- Член од
- 10 септември 2009
- Мислења
- 142
- Поени од реакции
- 14
Нее, какво изневерување! Како би ми било мене да ме изневери дечкото?! Нејќам да правам нешто што нејќам да ми го прават :smir:
Незнам што да ви кажам. А сте се замислиле ли како ке ви биде на вас тој/таа да ве изневери ама реално? Некој што толку многу ви значи и го цените, го сакате и нормално не сакате да се осеќа повреден. И да го заебете на ваков начин, да го удрите на најболното место. Нормално е дека кога двајца се вљубени сакаат целосно да си припаѓаат еден на друг, па како би сте се осетиле да знаете дека тој/таа не ви припаѓа? По ова судам дека не сте се замислиле доволно добро за тоа како би сте се осетиле пред се вие . Ке ви кажам дека попрво би посакале да ве убие пред да ве изневери. Па замислете дали би сакале таква болка да нанесете на тој што ве сака. Не се летајте на се што е убаво и привлечно зошто на убави луѓе им нема крај, секогаш има поубав и поубав, така може премногу далеку да залутате. Кажете ми, дали е тоа вашата себичност која би ве натерала да го одземете сето тоа што партнерот го градел со месеци и години и да го потрошите за една вечер себично задоволство? или пак од друга страна, поради еден ден ваше задоволство да му нанесете болка со што трае со месеци или години?Пример, имате дечко/девојка па дури и маж/жена се сакате и супер ви е.
Ама, луѓе како луѓе сите ние понекогаш доаѓаме во секакви искушенија.
Е тоа ме интересира... кое е тоа искушение на кое најтешко можете да му одолеете и доаѓате во ситуација да изневерите?:wink: