|Volkswagen|
Тастатурата е посилна од мечот!
- Член од
- 21 јули 2009
- Мислења
- 2.736
- Поени од реакции
- 906
Понеделник рано наутро. Колку за целите на овој пост, ќе речеме дека е едно убаво септемвриско утро. Вие, ...распостелени по креветот со полуотворена уста, потечени очи и засирени лигавици. Бајат воздух, оти не отворивте прозор да не ви студи, додека спиете. Ве пробудува рингтонот на мобилниот телефон. Време? 7am. Првата мисла што како куршум ви проструи низ глава е „у пичку матер треба да станам“, потоа „гледај да не заспиеш да не се успиеш“ и мрзливо се тркалате до WC. Миете лице, притисокот в петици.
Зоврива ѓезвето, а вие мрзливо бдеете во кафеавата вода со црни дамки и го анализирате сонот од синоќа. Барате некое мистично значење на паднатите заби во сонот (скраја да е), стаорци (пу-пу) и се прашувате кој шит ќе ви се деси денес.
Седнувате, на ТВ утрински програми и дописници кои 20 години го читаат истиот текст од ливчето на црвениот телефон со жица. „Денеска во Македонија владее сончево и топло време. Сообраќајот се одвива нормално на сите магистрални и регионални пратни правци. Нема поголеми задржувања на граничните премини. Ги советуваме возачите да ги почитуваат правилата и прописите и да внимаваат на одрони на патиштата“. Другото ливче е за дожд, трето за магла, четврто за снег.
Киселата насмевка на водителите на утринската програма ви го ремети доручекот со кафето и се прашувате „од колку саатот се станати овие и како не им е мака да се кезат ко зелени?“.
Туш,... барате нешто што не е истуткано и правец на работа.
На работа the usual stuff...работа. Успат кафе пауза, хахара-кикири..па пак работа и така до попладне. Вечерта дома. ТВ ништо. Фановите на Бандини, 1001 Ноќ ги спремија грицките цигарите и третото кафе да коментираат што се дешава. Ако има политичка емисија,... кој фетиш е тоа! Гвујо, Бане, Хорхе и една тајфа политички новинари. Зркнати пред ТВ слушаат бљувотини од ...бљувотини
Останатите или на ФБ, форум, можда со дечкото/девојката да прошетаат низ населба и да си ги кажат фрустрациите и дец ит.
12 саатот в кревет...можда 1.
И така 24х345. Забележете. 345! 20 дена одмор што подразбира печење ко ракови на плажа во Охрид, пардон Грција и/или потење ко свиња на планина успат те фаќа грб од ладниот водух (оти ни е смачено да се капиме во езерска/морска вода или скришно се срамиме од салото), да не зборуваме за нешто полошо, пример...дијареа...
...И муабетот ми беше...
Преку курац!
Не знам за вас, но ова ептен ебава в мозок! Буквално се чувствувам како некоја пружинка во некоја голема машина. Таа позиција фала Богу (што сум паметен и скромен) ја добив што си го пореметив газот од учење и лечење комплекси на професори и однедадеш добив тапкање по рамо „Браво...готово...си се среди ти“. ЏИСЗ! Is that IT? Завршив факултет и сеа со гордост можам да кажам дека сум дел од Машината?!
Чаре?
Неам...
Ум...уште помалку.
Помош...очајно многу! Не ментална ами советодавна.