Не сум бил роден во Југославија за да можам да донесам целосен заклучок за тоа каква земја била, но ние помладите кои сме родени во самостојна Македонија се' уште ги живееме последиците од таа држава, од тој систем и особено менталитетот што останал од југоносталгичарите, менталитет што се пренесува кај помладите како некоја наследна болест и го ништи менталитетот на помладите луѓе како канцер. Некои од „придобивките“, наследство од Југославија се:
-возвишување на политичари и нивно идолизирање и воскревање како да се богови. Прво Тито, па Киро, па Бранко, па Љубчо, па Грујо, се е тоа последица од стариот систем од СФРЈ кои луѓето ги прави послушни поданици без свој став, кои до ден денешен не ништи како народ.
-кодошење, шпионирање, поткажување. Иако оваа карактеристика е позната кај македонскиот народ од поодамна, сепак за време на социјализмот го доживува својот пик. Поткажување, шпионирање, ако го слушнеш комшијата да каже нешто лошо за Тито или Југославија одма да го кажеш ќе добиеш награда.
-партиска книшка за лична корист. Се' уште голем проблем, куп без'рбетници кои за своја лична корист земаат партиска книшка како би дошле до некое работно место, неспособни да се снајдат сами. ДПСДСНЕ одлично го експлоатираат ова за свои партиски цели и агенди, но сите знаеме како од каде започна ова, од КПЈ.
-паразитизам, мрзеливост, неработливост, нишај врата земај плата. „Земи книшка и вработи се во државно синко, оти во приватно нема ќар“ ќе рече некој стар „мудар“ човек кој живеел во Југославија. Од каде има државата пари за такви вработувања, кој ќе ги плати, дали се тоа пари од долгови, тоа не е важно. Ти гледај за себе, општото добро не е важно.
-подмитување, давање поклони за завршување основни работи, но и важни работи како на пример завршување факултет или најважното одење на доктор. Особено професорите и докторите земаа мито за да положиш некој испит или да за закажеш преглед. Уште еден проблем остаток од Југославија.
Југославија била земја надуван балон чијашто економија функционирала од кредити и долгови, кога тој балон пукнал, се распрскал на сите страни и оставил катастрофални трајни последици кои до ден денес не можеме да ги надминеме, а луѓето се однесувале како во кафана, пиеле, јаделе без усул и без да мислат кој ќе ја плати сметката. Полека се освестуваме и гледаме каков трул систем бил тој во СФРЈ и каков пустош оставил позади себе, посебно ние помладите родени 96, 97 година, но за жал е прекасно за да се смени нешто. Истите навики останати 30 години по осамостојувањето, истите луѓе што трчале по КПЈ во тоа време, сега трчаат по СДС или ДПНЕ и без разлика што доаѓа до мало освестување сепак прекасно за да се поправат последици од изминатите 30 години плус последиците од СФРЈ. Освен долгови, поданички менталитет и себичност ништо друго не ни е останато на нас младите од тој систем и од таа држава.