Дали треба веронаука во училиштата?

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Никако веронаука, никако !
Секуларизација на државата и крај на приказната.
Ако сакаш биди христијанин, муслиман, будист whatever, ама за тоа посебен предмет НЕ !
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Според мене родителите се тие што треба да ги учат децата на животните вредности. Потоа, секој си го бара душевниот мир на различна адреса. За тебе бог е Исус, за друг Мухамед, за мене Ленче, итн итн.

Ние сме толку индивидуални и ментално различни што на долги стази ќе ја уништиме потребата од колективна верба во непознатото. Бар јас така мислам.

На нашето образование му се потребни суштински промени од повеќе аспекти, пред се рехабилитација на пристапот што родителите и децата го имаат во однос на изборот на смерот. Во поразвиени земји од децата праат машини за пари. Учи синко за да го работиш тоа што го сакаш.
Кај нас долу сите се правници, економисти, доктори, политичари.. Ни правна држава имаме, ни економија имаме, здравството ни е супер само секој шо имат кеш бегат во Систина, политиката да не прајме муабет.


Он топик.

Веронаука во училиштата? Не, фала. Не гледам ништо научно во религиските верувања. Од тука "веро" никогаш не може да биде "наука". Можеби некакво вероучење, но не наука. А доколку постои, тоа мора да биде изборен предмет. Ништа више.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.645
Поени од реакции
13.101
@Нuкола Веро е „тешка наука, посебно коа бараат за магационер работно искуство од 2 години за плата од 10 000. Затоа прво се калиш во Кам маркет или евентуално Тинекс, Зур, Рептил ако те примат. :D
Него апропо темава... Ко Никола и јас против. Секуларна држава, Вера =/= наука, крајно субјективни идеи и пропаганда, морал и етика веќе одамна се издвоени како посебни „науки“.
 
D

Daedalus

Гостин
Абе, овие новиве членови у задњо време што ги гледам се некој бран од црно бело?
И сите го мрзат Саладин? xD xD
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Никако веронаука, никако !
Секуларизација на државата и крај на приказната.
Ако сакаш биди христијанин, муслиман, будист whatever, ама за тоа посебен предмет НЕ !
Веронаука од типот само христијанство или само ислам не ама предмет од типот историја на религиите не е лоша идеја.

Ако не друго барем малку ќе биде информиран народот за својата религија и кога ќе видат колку сличности имаат нема толку да скокаат.

Јас ти гарантирам 90% од христијаниве немаат појма дека Исус е пророк во Исламот и некои обратни случаеви.
 
M

Moon Child

Гостин
Видовме што излезе од верски осакатените генерации во комунизмот.-Пропаст- наследство кое тие го оставија за младите сега.
Читајќи ги мислењава дојдов до заклучок дека ова е втор профил на Сунгерот Боб.
Јас мислам оти ти ќе завршиш со почесно место во Форумските легенди.
Генерациите во комунизмот изградија држава во која ти денес живееш.
Градеа патишта по кои ти денес возиш.
Добија пензии во тој систем од кои пола семејства и сега се издржуваат.
Купуваа станови во тој систем кои денес ти ги наследуваш.
Градеа тие генерации железници и пруги по кои и денес се возиш.
Болници во кои и денес се лечиш.
Школи во кои и денес се школуваш.
Електрани кои и денес ги користиме.
Тие комунисти ја изградија државата во која денес живееш од феудална во модерна индустриска земја.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Веронаука од типот само христијанство или само ислам не ама предмет од типот историја на религиите не е лоша идеја.

Ако не друго барем малку ќе биде информиран народот за својата религија и кога ќе видат колку сличности имаат нема толку да скокаат.

Јас ти гарантирам 90% од христијаниве немаат појма дека Исус е пророк во Исламот и некои обратни случаеви.
Се завршува кај секуларизација.

Ама еве да речеме дека го оставаме на страна тој аргумент, зошто децата да ги трујам со религија ?
Да за мене тоа е труење со религија.
Не е дека ја сум атеист, не сум ни голем верник, ама сепак веронауката според мене е штетна.
Практикувањето религија е приватна страна и не треба да биде организирано од државата. Ако сакаш ти биди си дома и православен и католик у исто време, ако сакаш биди и муслиман и будист и хрсистијанин у исто време, мене тоа не ме интересира, ама у школо да им давам на децата да учат за религија, НЕ ФАЛА !

Друга работа, религијата мора, значи мора да има минимално влијание на општествените текови. Иако религијата во суштина учи на љубов, мир и некои такви добри вредности, ипак во секоја религија жената е под мажот, жената е предмет, нема глас, нема права. Тоа е спротивно на нашите цивилизациски достигнувања, зошто да се враќаме 10 чекори наназад и децата уште од 5-6-7 одделение да ги учиме на вакви глупости ?
Башка колку штета иаме од црквите низ историјата ?
Зошто пак би и дале на црквата огромно влијание ?
Црквата, џамијата, whatever како шо кажав мора да има минимално влијание во општеството.

Пак ќе кажам, не сум атеист, ама веронаука како училишен предмет не ![DOUBLEPOST=1466239514][/DOUBLEPOST]
Видовме што излезе од верски осакатените генерации во комунизмот.-Пропаст- наследство кое тие го оставија за младите сега.
Да религијата ја разви економијата во западот, не конкуренцијата и слободниот пазар...
 

Justin Sidher

Bad Boy
Член од
15 јуни 2016
Мислења
83
Поени од реакции
26
Читајќи ги мислењава дојдов до заклучок дека ова е втор профил на Сунгерот Боб.
Јас мислам оти ти ќе завршиш со почесно место во Форумските легенди.
Генерациите во комунизмот изградија држава во која ти денес живееш.
Градеа патишта по кои ти денес возиш.
Добија пензии во тој систем од кои пола семејства и сега се издржуваат.
Купуваа станови во тој систем кои денес ти ги наследуваш.
Градеа тие генерации железници и пруги по кои и денес се возиш.
Болници во кои и денес се лечиш.
Школи во кои и денес се школуваш.
Електрани кои и денес ги користиме.
Тие комунисти ја изградија државата во која денес живееш од феудална во модерна индустриска земја.
Да се градеше точно е тоа. Затоа и кредитите кои Јосип Броз Тито и КПЈ ги подигнаа од Америка за да ја изградат Југославија никогаш и не се вратија. Папала маца...ашшш. На времето имало еден куп на луге што прашувале кога и кој ке ги врати тие кредити само што послабо им се слушал гласот затоа што немало интернет демократија а башка и од ѕидините на Голи Оток ехото се одбивало навнатре. Да, да вистина е ова не се чуди...кредити земени од истата таа економија либерална која што му овозможи на поединецот(покрај корпорациите) да заработи за две три генерации однапред. Е тоа ти е капитализам. Комунизмот и блокирање на религијата видовме што направи. Се чуствува и денеска, нели?(нормална последица од фалц системот каде што сите си идеа во 15 часот дома, каде што работник да е во фабрика-штрафче да е мало абе ке го пикнеше во џеб за дома да си го наполни подрумот со материали...еееее и милион други примери да не ги споменувам).
Инаку мислам дека ниту ти ниту пак било кој друг нема право на форумов да споменува друг член и да го оспорува неговиот кредибилитет на форумов тука или пак да го споредува со некој нов член. Вистината е дека којзнае па некој друг член што си мисли за тебе и твоите постови тука. А и не е битно тоа. На крајот од краиштата не сме тука за да градиме форумска кариера.
За на крај јас не живеам во Македонија моментално како што ти пиша во твојот пост погоре и затоа знам да направам разлика за вредностите на општествата. Ги видов и двата света. Верувај ми дека веронауката во школите што се изучува и те како е битен фактор за развој на економијата. Таа создава чесни луге(воглавном)
 
