Христијанската етика не учи да помагаме на послабиот, на оној што нема, на гладниот, на сиромашниот, а не на појакиот, на оној што има во изобилие, на дебелите, на богатите итн.
Како би било јас да отворам тема: "Донирајте средства за Бил Гејтс"?
МПЦ има околу 2000 храмови во Македонија.
Сите 2000 храмови и се подарок од државата.
МПЦ поседува огромни имоти, хотели, службени возила, џипови, еден куп злато и неброени евра во трезорите на архиепископијата.
Од сите 22 регистрирани верски заедници во РМ, МПЦ и Исламската заедница се единствените кои добиваат приходи од буџетот на државата и бесплатно земјиште.
Католичката црква, Еврејската заедница и Методистичката црква можат само под притисок добиваат една стотинка од она што го добива МПЦ.
Другите 18 верски заедници ни со пари, ни под притисок не можат да добијат верски објект во земјава, иако верскиот закон за нив е еднаков како и за МПЦ.
Владата непрестајно ја крши секуларноста на државата со тоа што се меша во верските заедници и пристрасно ја промовира МПЦ, заборавајќи дека нејзините свештеници не се политичари и бизнисмени, туку црковни водачи.
Епа тоа е вистината драги мои. А сега вие слободно донирајте му на "Бил Гејтс" колку ви душа сака