... вакцината БЦГ не е само против турбекулоза, па да се мисли дека е искоренета Mycobacterium tuberculosis и воопшто болеста турбекулоза како болест на сиромашните и лошите животни услови, па овие европски држави се иземени па од задолжителна вакцина ја направиле по препорака, СЗО знае многу убаво дека вакцината БЦГ е нешто повеќе, но?
Vo Germanija od 1998ma ne se preporacuva povekje vakciniranje protiv tuberkuloza i so toa sledat preporaki od SZO. Ama i pred toa se poretko ja primale. Ja vo 80tite ja primiv vo Makedonija po nekoja okolnost inace ne bi e primil vo Germanija uste vo toa vreme.
... регионалната политика за вакцинирање на БЦГ во поранешна Источна и Западна Германија може да влијае на сериозноста на САРС-КоВ-2 и инциденцата на детска леукемија, анализата на неколку епидемиолошки студии покажа дека заштитата се забележува само кога децата кои се вакцинираат со BCG многу рано во животот (до 3 месеци), а имаше дури и меѓународен симпозиум одржан во 1982 година под наслов „Вакцинација со вакцина БЦГ против рак и леукемија“ (Чикаго), пријавено дека смртноста поврзана со леукемија кај децата е значително намалена во ретроспективна студија на вакцинирани 54 414 BCG наспроти 172 986 невакцинирани доенчиња во Чикаго,
... неодамнешната темелна студија од Милер , кој пријавил корисно влијание на раната вакцинација против Бацилус Калмет-Герин (БЦГ) или бесеже, го поврзал морбидитетот и морталитетот заради САРС-КоВ-2 со задолжителна вакцинација на БЦГ и земјите кои немаат задолжителна имунизација со БЦГ (како Италија, Германија, Холандија или САД) се посилно погодени во споредба со земјите со редовна задолжителна вакцинација со БЦГ,
....постарата популација се посебно чувствителни на КОВИД-19, програмите за вакцинирање на новороденчиња спроведени во 40-тите и 1950-тите се најкорисни, така да има линеарната корелација помеѓу годината на воспоставување на задолжителна вакцинација со BCG вакцина и стапката на смртност, така да колку порано била воспоставена задолжителната вакцинаија со БЦГ, толку е поголем заштитениот сегмент од постарата популација.
... покрај вакцинацијата против БЦГ, не можеме да исклучиме други фактори кои влијаат на морбидитетот и морталитетот,
... демографските карактеристики покажуваат дека релативно повеќе стари лица живеат во Источна Германија отколку во Западна Германија, распределбата според возраста покажува дека процентот на луѓе над 64-годишна возраст е генерално поголем во источните федерални држави кои претходно припаѓале на Германска демократска република (ГДР), возрасно, популацијата со поголем ризик да подлегне поради КОВИД-19 е уште поизразена во Источна, во споредба со Западна Германија.
... во последниве години, се појави нов имунолошки концепт „обучен имунитет “ со што се објаснува вакцинацијата со BCG вакцина во обликувањето на вродениот одговор на имунолошката меморија, вродените имунолошки клетки, како што се макрофагите, моноцитите или НК-клетките кои можат да го променат својот епигеном по изложеност на инфекција, вакцинација или други стресори, што го модифицира нивниот профил на изразување и клеточната физиологија особено хематопоетските матични клетки и генерира обучени моноцити и макрофаги,
но пак ќе кажеме до денес дали вакцинацијата против БЦГ во различни возрасни групи, на пример, новороденчиња, адолесценти, млади и стари лица, го има подеднакво истиот поволен ефект или дали воопшто е потребна ревакцинација,
...и сега со пандемија на САРС-КоВ-2, наместо контролирани клинички испитувања можат да докажат придобивка од оваа стара вакцина што ја создадоа двајцата француски имунолози пред скоро 100 години ние се занимаваме со статистика колку се разболени и колку се починати, или барем кај оние млади починати пациенти да им се прегледа вакциналниот статус од детството т.е. дали воопшто ја примиле вакцината БЦГ,