Последно уредено:

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.647
Поени од реакции
11.640
Потребна е ВероНаука ама доколку станува збор за наука која ја објаснува појавата и развојот на верувањето во „надприродно“ семоќно и вечно битие како дел од некаков човечки нагонски или психички потенцијал кој се јавува како дел од некаков природен процес или развој во психата на хомосапиенсот. Во спротивном терминот ВероНаука нема смисла.
Има смисла Историја на Религиите ама само ако предавачот е непристрасен што е многу тешко посебно на вакви анти секуларни простори каде групно цел автобус се крсти кога поминува пред црква и со осуда те гледаат ако не партиципираш во таа јавна масовна лоботомија.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Дајте некој нека го банира Гаро, повторно.

Кој шизофреник, мајко мила.
 
M

Moon Child

Гостин
Дајте некој нека го банира Гаро, повторно.

Кој шизофреник, мајко мила.
Он ли е?
Да се градеше точно е тоа. Затоа и кредитите кои Јосип Броз Тито и КПЈ ги подигнаа од Америка за да ја изградат Југославија никогаш и не се вратија. Папала маца...ашшш. На времето имало еден куп на луге што прашувале кога и кој ке ги врати тие кредити само што послабо им се слушал гласот затоа што немало интернет демократија а башка и од ѕидините на Голи Оток ехото се одбивало навнатре. Да, да вистина е ова не се чуди...кредити од истата таа економија либерална која што му овозможи на поединецот(покрај корпорациите) да заработи за две три генерации однапред. Е тоа ти е капитализам. Комунизмот и блокирање на религијата видовме што направи. Се чѕствува и денеска, нели?
Инаку мислам дека ниту ти ниту пак било кој друг нема право на форумов да споменува друг член и да го оспорува неговиот кредибилитет на форумов тука или пак да го споредува со некој нов член. Вистината е дека којзнае па некој друг член што си мисли за тебе и твоите постови тука. А и не е битно тоа. На крајот од краиштата не сме тука за да градиме форумска кариера.
За на крај јас не живеам во Македонија моментално како што ти пиша во твојот пост погоре и затоа знам да направам разлика за вредностите на општествата. Ги видов и двата света. Верувај ми дека веронауката во школите што се изучува и те како е битен фактор за развој на економијата.
Чичко Гугле ќе ти каже само напиши на срч, колку била задолжена Македонија во 1990та година, а колку е сега. Исто чичко Гугле ќе ти каже каков бил извозот, увозот и пазарот во СФРЈ, а каков е денес. Какво било производството тогаш, а какво е денес.
Твоите муабети се маалски, и кооперациски, рекла казала. Јас ништо не измислив, тоа се факти што ти набројав, а постојат и докази за нив. Денес со интернетот е барем лесно, се што те интересира можеш да дознаеш.
Комунистите изградија држава модерна со инфраструктура индустрија и железница. Тоа се факти, за кои постојат пишани докази и живи сведоци.
Што изгради Црквата кажи ми ти мене?
Колку киломентри асалт има изградено црквата?
Колку школи има изградено?
Колку болници?
Колку станови поделила црквата за социјално загрозени?
колку километри пруга?
Ништо, аш.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.159
Дајте некој нека го банира Гаро, повторно.

Кој шизофреник, мајко мила.
Диши бе Ставро диши, ради Гаро чирот ке ти проработи:)
Инаку за темата строго против било каква веронаука во образовниот систем.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Диши бе Ставро диши, ради Гаро чирот ке ти проработи:)
Инаку за темата строго против било каква веронаука во образовниот систем.
Немам јас никаков проблем со Гаро, на секој форум е потребен еден таков очаен член, кој многу сака да се дружи на форумот, ама нон стоп го банираат. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom