Дали сте одмаздољубиви?

Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Вкусот на одмаздата

Дали трошите време и енергија на одмазда? Дали сметате дека равнотежата во космосот е воспоставена, ако сте возвратиле со навреда на навреда, со шамар на шамар, со болка на болка, со очај на очај. Дали се чувствувате подобро кога го гледате предметот на вашата одмазда како поминува низ истата голгота која вам ви била приредена? Или останува металниот вкус во устата и уште поголема празнина?
Што се однесува до мене, многу тешко може некој да ме повреди до тој степен за да се посветам на планирање на неговата/нејзината иднина. Реагирам веднаш, директно, го симнувам човекот од мојот список, турам пепел и продолжувам понатаму.
Меѓутоа, кога станува збор за мои блиски, пријатели и, не дај боже - за дете или тие што ги сметам за посвоени, е тогаш станувам иствичка вештица. Тогаш знам да ги употребам сите начини на физички и психички терор, знам да сочекам да се сврти тркалото, знам да извадам крв на памукче - со задоволство.
Вие?
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.129
Поени од реакции
41
Ау, моме, што ти текнаа вакви крвави теми??
Ми се случило еднаш или двапати, така во болката, да вратам со иста мерка. Нема сатисфакција, не ја намалува болката нити нервозата. Не се почувствував подобро, дури можеби и полошо.

А досега, фала богу, никој не ме повредил така да почнам да планирам одмазда. Ме навредиле луѓе што сум ги сметал за блиски, ама му цртам крст и не го есапам повеќе. Така правам затоа што мене лично најмногу би ме навредило кога некој така би ми ставил крст, па и јас така казнувам.

Има досега само еден случај кога сум прибегнал кон психичко малтретирање, и сеуште продолжувам така со дотичниот вреѓател. Едноставно ми се полни срцето кога ќе ја видам поцрвенета од нервоза, и веќе почнав тоа да си го сметам за спорт. Само што не го правам тоа како одмазда, туку како затегање на синџир - пошто личноста е таква да ако за момент попуштам, пак се враќа на стари навики. Јеби га, другари можеш да бираш, роднините Господ ти ги дал.
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Спукс, у моментов ми се мотаат задњи мисли низ глаа. Многу задњи и нехристијански. :devil1: Ми треба малку здрав разум од страна, пошо мојов е веќе инфициран, за да оладам - или да прејдам во акција.
Цар пие вода е работаа. Ама све мислам дека ќе се напие. И тоа добро.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.129
Поени од реакции
41
Не. Ништо не поправа тоа.

Единствен разлог може да е - ако треба некого друг да заштитиш, или да си го вратиш сопственото достоинство (ова е дебело прашање, дали така се враќа достоинството или само се храни егото). Ако штетата тебе ти е веќе напраена, ништо не ја отправа.

А ако треба некого да заштитиш од иста таква штета - удри и не жали. Десеткратно.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.726
Поени од реакции
246
Една поговорка од стариот француски т.е. галски јазик вели : ”Одмаздата се јаде како ладен оброк” или парафразирано ”Одмаздата е оброк којшто се јаде откако ќе олади!”. По природа не се одмаздувам и кога ќе дојде време за одмазда си викам ”Не вреди” ама сум големо злопамтило. Мож ќе треба да почнам - којзнае :raz:
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
spooky напиша:
А ако треба некого да заштитиш од иста таква штета - удри и не жали. Десеткратно.
Тооо Спуќи, сомислителу и разбирачу.
А то Мацо, чекај да ти се олади манџата, ја морам да работам.:wink:
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.129
Поени од реакции
41
"Revenge is a dish best served cold." - На ова мислеше?
Откако ќе ти помине лутината, не е тоа тоа.
Не е ни дури си лут, ама ај.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.726
Поени од реакции
246
Aceva напиша:
Тооо Спуќи, сомислителу и разбирачу.
А то Мацо, чекај да ти се олади манџата, ја морам да работам.:wink:
Да ама зависи каква е одмаздата!!! Ако е нешто “урџенте“ не чекам да се олади манџата - одма у фаца му ја џиткам додека е врела!!!! :pishtoldz
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.495
Поени од реакции
182
Најдобра одмазда е да не направиш ништо, да оставиш да се нервира личноста што не превземаш ништо за да удриш со иста (или поголема) мера.

Ама удри! Јас да сум ќе удрам!
 

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
ако мене некој нешто ми напрајт.. ќе се повлечам зш сметам дека не вредит да му давам толку голема важност на истиот..ама ако некој повредит некој мој близок.. е тогаш НЕКА СЕ ПАЗИТ!!!
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.129
Поени од реакции
41
FortunE напиша:
Најдобра одмазда е да не направиш ништо, да оставиш да се нервира личноста што не превземаш ништо за да удриш со иста (или поголема) мера.

Ама удри! Јас да сум ќе удрам!
Катарина Медичи се одмаздувала така. Кога некој ќе ја навредел, таа го игнорирала и го оставала во исчекување на страшна казна, го оставала да живее во страв и да се врти на секој чекор. И му го приредувала изненадувањето во моментот кога кутриот ќе помисли дека му е простено.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.495
Поени од реакции
182
Таквата одмазда е најслатка:) Доколку мене некој ми згрешил нешто.

Но, ако на друг му згреши кој навистина ми значи, ќе ископам се, само да се одмаздам!
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.726
Поени од реакции
246
Мх мх мх... Пред некој месец бев во Версај и имав можност да ја видам гиљотината на Медичи за таквите... Имаше и еден портрет од неа. Не сумњам у нејзиниот садизам! Грозоморно!
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Zavisi sto e povredata i zoshto i kako e nanesena. Ako e nesmasno od neuka (jeb ga ne se site obdareni da skontaat shto praat) znam da ignoriram samo. Neukite toa gi boli najvekje i najlesno kontaat.
Ali ako ne e nekoj umen od majka, onaka smisleno, matematicki i isplanirano -- ko shto rekov 'da ne stanam.' Vrakjam, gadno, ne fizicki, i ne maltretiram psihicki, ama zadavam zborovni udari koi najcesto ke go nateraat doticniot/a krvta da si ja propljuka od omrazata kon sam sebe.
I za mene ne postoi, ni pred mene sama, nit pred drugi -- obicno pcenica naracuvam pred drugi.
Ednash go imam napraeno toa, i do den denesen mi se kliza pozadi peti i bara proska. Joktur - jas stanav, a so se mene tice, ti na kukuruz do kraja zivota - a toa, zatoa shto mene izvini, a so ostanatite nisto porazlicno. Takvi imbecili oci ne mi gledaat, a zdiv moj ako im naleta bolje da se zastitat, a toa mozat samo so preletuvanje na nekolku kilometri.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom