Чисто информативно...
Пред три дена се сретнувам со еден другар и го гледам,чоеков ко попарен беше.Почна да ми кажува што му се десило а мене почна косата на врат да ми се дига.
Шо се десило...?
Пред некој ден,дур бил на работа,му се јавуваат од дома итно да дојде бидејки керка му(20 год.) паднала у нешто ко епилептичен шок и почнала да се гуши(без претходна историја).Иде чоеков дома,веке викнале брза помош.ја прегледуваат у државна и не наоѓаат ништо лошо.
Другиот ден се случува истата работа само со појак интензитет,одвај го повратиле девојчето,и пак медицинариве наши не можеле да и најдат ништо надвор од нормала.
Нареден чекор му била бајачка.Ја донеле бајачката некаде од внатрешноста...и прв муабет шо го кажала кога го видела девојчето било-а керко,го даде лепчето а?
Ден пред да почнат да се дешаваат тие срања,комшика дошла на врата и побарала парче леб,цигара и жилет и личност која и ги дала тие работи била керкава на другаров.
Праела бајачкава некои чирибу-чириба и нападите не се повториле.Им кажала дека нападот потекнува од комшиката(која не може да има деца,ако значи нешто),но дека не смееле да се светат зошто не знаела колку е моќна,ако била помоќна од нејзе нареден пат немало да може да и помогне.Ги советувала да избегаваат било каков контакт со нејзе.
Чоеков плачеше дур ми ја раскажуваше случкава.
Е сега...
Јас лично не сум ни најмалку суеверен.
Но на мое дете да му се деси нешто слично,им влегувам дома и им кажувам-ако си го видам детето макар и да кивне,ги потепувам сите до еден.
Што би направиле вие???