Дали треба веронаука во училиштата?

hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Дали би било подобро ако има веронаука во основните и средните училишта или не и зошто? Дали тоа би помогнало на некој начин на учениците и дали би им дало подобра идеа на светот ако тоа чудо го учат?
 
Последно уредено:
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Едни ќе речат дека треба, други ќе речат дека не треба.
Вистината е дека тие работи се учат дома, но за жал некој дома наместо родители има абдали, па и од таму потекнува таа религиозна заблуденост. Тука училиштето не би можело нешто многу да смени.
 

Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
592
Поени од реакции
392
Има веронаука односно се вика Етика во Религиите. Се учи само во 6то одделение и се учи основните работи на сите религии како се викат кој се како се кога се створени и такви глупости. :)
 

hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Има веронаука односно се вика Етика во Религиите. Се учи само во 6то одделение и се учи основните работи на сите религии како се викат кој се како се кога се створени и такви глупости. :)
Да знам за тоа дека ја го имав предметот. Ама замисли да имаше предмет во основно по креатионизам.
 

hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Ват да фак ис дат ? Креатионизам ? ? ? ? ?
Креатионизам е кога на пример гледаш череп од Т-рекс и викаш ама убавина Господ направил. Креатионизам е Христијанство+наука.
 

Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
592
Поени од реакции
392
Креатионизам е кога на пример гледаш череп од Т-рекс и викаш ама убавина Господ направил. Креатионизам е Христијанство+наука.
Тејнкс за то шо ми кажа шо е. Ама која будала верва во таква работа. Сваќам до некаде да речиме да лечи болни вака така ама тој да го создал светот и ова се оклоу нас :tapp:.
 

Justin Sidher

Bad Boy
Член од
15 јуни 2016
Мислења
83
Поени од реакции
26
Во недостаток на црврст доказ кој и како го создал светот на планетата земја ке мора да веруваме во Бога. Нема друго.
Веронауката е доблест да се изучува, таа го воздига духот во луѓето. Што порано се учи тоа подобро.
Видовме што излезе од верски осакатените генерации во комунизмот.-Пропаст- наследство кое тие го оставија за младите сега.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691
Немаме проблем со верувањето во Бог, Божица, Богови, Божици и во што уште не бидејќи ете не знаеме како сме настанале вака толку свесни битија на Земјата...
Во кој концепт на бог ќе веруваме? Ќе веруваме дека постои само мојот бог, ќе веруваме дека мојот богот направил тоа и тоа таму некаде во некоја временска рамка на Земјата?
Кое верување кое што се темели на незнаење од каде што и како, ќе покажеме дека е повистинито? КОј бог е повистинит? По дебелината на „светата книга“?
По праксите, ритуалите, учењата што ги дал тој бог на луѓето како Прометеј што го дал огнот на луѓето?

Ќе треба да го проучуваме човекот(веќе го проучуваме со векови) и да го споредуваме со секоја религија и философка школа за да утврдиме која има најмногу слично со човекот.
Ако тоа го направиме, ете не седнати со научен метод и си ја работиме работата заборавајќи на верувањата сфаќајќи дека човекот е универзум сам по себе, бог. :)
 

Justin Sidher

Bad Boy
Член од
15 јуни 2016
Мислења
83
Поени од реакции
26
Немаме проблем со верувањето во Бог, Божица, Богови, Божици и во што уште не бидејќи ете не знаеме како сме настанале вака толку свесни битија на Земјата...
Во кој концепт на бог ќе веруваме? Ќе веруваме дека постои само мојот бог, ќе веруваме дека мојот богот направил тоа и тоа таму некаде во некоја временска рамка на Земјата?
Кое верување кое што се темели на незнаење од каде што и како, ќе покажеме дека е повистинито? КОј бог е повистинит? По дебелината на „светата книга“?
По праксите, ритуалите, учењата што ги дал тој бог на луѓето како Прометеј што го дал огнот на луѓето?

Ќе треба да го проучуваме човекот(веќе го проучуваме со векови) и да го споредуваме со секоја религија и философка школа за да утврдиме која има најмногу слично со човекот.
Ако тоа го направиме, ете не седнати со научен метод и си ја работиме работата заборавајќи на верувањата сфаќајќи дека човекот е универзум сам по себе, бог. :)
Токму затоа и една од причините е дека постои религијата.
Ниеден човек да не биде над другите.
Лугето во минатото страдале многу кога некој одлучил да се самопрогласи за бог.
Мислам дека сте на погрешна страна.
Бог не е човек.
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
Може и треба да се изучуваат религиите на школо, ама не во основно на "етика по религии" (даље ЕПР) туку во средно кога веќе црпката може да собере и разбере. Не како фул предмет, него еве изборен/проектен. Не вреди форсирање да се замара никој за тоа, чисто како концепт да се претстави за после инивидуално да си читка индивидуата ако му/и фати око.

Меѓутоа, кога јас би го ставил пак не би одел на концептот од ЕПР кај што е општо, претежно истите работи се учат по социологија што е задолжителен (а богами и непотребен предмет, ама тоа е друга тема), туку сосема спротивно. >Концептите на кои се базирани религиите. Ете пример раѓањето на дете (исус мали), потерата од кралот, заштитата од мудреците е застапено на многу места низ антиката/митологијата; празниците ;постовите (или прочистување на телото, воедно најпрактичниот дел). Друг пример најискрено и не ми текнува сега, одамна ги читав работиве, ама да. Тоа.

Проблем излегува кај делот кога мислењата за традиционалната религија на младите потенцијално ќе се разнишаат (а со тоа и црквата, која се бори да опстои во секој случај), ама што е до мене религиите во моментов освен за патриотизам и за спознавање на тие концепти кои помагаат понатаму низ животот немаат голема улога. Кога за државен/верски празник прв поим е викенд во грчка забегано е веќе.

Едит: Ете, требало господ да се спомне за да ми текне на уште еден интересен концепт. Ќе го цитирам Тајлер од FC, ме мрзи да пишувам.

"Our fathers were our models for God."
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691
Ако јас се гледам како бог и ти се гледаш како бог, и двајцата сме дел од бог - како може јас да сум над тебе?
Ако ти се гледаш за небог бидејќи ти е страв да бидеш бог и дел од бог (или веруваш дека тое многу погрешно видување на работите) - јас сум крив или ти?
Јас се ставам над тебе или ти се ставаш под мене заради твоето верување?

Немаш потреба мене да ме окривуваш за твоето верување и тоа што си православен христијанин.
Сакаш да веруваш така? Верувај но не е во ред другите да ги влечеш со тебе...

Да се биде бог и дел од бог значи да имаш апсолутна одговорност за секое твое дејствување и во однос на себе си и во однос на другите.
Мнозинството повеќе ќе се сврти кон верување и ќе си бидат „грешни“ и „бедни по дух“ само за да ја немаат таа одговорност.

И пак никој од надвор не е крив за тоа. Кривецот е внатре, во тие кругови.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Зошто да не.
Јас имав само една година веронаука ама учевме само за христијанство ништо за ислам,мене тоа воопшто не ми се допаѓаше затоа што колку што сакав да знам за својата религија толку ме интересираше и за другата.Но имавме неколку роми во клас па ги активиравме да ни носат нешто од Коранот и да ни раскажуваат за нивни обичаи па ги дискутиравме кој колку се сложува што би променил кај нив и кај нас,тоа беше најдобриот дел.
Мислам дека голем број немаат никакво основно знаење за религиите не само за својата,воопшто така да веронауката би помогнала ваљда барем во нешто а нивно е подоцна да одлучат дали сакаат да веруваат или не знам да станат атеисти,агностици...
Во основно мислам е подобро да се има веронаука отколку средно..

Исто толку важен е и пристапот на професорот затоа што ова не секој може да го предава,треба да се разгледаат клучни работи
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Токму затоа и една од причините е дека постои религијата.
Ниеден човек да не биде над другите.
Ефесјаните 6:
5. Робови, бидете им послушни на вашите земни господари, со страхопочит, искрено, од се срце, како да Му служите на Христос.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691
Сеуште не е спремен нашиот образовен систем за наука, не пак за веронаука. Ќе направи уште толку каша попара со децата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom