Дали се исплати да завршиш факултет

  • Креатор на темата Dynamo
  • Време на започнување

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Kолку само не се исплати, посебно не општествените.
Електро, машински, градежен и архитектура колку-толку признати се во странство па можеш да се надеваш, не се знае кај ти е среќата. Ама овие општествениве? Благе везе си немаат.

Студирањето ќе те кошта нерви, време и пари. Направи си ја математиката и пресметај дали ти одговара споредено со твоите можности. Јас моето го кажав со првата реченица.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Прегледај го приврзокот 99834
На 17 години вие сте барале пари уште од родителите а како што велите дека учиме за да заработуваме повеќе а работа нема затоа што секој 2 сега има завршено факултет. Спомна еден член дека завршуваш факс и да работиш за некој што нема завршено. ХА.
Па тогаш ако сакаш да бидиш сам свој газда работи на нет без факс. Нет маркетинг,ппц,ппд и сл.
А ако сакаш да живееш па како милионер заврши Е-Бизнис таму ќе научиш работи кој што нема да ги научиш на нет. Еве ви слика на 17 години заработувам повеќе од повеќето од вас.
Заработени се за 5 месециПрегледај го приврзокот 99834

ЗАСРАМЕТЕ СЕ ![DOUBLEPOST=1408056599][/DOUBLEPOST]
Од село си ?
e ja zarabotuvam poveke od tebe eveti slika


i nemam fakultet[DOUBLEPOST=1408058510][/DOUBLEPOST]i nemam fakultet
 
D

Dynamo

Гостин
Kолку само не се исплати, посебно не општествените.
Електро, машински, градежен и архитектура колку-толку признати се во странство па можеш да се надеваш, не се знае кај ти е среќата. Ама овие општествениве? Благе везе си немаат.

Студирањето ќе те кошта нерви, време и пари. Направи си ја математиката и пресметај дали ти одговара споредено со твоите можности. Јас моето го кажав со првата реченица.
-До сега најдобар одговор.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.309
Поени од реакции
21.473
Добро друже секој има различно мислење ама вакво мислење како твоето се добива само од такви како тебе што се без факултет.
Измачи се 4 години и живеј го остатокот од животот како ЦАР. Луѓето ќе пазат како разговараат со тебе. И оние којшто не ти се толку блиски нема да ти се обраќаат со ТИ туку со ВИЕ.
Не сум го искусил тоа затоа што сум уште средношколец али си знам по себе како разговарам јас со луѓе кој што имаат факултет.
Како прво, Heresy Escalates те трола.

Како второ, реалноста кај нас е (да те поправам): измачи се 4 години и остатокот од животот помини го лепејќи плакати и трчајќи од штаб во штаб. Ова посебно се однесува за луѓе кои завршиле на некој од општествениве факултети и се надеваат на државна работа. За ова не ти треба ни знаење, ни диплома, туку сертификат од ВеМеРо.

Како трето, факултетот може да се каже дека сега е задолжителен. Во секој град има факултети. 99.99% од новиве генерации се запишуваат и завршуваат факултет. Така да, ако мислиш дека некој ќе ти се обраќа со ВИЕ дека имаш завршено факултет - се лажеш.

А ако сакаш да живееш па како милионер заврши Е-Бизнис таму ќе научиш работи кој што нема да ги научиш на нет. Еве ви слика на 17 години заработувам повеќе од повеќето од вас.
Како четврто, ова со Е-Бизнис што го кажа ти е голем кикс. На факултет ќе учиш застарен материјал, кој во голем процент нема никаде да ти користи. Да знаеш дека SEO што си го учел во 2012 нема да ти користи во 2014.

Како петто, не ти треба факултет, убаво си почнал, продолжи со тоа. Наместо да губиш време на факултет на глупи предавања, да учиш небитни работи, стресови на испити... искористи го тоа време на попродуктивни нешта, да го научиш тоа што сакаш да го научиш и што ти треба, а не да го учиш тоа што го сака професорот, некоја теорија скапана, стара 10 години.
 

TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
371
Поени од реакции
473
Се исплати да завршиш некој технички факултет (електро, машински, градежен, како што кажа д_ред1 ^), и одма после тоа правец у Немачка (со блгарски пасош) или у Америка. Колку-толку ќе имаш шанси да се вработиш, инаку не. Посебно не со факултет за дизајн, менаџмент, туризам, бизнис, медицина, итн.

И да не успееш во странство, барем ќе се прошеташ.:D
пс: подобро е така отколку да останеш во оваа :гомце::гомце:рија. :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Тачно, учење школо е бадијала поарчено време. На Јутјуб и Википедија све има, којкур да се плаќа за џабе? Еве Харвард и Јејл ќе ги затворат до јануар 2015 збок слаб упис, а другиве универзитети нек му мислат.
 
S

StormRage

Гостин
Долго време се расправам на темава... Заклучок од некој што студирал 3 години, веќе влегува во 4та, и заглавил со факсот тврдам дека не вреди. Претходните 3 години да ги искористев да се усовршувам во работите за кои ме препознале дека сум квалитетен (и фала што ги најдов тие луѓе па имам добра заработка... уствари солидно добра за 21 година) јебеш факс. Факултетот нема да ти помогне да најдеш работа, нема да те научи на нешто практично, нема да го поминеш колку дипломата. Факултетот ќе ти го извади и извитопери мозокот, ќе те убие од стресови и слични глупости пошо си паднал за 0.2 поена и многу биле за да ти дадат а втор пат презапишуваш предметот. Во оваа ситуација, се што ти се исплати на факс се луѓето, It's not the grades you take, it's the hands you shake. Дружбата, учењето од другите, помагање и се останато, само шириш спектар на пријатели, кои во некоја ситуација ќе ти се најдат или ќе им требаш.

Ретко кој ти бара диплома денес, 95% бараат знаење. Освен ако сакаш да си од сите тие бедници кои се жалат дека не можат да најдат работа и чекаат место во администрација (патем ништо друго не ни пробале да побараат да работат) , да, повели.
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
34
Поени од реакции
9
Оооо златен тој па ти си бил богат 1000$ woooooooow ние у село немаме видено волку пари ц ц ц ц алал да ти е :D Од денес со тебе муабет само по протокол не сум знаел дека ти си од големото добро утро :D 1000$ 5 месеци лелеј :D на некого плата му е 1000$ месечно али нели нема везе :D
Па што сакаш бе 17 години сум... Ти на 17 години си барал од мама и од тате
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Па што сакаш бе 17 години сум... Ти на 17 години си барал од мама и од тате
Ја златен од 16 год работам и фала му на Бога работам и до ден денешен и завршив факултет со сопствени пари денар им немам побарано на моите буквално за ништо. И не биди смешен со тие твој 1000$ што си ги ,,заработил" затоа што некој дневно ги зима по толку.
 
Т

Триптико

Гостин
Па што сакаш бе 17 години сум... Ти на 17 години си барал од мама и од тате
Да не биде ветер во магла муабетов твој, сега направи слика со 1000$ во рака и еден мобилен на кој ќе се гледа денешна дата и наш оператор (неважно кој). Имаш 5мин.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.611
Поени од реакции
2.233
Па што сакаш бе 17 години сум... Ти на 17 години си барал од мама и од тате
Он на 17 може бил женет со две деца. Нај глупо е да кажиш шо праел некој а не го познаваш.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Да не биде ветер во магла муабетов твој, сега направи слика со 1000$ во рака и еден мобилен на кој ќе се гледа денешна дата и наш оператор (неважно кој). Имаш 5мин.
Во електроснка форма ги има не зезај сега и ти :D Виртуелни му се :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom