Премногу отсечни и кратки одговори на прашањето дали сме сами во вселената, што според мене треба да бидат избришани но како и да е да дадам и јас едно мое видување и размислување околу ова. Вселена како вселена неистражен простор од страна на најголемото животно "човекот" и се уште со сигурност не може да се утврди дали сме или не сме сами. јавна тајна е во светот дека сме биле, сеуште сме и ќе бидеме посетувани од друга форма на живот за нас сеуште непозната. Имаше и изјава на еден воен пилот(ветеран) во врска со прашањето за постоење на НЛО, не ме држете за збор но изјавата беше нешто како: контакт со други суштества од вселената е остварен и факт е дека постои НЛО и живот надвор од планетата Земја, "тие" имале толку напредна технологија што доколку би биле непријателски настроени кон нас би не снемало за час и би не уништиле.
Колку е сето ова точно никој со сигурност не може да потврди зашто нели и доколку е така би се чувало ова во најголема тајност.
Зашто не би размислиле во насока дека ние сме само една играчка на некоја друга интелигентна цивилизација, некој неуспешен експеримент. Дека ние сме создадени од некој друг од некој кој постојано не набљудува и гледа како неговиот експеримент се развива?
Се додка човечки екипаж не се испрати во длабоката вселена, додека не се истражи барем дел од Сончевиот систем или пак посетите станат се почести и поинтензивни нема да бидеме сигурни дека сме сами во вселената.