Дали сте плачеле за вашата љубов?

Сте плачеле за вашата љубов?

  • Да

    Гласови: 384 73,6%
  • Не

    Гласови: 138 26,4%

  • Вкупно гласачи
    522

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
ни сум плачел, ни пак планирам. зошто да плачам по неа не е само таа на светов, може ќе најдам 100 пати поубава и подобра од неа. таа нека плаче
А мислиш пак само ти си на светов за неа?
Безвезе муабет.....
Ако ти можеш да најдеш 100 пати поубава и подобра може и таа да најде подобар.
Шо го забрши постот со 'таа нека плаче'?!

Инаку јас да се пофалам одамна не сум плачела :серенада:
Се подобрувам...
 

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
Јас плачев синоќа, зашто се слушнавме на телефон и посакав да го видам, а не можам...и малку се потскаравме, па ми стана уште потешко...И после пет минути ми се јави и јас му се изнаплакав, па потоа се изнасмејав, зашто ми кажа "Леле, го трпам ова зашто знам дека имаш добиено..." И после мирно си заспав.
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
142
Поени од реакции
14
Имам плачено .... и тоа многу :( а и верувам дека сите кога тогаш ке пуштат по некоја солза (кога навистина ќе се заљубат)... секогаш има време за се поголеми и поголеми љубовни разочарувања ...животот е пред нас хехехе има да се изнаплачеме :)
 
N

navivacka

Гостин
Инаку јас да се пофалам одамна не сум плачела :серенада:
Се подобрувам...

Eх да бев како тебе,јас се уште се нервирам за една будала за која не знам дали воопшто помислил на мене...и не можам пак да сфатам дека немам иднина со него и упорно му пишам или титкам...а кога не врати подобро никој да не ме замара зашто тогаш ми се сите криви и незнам што ке сторам за да го победам бесот,но колку и да се трудам болката е поголема.Кога некој се нервира за дечко јас велам дека не заслужува а сепак и јас сум таква...на други давам совети а себеси не можам да си помогнам.
 
M

miss Lebedica

Гостин
:cry::(:( ептен многу и сега кога помислувам на него ми навираат солзи но што тоа спасува или поправа, на крајот и да знае за овие солзи нема да го трогне или потикне на нешто убаво и посериозно, секогаш солзите се попусто излеани за личноста што ги лиеме, но секогаш ни ја чистат душата едноставно ни олеснува кога ќе се исплачеме... аххх љубов!
 
Член од
13 јули 2007
Мислења
45
Поени од реакции
1
ја плачка сум по природа,така да сум плачела и ќе плачам хаххха
 

BeatMaster

The Rising of The Neofit
Член од
22 септември 2009
Мислења
51
Поени од реакции
5
Да.. Резервисти за време на конфликтот 2001... Облечен така во боите на нашава мила и напатена државичка, ме земаат од дома со џипот и правац у касарна. Знаев дека нема да се видиме долго време и тоа ми падна така тешко, што не можев да издржам, ми протекоа солзи. Ама ветив дека ќе се вратам и го одржав тоа.
 

Unknown!

Непознат!
Член од
5 август 2009
Мислења
81
Поени од реакции
1
Ако на 16 години си цимолел за некоја тешко тебе

Ќе ти запеат другарите " папучар си папучар" :)
Ете зашто нема искреност у 21век.

Зашто ако искрено сакаш и ја искажуваш таа љубов, или плачеш за таа љубов што ја сакаш поради Х причини, тогаш ке ти се смеат, ке те наречат секако "Папучар, плачко, итн.". А да не ги немаше тие работи, сигурно дека ке имаше мн искреност и многу љубов, што значи тоа е најголемиот проблем кај младиве. Све додека ке има вакви коментари ништо нема да има искрено, сите ке ги скријат чуствата, нема да ја искажат својата љубов, а и све друго.

А што е до темата, сум заплачел и јас за љубовта, кога еднаш ме разочара, ме излажала за некој .. причини, али после некое време видов дека се кае, и дека искрено сака да биде со мене, и и Простив. (Ист случај ко Беверли Хилс ).
 
Член од
23 август 2009
Мислења
7
Поени од реакции
0
Sekogas mora da se ima i takvi momenti,jas iskreno imam pla4eno i toa mnogu,sme raskinuvale i beskrajno mnogu imam pla4eno sto duri ni sama ne sum svesna,tesko e koga ke izgubis nekoj sto go sakas,poradi toa i pla4eme,no edno nau4iv-so solzi nikogas nisto nema da se resi,ednostavno malku mozes da si olesnes na dusata,no nikako ne pomagaat:cry:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom