Понапред сме, мајката? Така се нарекува скратувањето на моето лично право да запалам цигара после јадење во ресторан или да морам кафето да го пијам пред кафич па и да си залепам знак на себе „Не се приближувај, опасно по живот! ПУШАЧ!“ Ако непушачите не сакаат да вдишуваат чад во ред, тоа е најмногу што може да се направи за нив, исто како што е најмалку за нас, пушачите, да се определи место за пушење.
Жан Жак Русо и Волтер или Џеферсон и Медисон се бореа за човекови права и креваа револуции за слобода, за што, за денес да се прекршува базичното право на конзумирање?
Ако е дрогата толку штетна и цигарите се веднаш до неа, се воведе прохибиција, кога да очекувам да ми се забрани да јадам свинско месо затоа што не е здраво по мене бидејќи Министерот за здравство така одлучил, затоа што јас како поединец немам право да одредам што сакам да правам со својот живот или кои навики ќе го сочинуваат.
Барем Бугарите кои што седат во тие нивни претставнички тела го слушаат гласот на својот народ, колку и да изгледа назаден, нашиот е толку тивок што личи на шепот, па никој не се интересира дали воопшто има нешто да каже.