Дали ќе учествувате во оваа хуманитарна акција со дарување на крв?

Дали ќе учествувате во оваа хуманитарна акција со дарување на крв?


  • Вкупно гласачи
    81

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Утре одам до заводот да дарувам крв.. јбг и ќе помогнам некому, нема да одам на школо два дена, а и ќе си прочистам организмот :icon_lol:
Кој завод, што како? И за кој ден сакаш ти даваат оправдание или?
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.782
Поени од реакции
11.745
Кој завод, што како? И за кој ден сакаш ти даваат оправдание или?
Заводот за трансфузиологија.
Мислам дека треба да си у карантин два дена, па ти даваат оправдание за 2 дена. Затоа одам утре, накај 9ч, да си го продолжам викендот :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.338
Поени од реакции
15.612
Само не сум сигурен дека даваа оправдание за 2 дена или еден. Имам таму дарувано крв, ама ич не ми текнува, али се мислам дека еден ден само ќе да беше.
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Само не сум сигурен дека даваа оправдание за 2 дена или еден. Имам таму дарувано крв, ама ич не ми текнува, али се мислам дека еден ден само ќе да беше.
Два се.:smir:
А кога доаѓаат у школо и кога даваш крв ,денот кога си давал не се брои и плус 2,значи 3 дена ти се фаќат :))
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Крводарителски акции!

Забележав во овој дел од форумот дека нема ниту една тема каде би можеле да ги сместиме ваквите акции.
Налетав на тема од Acid, но таа се однесува на конкретка крводарителска акција.
Од друга страна, видов дека во Здравје се договарате да дадете крв.
Темава ја отварам со цел сите да се информираме за крводарителските акции навреме, како би можеле да присуствуваме и да спасиме нечиј живот.
Доколку некој Админ сака, може да ја стави темава како важна. Ако не, да сме здрави и живи.:smir:

-------------------------------------------------------------------------------

Крводарителска акција - Прилеп

За сите кои се од Прилеп или во поблиските места, Крводарителска акција во Петок - 28 јануари 2011 од 09:00 до 15:00 во просториите на Црвен Крст, бидете хумани , спасете живот !!!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.338
Поени од реакции
15.612
Утре, 05.10.2011 во фоајето на Домот на АРМ - повеќе информации во дел од следново интервју

Како претходница на вечерта ќе биде крводарителската акција во чест на Тоше. Какво е искуството од минатите години и каков одѕив очекувате утре?

- Одбележувањето на денот ќе ни започне со крводарителската акција која ќе се одржи во просториите на фоајето на Домот на АРМ во периодот од 10-18 часот. Ова ни е веќе трета акција во наша и организација на Црвениот крст на Град Скопје, правата се случи пред една година и беа собрани 224 едниници крв, втората акција се случи на 25-ти јануари на роденденот на Тоше и беа собрани 125 единици крв. Годинава очекуваме и се надеваме дека ова ќе биде најуспешна акција и дека ќе успееме да ја надминеме бројката на собрани крвни единици од предходните акции.
 
Член од
27 август 2011
Мислења
46
Поени од реакции
13
некни у школо имаше крводарителска акција,прв пат дарував крв и супер е. и не дека ми беше за деновите , едноставно како шо викаат ќе помогнеш да се спаси некој човечки живот, а и татко ми е долгогодишен крводарител веројатно и јас како него.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
За еден месец правам 17 и некна имаше крводарителска акција у школо, и класнава рече дека требало да имаме 17 години и 8 месеци..да тибам бизнисот да тибам..
 
Член од
27 август 2011
Мислења
46
Поени од реакции
13
За еден месец правам 17 и некна имаше крводарителска акција у школо, и класнава рече дека требало да имаме 17 години и 8 месеци..да тибам бизнисот да тибам..
И кај нас беше така, сите под 17 години не можеше да даруваат , а тие со 17 години (немаше врска 17 години и 8 месеци) добиваа некои потврди на кој треба да се потпише родителот дека се согласува неговото дете да дарува крв,без потврда од родител не можеше да се дарува.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.338
Поени од реакции
15.612
Утре, 05.10.2011 во фоајето на Домот на АРМ - повеќе информации во дел од следново интервју

Како претходница на вечерта ќе биде крводарителската акција во чест на Тоше. Какво е искуството од минатите години и каков одѕив очекувате утре?

- Одбележувањето на денот ќе ни започне со крводарителската акција која ќе се одржи во просториите на фоајето на Домот на АРМ во периодот од 10-18 часот. Ова ни е веќе трета акција во наша и организација на Црвениот крст на Град Скопје, правата се случи пред една година и беа собрани 224 едниници крв, втората акција се случи на 25-ти јануари на роденденот на Тоше и беа собрани 125 единици крв. Годинава очекуваме и се надеваме дека ова ќе биде најуспешна акција и дека ќе успееме да ја надминеме бројката на собрани крвни единици од предходните акции.
Иначе, точно 348 крводарители имаше на оваа акција што е за поздравување...
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Незнаев кај да прашам, па овде, може да се донира крв ако имаш настинка?
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
Хуманитарна Акција- Крводарителство

Вториот дел од хуманитарната акција- "Октомври- месец на хуманост" ќе содржи дарување на крв, а истото ќе се реализира во Домот на Арм, во Понеделник во 18.00 часот.
Поканети се сите хумани луѓе да присуствуваат, да дадеме крв и да спасиме живот, да допридонесеме за оние на кои најмногу сме им потребни..
Повикајте ги вашите пријатели, колеги, родители да бидат дел од оваа хуманитарна акција и сите заедно да го изработиме ова успешно.
Напомена дека на денот на дарување крв(Понеделник) да не се конзумира алкохол, а исто така пожелно е и ден пред тоа, односно во Недела исто така да го избегнете алкохолот.
Третиот дел од акцијата ќе биде донација на 300 маички за Македонците во Албанија, кои ќе се поделат на Македонските деца низ училиштата. Повик до сите кои сакаат да помогнат за да се набават тие 300 маички да не контактираат на нашиот меил komitizapad@komiti.org

.

Евент на фејсбук
Комитска Крводарителска акција

 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
НАПОМЕНА ДЕКА СИТЕ ШТО ЌЕ ДАДАТ КРВ СПОРЕД ЗАКОН ДОБИВААТ 2ДЕНА СЛОБОДНИ ОД РАБОТА/ ШКОЛО И ИСТИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ БЛАГОДАРНИЦА ОД НАВИВАЧКАТА ГРУПА КОМИТИ
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.594
Поени од реакции
85.292
За еден месец правам 17 и некна имаше крводарителска акција у школо, и класнава рече дека требало да имаме 17 години и 8 месеци..да тибам бизнисот да тибам..
Па излажи бе, на мојата крводарителска книшка имам неточна дата на раѓање, баш ради ваква финта у средно.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.232
Поени од реакции
34.533
Благодарност до Црвениот крст за ветените благодарници што крводарителите од форумов требаа да ја добијат неколку години по ред. И за крводарителските акции и за акциите за собирање на облека и храна. Навистина ни значи. Можеби и ќе ја скенирам и ќе ја прикачам на форумов ако всушност некогаш ја добиеме, како што ни беше повеќе пати самоиницијативно ветено :)

Ама океј, сигурно се презафатени со други работи. Кога ќе организираме крводарителска акција пак?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom