Изборот е за патики кои ќе го отсликаат Амстердам. Истиот избор паралелно се одвива во Њу Јорк, Париз, Њу Делхи, Токио, Мадрид... И тотално ги разбирам зошто ги рестартираа гласовите. Тоа е исто како Кајгана да организира избор на патики со скопски дизајн, а на него да гласаат 80% Шпанци. И Blend не знае што да прави во моментов. Дури и пратија мејл на Мартина за да и ја објаснат ситуацијата. Копија од мејлот беше испратена и до мене.
Си разменивме по 4-5 мејлови и се разбравме на најкултурен начин. Нормално дека нема да ја дисквалификуваат Мартина, ама не замолија да не го промовираме повеќе изборов зошто почнува да губи од смисла. Разбираат дека сакаме да ја поддржиме нашата сонародничка (Македонка
), ама сепак, патиките се за Амстердам. Уредничката ме увери дека Мартина не е на никаков начин обесправена и секако ќе победи доколку нејзиниот дизајн освои највеќе гласови.
Боби, уште пред да го прочитам твојот пост и објаснив за дизајнот и симболиката.
И Бијанке (така се вика уредничката) се согласува дека патиките на Мартина се прекрасни : )
И така и вака ќе победи Мартина. Нема потреба да гласате по повеќе пати и да го правите изборот уште повеќе сомнителен.