Данок на добивка од он-лајн покер?

Член од
25 ноември 2008
Мислења
1.026
Поени од реакции
682
Дали треба да се плати данок на интернет заработка на пример игри на среќа односна покер.Дали има некој закон кој го регулира тоа, колку % треба да се плати итн?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.961
Поени од реакции
4.860
Дали треба да се плати данок на интернет заработка на пример игри на среќа односна покер.Дали има некој закон кој го регулира тоа, колку % треба да се плати итн?
Нито немој да плаќаш нема закон ако платиш по таков однос тоест добивка на наградна игра која се игра на интернет отидоа сите пари шо си ги спечалил
во законот вика македонски државјанин, кој што учествува на наградни игри и игри на среќа кој се организирани на интернет сајтови надвор од државава ,смее тоест најголемата уплата и исплата смее да биде 2 еу,
башка од кај те знаат од кај тисе парите? и колку имаш добиено? па данок да им плаќаш:pos2:
 
Член од
25 ноември 2008
Мислења
1.026
Поени од реакции
682
Абе и јас неможам да најдам некој таков закон ама за тоа од кај знаат од кај ти се парите на трансакционата сметка пишува од кој покер сајт ти се
 
Член од
26 февруари 2009
Мислења
47
Поени од реакции
1
Приходот, кој ти си го остварил, подлежи на оданочување со Персонален данок на доход заедно со следните видови приходи остварени во земјата и во странство:
1) лични примања;
2) приходи од самостојна дејност;
3) приходи од имот и имотни права;
4) приходи од авторски права и права од индустриска сопственост;
5) приходи од капитал;
6) капитални добивки;
7) добивки од игри на среќа и други наградни игри;и
8) други приходи.

Даночен период за кој се утврдува данокот на доход е календарската година.

Обврската за плаќање на данокот настанува со легнувањето на парите на твојата трансакциона сметка и ти веднаш треба да го платиш данокот на УЈП.
Износот на платените аконтации се одбива од пресметаниот годишен данок на доход, а олеснувањата се признаваат во износ во кој се одобрени при аконтативното пресметување.

Обврзник на данокот на доход е секое физичко лице резидент на Република Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство.
Резидент во смисла на овој закон е физичко лице кое на територијата на Републиката има постојано живеалиште и престојувалиште.
Основа на данокот на доход претставува доходот за оданочување, намален за:
- личното ослободување во износ од 84.000 денари, при годишно пресметување на данокот на доход; и
- таксите и другите јавни давачки платени од приходите на обврзникот.
Даночни стапки
Данокот на доход се плаќа по стапка од 10% на бруто износот (приход+данок) и 11,1111% на нето износот( чистиот приход, кој ти легнува на трансакциона).

Заради одбегнување на двојно оданочување на обврзникот му се намалува пресметаниот данок на доход за износот на платениот данок на доход во друга држава, најмногу до износот што би се добил со примена на даночните стапки од 10%.

Мислам, дека разбра што треба да направиш:
Кога ќе ти стигнат парите, веднаш уплакаш 11,1111% на уплатна сметка на УЈП, која можеш да ја провериш тук: http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/uplatni_smetki, со назнака ПДД од игри на среќа. Ако остваруваш други лични примања-плата, надоместоци и сл. даночното ослободување, веќе ти е вкалкулирано во давачките по платата. Ако не- можеш да го минусираш од исплатата и на остатокот да пресметаш ПДД. Ако приходот е остварен во 2010 г., до 15.03.2011 г. си должен приходот да го декларираш со даночна пријава ПДД-ГДП до УЈП.

Ова е законскиот ред, а ти ако сакаш и не го плаќај, али може ќе се најде некој добронамерен граѓанин, да те пријави кај инспекторите, па да видиш како летат казни по 5000 евра...не дај боже.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
38.382
Овој данок на добивка важи за игри за среќа во државата.
Интернет игрите незнам ни дали се дозволени кај нас имаше некоја таква тема.
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
255
По правило мислам дека треба да се плаќа зошто остваруваш екстра профит, но во Македонија има дупка во законот тука така да, никој не може да ти земи данок.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
3.376
Поени од реакции
731
Македонскиве банки не дозволуваат коцкарски трансакции, затоа преку манибукер или пејпал ќе си ги регулираш ставките и не подложиш на никаков данок на добивка. Има повеќе кладилници кои работат со онлајн комар во странство и добивката ти ја исплаќаат во целост, што значи и тие не го плаќаат данокот а се правни лица преку чии банкарски сметки поминуваат парите.
 
Член од
25 ноември 2008
Мислења
1.026
Поени од реакции
682
Некои банки ти ги исплаќаат парите директно на картичка односно на трансациска сметка.Е сеа дали банката ги пријавува парите за да се даночат
 
sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
275
Македонскиве банки не дозволуваат коцкарски трансакции, затоа преку манибукер или пејпал ќе си ги регулираш ставките и не подложиш на никаков данок на добивка. Има повеќе кладилници кои работат со онлајн комар во странство и добивката ти ја исплаќаат во целост, што значи и тие не го плаќаат данокот а се правни лица преку чии банкарски сметки поминуваат парите.
Сигурен си за ова првото? НЛБ немам проблеми кај нив имам плакано/примано пари од онлајн кладилници,покери и казина ништо ми немаат блокирано досега а за тоа данокот мислам дека нема плаќање се додека тој износ не изнесува над 10-000 евра
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.309
10000 денари, а не евра.
До 10000 денари е ослободување од ПДД, над тоа се плаќа 10%.
 
sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
275
10-000 денари пишува у локална кладилница. јас лично имам примано повеќе од 10-000ден а притоа ми немаат земано ддв мислам дека над 10-000 евра банката според процедура пријавува во ујп за проверка на тие пари от кај дошле,како се заработени итн.. бидејки у македонија нема закон за интернет игри неможат да те оданочат по тој основ
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
315
Поени од реакции
905
abe kakov danok sto sakaat do koga nardov ce go cicaat so danoci narodov nema leb tie danoci

pa danok za poker na internet?? ajdee
neznajm na fejsbuk kolku cipovi imam ama posto tie se kupuat isto so pari toa ti e isto ko pari ama poinakvi "cipovski" pari..

e sega da mi fali samo eden cip na pokerot od fejsbuk radi nekoi danoci bii mu posol u kancelarija na gruevski bi mu kazal uboo toj so se zanesuva so danoci
 
Тотално на друго место ти иде умот али нема везе..
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
119
Поени од реакции
7
abe kakov danok sto sakaat do koga nardov ce go cicaat so danoci narodov nema leb tie danoci

pa danok za poker na internet?? ajdee
neznajm na fejsbuk kolku cipovi imam ama posto tie se kupuat isto so pari toa ti e isto ko pari ama poinakvi "cipovski" pari..

e sega da mi fali samo eden cip na pokerot od fejsbuk radi nekoi danoci bii mu posol u kancelarija na gruevski bi mu kazal uboo toj so se zanesuva so danoci
Ти си талент :vozbud::vozbud::vozbud:
 
На врв Bottom