Да му помогнеме на Емил Новевски

Статус
Затворена за нови мислења.

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Почитувани!
Малиот Емил боледува од Акутна Миелоична Леукемија.
Неочекувано се јави рецидив на болеста .

Потребна е итна трасплантација за која требаат големи средства.
Семејството на Емил замолува за помош од сите хумани луѓе.

Уплатите на средства може да се извршат на жиро сметка:

200 002 018 470 082
Стопанска Банка Кавадарци



Помошта е добредојдена ако е навремена.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Нема број за донации?
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Носете го на Манастирот Острог во Црна Гора (тоа е на патот од Подгорица накај Никшиќ)

Господ да му подари Спасение и здравје! Амин!
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
УШТЕ ЕДНО ДЕТЕ СО ЛЕУКЕМИЈА БАРА ПОМОШ ЗА ДА ОСТАНЕ ЖИВО
Сакам пак да играм фудбал
Само неколку часа пред на единаесетгодишниот Емил Новески од Кавадарци да му се влоши состојбата и пред да биде приклучен на апарат за дишење, тој и неговите родители побараа преку "Вест" да ги замолат сите добри луѓе да му помогнат на ова момче да преживее.

- Јас сум силен и ќе ја победам болеста - ни рече во телефонскиот разговор малиот Емил.

Потресната приказна на единаесетгодишното момче започнала во мај оваа година, кога поради висока температура било испратено на клиника, каде што се открило дека боледува од леукемија. Веста за болеста родителите ја примиле во шок, но по четирите макотрпни хемотерапии во октомври лекарите ги израдувале дека болеста целосно се повлекла. Радоста кратко траела. На редовната контрола во средината на ноември, со ужас било констатирано дека леукемијата повторно се вратила, и тоа во многу посилна форма. Сега единствена опција за спас на животот на Емил е трансплантацијата на коскена срцевина во најбрз можен рок на некоја од клиниките во Европа. Првичната сума за лекување би изнесувала над 100.000 евра, родителите се во паника.

- Мајка ми не престанува да плаче - ни кажа Емил во телефонскиот разговор - вознемирена е затоа што немаме доволно пари за моето лекување. Добрите луѓе многу и помогнаа на малата Мартина Димитрова којашто исто така е болна од леукемија и заедно со мене лежи во болницата во Скопје, па се понадевав дека ќе има луѓе кои ќе сакаат и мене да ме спасат. Знам дека од оваа болест се умира, затоа помогнете ми да живеам, вечно ќе сум благодарен - беа потресните зборови што малиот Емил нe замоли да ги пренесеме. Тој уште вели дека многу сака да се врати во училиштето и пак да игра фудбал со другарчињата, но и да им се врати на неговите братчиња близначиња кои нетрпеливо го чекаат дома.

Откако детето е приклучено на апарати, неговата мајка Јованка Новеска повеќе не беше во состојба да разговара и само ни кажа дека сега животот на Емил е во рацете на Бог и милоста на хуманите луѓе.

Сите оние кои што сакаат да му помогнат на Емил можат да донираат парични средства на жиро сметката на Стопанска Банка
200-002-018-470-082, за Емил Новески
.

----------
Извор: Вест
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
броеви за донација 070 143 115 и 077 143 500, помагајте!

штотуку ги дознав броевите. ќе слушнете љубезен глас кој ќе ви заблагодари за донацијата, потоа ќе добиете порака дека сте донирале 100 денари за Емил и на крај, Емил ќе ви биде доживотно благодарен, што ќе може да добие шанса да ужива во животот!
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
donirano :) go znam momcevo, si igrase vo skolskiot dvor pred nekoe vreme so brat mu :)
sega samo brat mu e tamu :) greota :(
 
K

kaiser soze

Гостин
Донирано од мене.
Се надевам дека ќе ни оздрави што побрзо малиот Емил.
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
GOLEM HUMANITAREN KONCERT ZA POMOS NA EMIL NOVESKI

Дата:понеделник, 14 декември 2009
Време:20:00 - 23:00
Локација:KAVADARCI, sportska sala JASMIN

Опис

DA MU DADEME SANSA NA EMIL POVTORNO DA ZAIGRA FUDBAL.

Pomognete i vie so vaseto prisustvo da se spasi eden nevin detski zivot.

Повеќе за ова има на facebook

За Емил и за Мартина Димитрова, пишува Вест од 7.-8. декември 2009 година >> тука
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
broj za donaci: T-MOBIL 070 143-115, VIP 077 143-500, ONE 075 143-350. edno vrtenje kosta 100den, zavas e mnogu malku a za EMIL toa mnogu znace vi blagodarime.
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33


Денес не мора да уплаќате ливче во обложувалница, да се возете со такси, да пиете кафе, истите пари можете да ги донирате на оној кому живот му значат...По тој повод вечерва во спортската сала Јасмин во Кавадарци ќе се одржи голем хуманитарен концерт на кој ќе настапи цела македонска естрада...


На концертот ќе настапат: Ѓоко Танески, Бени, Дани, Влатко Лозаноски, Кристина Арнаудова, Александра Пилева, Наташа Малинкова, Next Time, Елвир Мекиќ, Влатко Илиевски, Роберт Билбилов, Тамара, Паркети, Гоце Арнаудов, Александар Тарабунов, Мишко Крстевски, Игор Узунов, Софија Манева, Јован Радњански, Журнал, Дарко Илиевски, Димитар Андоновски, Цветанка Глигорова, Зоран Џорлев, Наде Талеска, Маја Вукиќевиќ, Ленче и Горан Кукиќ, Зоки Дамјанов, Марјан Коцев и Ани Малинкова.
Манифестацијата ќе ја води Лила Филиповска.


Ги молиме сите хумани луѓе да му помогнат на Емил.

Помошта е Бесценета само ако е добиена навреме. А времето е кратко !!!



Освен броевите на мобилните оператори, може да се донира и на девизна сметка...


Девизна
Емил Новески
SWIFT: STOB MK 2X
IBAN: MK 072 000 020 184 742 53
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Хуманитарен спортски хепенинг во Кавадарци

Најголемите кошаркарски и спортски ѕвезди на Македонија на 25 декември ќе се соберат во салата Јасмин во хуманитарни цели.

Иницијативата за овој хепенинг потекнува од прославениот кошаркарски ас Врбица Стефанов, а поддржана е од Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци. Хепенингот ќе се одржи во спортската сала Јасмин во Кавадарци, на 25 декември со почеток во 17:30 часот. Главниот настан е кошаркарскиот натпревар на кој покрај најдобрите македонски кошаркари ќе настапат и поранешни ѕвезди на овој спорт, како и голем број актуелни репрезентативци.
Кавадарчани ќе имаат можност по подолго време во живо да ги гледаат мајсториите на своите Врбица Стефанов, Тодор Гечевски, Ристе Стефанов, Горан Самарџиев, Никола Златев, Методи Каровски, Ѓорѓи Наумчев, како и Ѓорѓе Војновиќ, Игор Михајловски, Слободан Петровски, Кочо Дилберовски, Бранко Ацков, Благој Печалов и многу други прославени имиња. Спектаклот ќе биде засилен и со присуството на други актуелни репрезентативци како Перо Антиќ, Перо Блажевски, Ѓорѓи Чековски, Јане Петровски, Дарко Соколов, Димитар Мираковски, Дамјан Стојановски, Бојан Трајковски, Тони Симиќ, Александар Димитровски, Александар Костоски, Синиша Аврамовски и други...Селекциите ќе бидат предводени од актуелниот селектор на Македонија, Марин Докузовски и прославениот кошаркарски тренер и учител на кавадаречките кошаркари, Димитар Пецов. Почетокот на кошаркарскиот натпревар е закажан за 19:00 часот.

Програмата започнува во 17:00 часот, кога свој футсал настап ќе имаат екипите на спортските великани на Македонија (Благоја Георгиевски Буштур, Владимир Богоевски, Кочо Димитровски, Драган Мутибариќ, Шабан Сејдиу, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Пепи Манасков, Васил Кафеџиски, Артим Шаќири, Врбица Стефанов и други) против локалната селекција на спортисти на Кавадарци (Јордан Милков, Диме Ризов Бендер, Ангел Кимов, Благоја Бошковски, Миле Масларков, Трајко Камчев Вкот, Ристо Камчев, Темо Златев, Борче Митрев, Дивна Пешиќ, Перо Милков Суска, Блажо Василев и други).

Целиот приход од влезниците, сите донации на помагатели и покровители, како и сите доброволни прилози на хуманите граѓани на Македонија ќе бидат наменети за итна операција на 11-годишниот Емил Новески од Кавадарци, кој болува од рецидив на акутна миелоична леукемија.

Извор: http://sitel.com.mk/dnevnik/sport/humanitaren-sportski-hepening-vo-kavadarci

Броевите за донирање ги имате погоре...Смилувајте се и бидете хумани !!!

Повелете во Кавадарци ако имате можност, ќе бидете добредојдени !!!
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Дознав дека ќе има хуманитарен концерт и во Велес.Знае некоја кога?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom