Дали сте среќни?

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Хам,мразам да давам прости одговори,али да...среќен сум.Онака,фино среќен...не еуфорично среќен,али убаво е вака.
Сега сум на пример свесен за периодите,и знам дека после ова ќе дојде големо и тешко срање,па самиото тоа не ми дозволува да престанам да размислувам,како што сум правел порано,што е можеби најдобрата работа од една страна,бидејќи ќе бидам далеку поподготвен за наредниот период кој ќе дојде и ќе можам многу полесно да го прифатам(иако ќе знам дека е срање и ќе се нервирам).Негативната страна лежи во тоа што,жртвувам дел од уживањето,свесно не дозволувам да дојдам до врвот,бидејќи резервата мора да постои секогаш поради безбедност.Нешто како падобран,што би ти помогнал при падот.
И мора да биде така веројатно.
Така прават сите луге(некои можеби несвесно,не е битно),тоа е нашиот механизам за одбрана од емоционална болка(кој ни е далеку попотребен од физичките ствари,бидејќи ако не постои тој,може да се случи комплетна дезинтеграција на карактерот и Егото,евент после кој физичкото тело губи секаква поента).
Секако,можеби постојат и начини да се исклучи овој механизам(иако вака звучи несоодветно,бидејќи се зборува за некој полу-апстрактен,невидлив а можеби и воопшто илузорен поим) и тоа би донело истргнување на границите на среќата(ова во никој случај не вклучува употреба на психотропни супстанции,целиот процес е чисто психички и во суштина,многу тешко с свесно можеме да го направиме тоа.Најчесто е одговорна нашата потсвест).Тогаш,како човечки битија,би можеле да ја доживееме онаа ултимативна среќа,без лимит,резерви,задржување и било што друго што би можело да не оттргне од тоа.Сепак,нормално,негативните последици(што се случуваат при смена на периодите),се далеку поголеми,што е правопропорционално со количината на задоволството.
Значи,на крај,оставено е на нас самите да одбереме што повеќе преферираме:
-Помала среќа,во замена за подоцнежната сигурност
-Ултимативна среќа,со подоцнежни крах-последици.
Супер избор.:)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
СРЕЌА!?

Толку релативна работа која може да се разгледува од толку многу агли и пак да не се даде концизен одговор.
Никогаш не сме најдобри,а за себе секогаш сме. Секогаш има под нас и над нас. Оној што е под мене, секојдневно би и се восхитувал на мојата среќа и би молел само за миг да се најде на мое место, само една единствена секунда да ја доживее мојата среќа. И туку наеднаш се вртиме на другата страна и го гледаме другиот набљудувач (оној што е над мене) што ни за миг не би сакал да биде на мое место и којшто гледајќи ме можеби би сфатил колку е среќен.

И среќна ли сум или не?

Хах, јас имам пак сосема трет агол на гледање. Јас не гледам на среќата онака како што гледате вие. Она што вие го викате среќа јас го викам задоволство, она кога вие викате "Да, среќна сум" , јас викам "Да, задоволна сум".
За мене среќата е миг, дел од секунда, дел од минута, одреден момент... за којшто сум свесна дека не трае вечно и дека секогаш на крај завршува, но од друга страна пак, свесна сум и дека никогаш не се потрошува, а секогаш доаѓа.

Не ја делам ни на периоди среќата, а богами ни тагата. Нема константно несреќен или константно среќен период затоа што среќата е момент, а моменти има и ќе има. Светлиот агол постои и во најмрачната соба исто како што и мрачниот агол постои во најсветлата.

А јас? -Јас сум секогаш во центарот... во центарот на собата, во центарот на животот, во центарот на светот.... и овојпат задоволна :)))
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
taman ke reces sreken sum i odma tap doaga sudbinata aaa tuka ste se kriele zaljubeni gulabcinja sega ke ve razdelam.sreka znaci trajno zadovolstvo a nikoj ne e postojano zadovolen.nikoj ne e zadovolen od svojata sudbina veli edna izreka a Volter rekol SREKATA E SON A BOLKATA STVARNOST!!!!!!!
 
Член од
23 март 2008
Мислења
685
Поени од реакции
165
Vo momentite koga sum stanuvala sekoe utro i sum se zablagodaruvala za nesvatlivata sreka za coveckiot um, mene mi se sluci najgolemiot krah....i smetam deka srekata e nekoja relativna sostojba na umot ,i zavisi koj kako si ja svaka...Nekoj se zadovoluva so sitnici nekomu trebaat kuli i planini......a vo sreka veruvam da da ti se padne bingo a da ne igras toa ti e sreka...
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Да,среќна сум.Секогаш можи да биди подобро,поубо,ама глупо ми е да се жалам,кога знам дека има многу луѓе што сонуваат да имаат барем мал дел од она јас шо го имам.Не зборам за големи работи,туку за мали нешта:како да си опкружен со прекрасни луѓе,да го правиш тоа што го сакаш и слично.
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
СРЕЌА!?

Толку релативна работа која може да се разгледува од толку многу агли и пак да не се даде концизен одговор.
Никогаш не сме најдобри,а за себе секогаш сме. Секогаш има под нас и над нас. Оној што е под мене, секојдневно би и се восхитувал на мојата среќа и би молел само за миг да се најде на мое место, само една единствена секунда да ја доживее мојата среќа. И туку наеднаш се вртиме на другата страна и го гледаме другиот набљудувач (оној што е над мене) што ни за миг не би сакал да биде на мое место и којшто гледајќи ме можеби би сфатил колку е среќен.

И среќна ли сум или не?

Хах, јас имам пак сосема трет агол на гледање. Јас не гледам на среќата онака како што гледате вие. Она што вие го викате среќа јас го викам задоволство, она кога вие викате "Да, среќна сум" , јас викам "Да, задоволна сум".
За мене среќата е миг, дел од секунда, дел од минута, одреден момент... за којшто сум свесна дека не трае вечно и дека секогаш на крај завршува, но од друга страна пак, свесна сум и дека никогаш не се потрошува, а секогаш доаѓа.

Не ја делам ни на периоди среќата, а богами ни тагата. Нема константно несреќен или константно среќен период затоа што среќата е момент, а моменти има и ќе има. Светлиот агол постои и во најмрачната соба исто како што и мрачниот агол постои во најсветлата.

А јас? -Јас сум секогаш во центарот... во центарот на собата, во центарот на животот, во центарот на светот.... и овојпат задоволна :)))
Еве јас пак се согласувам со тебе....
Ќе додадам...Во животот се е релативно, зависи како гледаме на нештата.
За мене, вистинската среќа не е онаа силна среќа кога ни доаѓа да вриштиме од среќа. Вистинската среќа треба да биде умерена но секојденвна,а како резултат на тоа ќе биде благата насмевка на лицето. Среќа е кога сум исполнета...без разлика дали се однесува на љубов, работа, или нешто трето. Среќа е кога вистински го живееме моментот, со 100% присутност во него. Ако биде таков секој момент, теоретски, би биле секогаш среќни................
Ја пак забегав а :pipi:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
mesate sreka so zadovolstvo, sreka podrazbira trajno postojano zadovolstvo bez stresovi a toa za volja na vistinata go nema!
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Еми што да кажам... Срекен сум. Задоволен сум од животот и сакам се лошо и добро во него. Не планирам да се самоубивам. :vozbud:

Никакво е малку прашањето, пак се мешат среката и задоволството. :pipi:
 
V

[vladimir]

Гостин
СРЕЌА!?

Толку релативна работа која може да се разгледува од толку многу агли и пак да не се даде концизен одговор.
Никогаш не сме најдобри,а за себе секогаш сме. Секогаш има под нас и над нас. Оној што е под мене, секојдневно би и се восхитувал на мојата среќа и би молел само за миг да се најде на мое место, само една единствена секунда да ја доживее мојата среќа. И туку наеднаш се вртиме на другата страна и го гледаме другиот набљудувач (оној што е над мене) што ни за миг не би сакал да биде на мое место и којшто гледајќи ме можеби би сфатил колку е среќен.

И среќна ли сум или не?

Хах, јас имам пак сосема трет агол на гледање. Јас не гледам на среќата онака како што гледате вие. Она што вие го викате среќа јас го викам задоволство, она кога вие викате "Да, среќна сум" , јас викам "Да, задоволна сум".
За мене среќата е миг, дел од секунда, дел од минута, одреден момент... за којшто сум свесна дека не трае вечно и дека секогаш на крај завршува, но од друга страна пак, свесна сум и дека никогаш не се потрошува, а секогаш доаѓа.

Не ја делам ни на периоди среќата, а богами ни тагата. Нема константно несреќен или константно среќен период затоа што среќата е момент, а моменти има и ќе има. Светлиот агол постои и во најмрачната соба исто како што и мрачниот агол постои во најсветлата.

А јас? -Јас сум секогаш во центарот... во центарот на собата, во центарот на животот, во центарот на светот.... и овојпат задоволна :)))
Навистина незнам зошто сакате да го комплицирате животот?
Неможам да сфатам како може да мислите на нешто друго или да го анализирате тоа убаво чувство дали е среќа или задоволство или незнам што.Се сложувам дека тие мигови понекогаш се многу кратки, и не оставаат простор за анализирање туку само за уживање.Секогаш во најголемата светлина постои црна дамка, но зошто барем за миг да не го претвориме тоа во илузија, да избледи таа дамка и едноставно да уживаме во таа среќа.

Дали сум среќна?
Да, сум.
Вистински среќна.
Ова е еден таков момент, уживање во среќата во белината
Без прашања и размислувања....

А ова е црната дамка.
Се нашол да ти каже не викај двапати, трипати, петпати...
И да те прашам што ти значи тоа?
Суеверие, бабини/9, глупост, или...?
Јас логичен одговор не наоѓам.


ПС. Да, среќен сум
Да, среќен сум
Да, среќен сум
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
[vladimir];1770637 напиша:
Навистина незнам зошто сакате да го комплицирате животот?
Можеби затоа што сме комплицирани и уживаме во самата комплицирана драматичност?!:pipi:

Неможам да сфатам како може да мислите на нешто друго или да го анализирате тоа убаво чувство дали е среќа или задоволство или незнам што.Се сложувам дека тие мигови понекогаш се многу кратки, и не оставаат простор за анализирање туку само за уживање.Секогаш во најголемата светлина постои црна дамка, но зошто барем за миг да не го претвориме тоа во илузија, да избледи таа дамка и едноставно да уживаме во таа среќа.
Мислиме и анализираме затоа што ни е интересно и сакаме да дознаеме што ни се случува во животот. Сакаме сами да дојдеме до информациите, а не однадвор да ги примиме.

Не се некогаш многу кратки туку секогаш. Константна среќа не постои, како што не постои ни апсолутна среќа поради што јас среќата ја нарекувам момент, а не период, фаза или што ти јас знам.

Зашто мислиш дека ние што анализираме (како што ти не нарекуваш) не уживаме во среќата???
Уживам и тоа максимално уживам, затоа што знам дека е тоа момент, а моментите се кратки и неповторливи, па затоа целосно му се предавам со душа и тело.

А ова е црната дамка.
Се нашол да ти каже не викај двапати, трипати, петпати...
И да те прашам што ти значи тоа?
Суеверие, бабини/9, глупост, или...?
Јас логичен одговор не наоѓам.
Можеби страв, можеби суеверие, а можеби и бабина глупост... не е ни важно. На крај пак се враќаме малку погоре т.е. до сознанието дека среќата не е константна туку релативна, впрочем како и се во животов.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
toa mi znaci toa sto rekov taman ke reces sreken sum i ke dojde sudbinata i ke vi kaze na tebe i tvojata ljubena a tuka se kriete e sega ke ve razdelam ko na filmot so Ricard Gir, taka biva eve ko so Tose vo ekot na svojata kariera doaga sudbinata i odma nisto od seta takanarecena sreka ne e toa sueverie samo iskustvo troa pojke.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom