоа што сеуште не можеме да сфатиме дека колективот треба да е пред се. Но има луѓе кои размислуваат критично и се надевам дека тоа ќе се покаже во најскоро време.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.750
Поени од реакции
2.286
Добро, се поживеало 10-тина години после смртта на тој црепот.

Пак ќе кажам за кого како. Инаку тие последни 10 години се всушност оној период кога се крадело без осет. Што викаат србите: И шаком и капом. Во тој период и голем број клошари си го наполниле џебот и после станале газди.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.818
Поени од реакции
11.884
Не сум бил роден во Југославија за да можам да донесам целосен заклучок за тоа каква земја била, но ние помладите кои сме родени во самостојна Македонија се' уште ги живееме последиците од таа држава, од тој систем и особено менталитетот што останал од југоносталгичарите, менталитет што се пренесува кај помладите како некоја наследна болест и го ништи менталитетот на помладите луѓе како канцер. Некои од „придобивките“, наследство од Југославија се:

-возвишување на политичари и нивно идолизирање и воскревање како да се богови. Прво Тито, па Киро, па Бранко, па Љубчо, па Грујо, се е тоа последица од стариот систем од СФРЈ кои луѓето ги прави послушни поданици без свој став, кои до ден денешен не ништи како народ.

-кодошење, шпионирање, поткажување. Иако оваа карактеристика е позната кај македонскиот народ од поодамна, сепак за време на социјализмот го доживува својот пик. Поткажување, шпионирање, ако го слушнеш комшијата да каже нешто лошо за Тито или Југославија одма да го кажеш ќе добиеш награда.

-партиска книшка за лична корист. Се' уште голем проблем, куп без'рбетници кои за своја лична корист земаат партиска книшка како би дошле до некое работно место, неспособни да се снајдат сами. ДПСДСНЕ одлично го експлоатираат ова за свои партиски цели и агенди, но сите знаеме како од каде започна ова, од КПЈ.

-паразитизам, мрзеливост, неработливост, нишај врата земај плата. „Земи книшка и вработи се во државно синко, оти во приватно нема ќар“ ќе рече некој стар „мудар“ човек кој живеел во Југославија. Од каде има државата пари за такви вработувања, кој ќе ги плати, дали се тоа пари од долгови, тоа не е важно. Ти гледај за себе, општото добро не е важно.

-подмитување, давање поклони за завршување основни работи, но и важни работи како на пример завршување факултет или најважното одење на доктор. Особено професорите и докторите земаа мито за да положиш некој испит или да за закажеш преглед. Уште еден проблем остаток од Југославија.

Југославија била земја надуван балон чијашто економија функционирала од кредити и долгови, кога тој балон пукнал, се распрскал на сите страни и оставил катастрофални трајни последици кои до ден денес не можеме да ги надминеме, а луѓето се однесувале како во кафана, пиеле, јаделе без усул и без да мислат кој ќе ја плати сметката. Полека се освестуваме и гледаме каков трул систем бил тој во СФРЈ и каков пустош оставил позади себе, посебно ние помладите родени 96, 97 година, но за жал е прекасно за да се смени нешто. Истите навики останати 30 години по осамостојувањето, истите луѓе што трчале по КПЈ во тоа време, сега трчаат по СДС или ДПНЕ и без разлика што доаѓа до мало освестување сепак прекасно за да се поправат последици од изминатите 30 години плус последиците од СФРЈ. Освен долгови, поданички менталитет и себичност ништо друго не ни е останато на нас младите од тој систем и од таа држава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom