Samo uste eden opisen prikaz na evropskite opredelbi i zalaganja na diplomatite od EU:
УШТЕ ЕДНА УЦЕНУВАЧКА ПОРАКА ОД БРИСЕЛ
Европа бара до април да го смениме името
На маргините на Самитот на европските народни партии, на кој учествуваше премиерот Никола Груевски, европски политичари лицитирале дека новото име на нашата земја може да биде Нова Македонија
Македонија треба да го смени името ако сака да добие покана за зачленување во НАТО и ако сака да преговара за во ЕУ, изјави за „Дневник“ висок европски дипломат. Тој тврди дека ова му било отворено кажано на нашиот премиер Никола Груевски во четвртокот вечерта во Брисел. Дипломатот, кој инсистираше на анонимност, присуствувал на вечерата на претседатели и премиери на земјите-членки и кандидати на ЕУ чии партии се дел од Европската народна партија, на која било споменато дека новото име на нашата земја би можело да биде Нова Македонија.
На оваа средба, која редовно се одржува пред секој самит на ЕУ во Брисел, присуствуваа и Никола Груевски и неговиот грчки колега Костас Караманлис, но помеѓу нив немало директен контакт.
Официјална потврда дека спорот со името бил отворен синоќа дојде прво од хрватскиот премиер Иво Санадер. Излегувајќи од вечерата со своите европски колеги, која траеше до еден часот по полноќ, Санадер изјави дека претседателот на Европската народна партија, поранешниот белгиски премиер Вилфрид Мартенс, го споменал спорот за името. Според Иво Санадер, македонскиот премиер Груевски во разговорот рекол дека Македонија ќе направи дополнителни напори за решавање на спорот.
- Би било штета Македонија да не ја искористи можноста да стане членка на НАТО - изјави Санадер.
Македонско-грчкиот спор за името стасал на неофицијалниот дневен ред во рамките на пошироката и жестока дискусија за Косово и за стабилноста на регионот. Никола Груевски рекол дека Македонија ќе продолжи активно и конструктивно да придонесува за успешна завршница на овој процес. Во контекст на идните покани за зачленување што НАТО се подготвува да им ги испрати на Албанија, Хрватска и на Македонија, бил споменат и спорот за името. На Македонија и' било укажано дека со актуелната референца ПЈРМ нема да може да добие покана за членство во НАТО и дека тоа подоцна ќе оневозможи и отворање преговори за влез во ЕУ.
Меѓутоа, спорот за името не стаса на дневниот ред на самитот на шефовите на европските држави и влади, кој последен пат се одржува под португалско претседателство. Главна тема беше Косово.
- За ЕУ, спорот за името останува билатерален грчко-македонски проблем и лидерите на ЕУ тема не разговараат на таа - вели портпарол на Советот на министрите.
Но, тој потврди дека во заклучоците на самитот ќе биде вметнат и заклучокот за Македонија усвоен во понеделникот на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ. Во заклучокот ЕУ забележува „дека се' уште нема решение за спорот за името и ја повикува владата на обновени напори, со конструктивен приод, за да се најде заедничко решение за спорот за името со Грција, со посредство на ОН, со што ќе се придонесе за регионална соработка и за добри соседски односи“.
Ова е прв пат по повеќе години лидерите на ЕУ од највисоко ниво да го споменуваат спорот за името и да ни испраќаат порака дека тој мора да биде решен.
Според дипломатите во Брисел, Грција нема да се откаже од притисокот што го врши врз нашата земја, ниту од поддршката што ја бара и ја добива од земјите-членки на ЕУ.
- Се' додека може, Грција ќе ве притиска да го смените името. За во НАТО тоа можеби и нема да и' успее и многу зависи од развојот на настаните во регионот. Но, за во ЕУ и при евентуални преговори за зачленување Атина нема да се откаже од своето барање - тврди еден дипломат.
На прексиноќешниот самит на европските народни партии учествуваа и премиерите на Холандија - Јан Петер Белкененде, на Луксембург - Жан Клод Јункер, на Шведска - Фредрик Реинфелт, на Летонија - Аигарс Калвитис, на Данска - Бендт Бендтстен, на Полска - Доналд Туск, романскиот претседател Трајан Басеску, шефот на албанската влада Сали Бериша, како и претседателите на Европската комисија и на Европскиот парламент, Жозе Мануел Баросо и Ханс Герт Потеринг.
Владата под жесток притисок од ЕУ
Владини извори потврдуваат неофицијално дека последниве три-четири месеци врвни европски политичари вршат силен притисок врз македонската влада и бараат таа да се согласи за промена на уставното име на земјава. Притоа, укажувале дека ако не го направи тоа, ќе се соочи со силна блокада од Грција не само за покана за зачленување во НАТО, туку за каков било понатамошен напредок на патот на евро-атлантските интеграции. Досега Владата ги отфрлила сите барања за промена на уставното име.
Aferim be...
EU...za mene e zavrsena prikazna.NATO ni treba za drugi vnatresni prasanja da ne eskaliraat.
Samo sto proekt-planovite za razvoj na edna drzava se pravat so 10 god. napred.I kako sto kazav vekje,vo dadenava situacija nekoi mnogu popametni i povlastni od mene vo Makedonija ke mora da napravat esap kakvi ni se interesite i kako ke napreduvame ekonomski vo slednive godini...za da ne se izgubime vo dupkata pomegju stisokot na golemite(USA,EU,Rusija).
Prioritetite na masa!
