Во денешно време ќе слушнете секакви коментари за Југославија и Тито. Добри лоши зависи за кого како. Но, ќе кажам, ова денес што го имаме, а тоа е независна Македонија во споредба со Југославија е ништо, не ни може да се споредува бидејќи тоа беше држава, ова денес не е ништо. Можеби денес има некои по модерни работи, проекти, демократија ова она, но тоа е само убава фасада на сиромашно општество кое не се знае како ќе го помине утрешниот ден, од економски од воен и од секаков поглед. Не само државата, народот е таков. Се живее од кредити, нема граѓанин што нема кредит во банка и што му стигнуваат секој ден пликови за да си ги подмири долговите. Скапа е храната, скапи се сметките. Македонија нема свое електро стопанство, ја нема телефонијата, се е приватно, а тоа стратешки не е добро за Македонија. За здравството да не збориме, не смееш да се разболиш бидејќи немаш пари да купиш апчиња, а не дај боже по тешка операција. Денес гледаме многу луѓе кои бараат донации за нивните деца кои треба да се оперираат во Бугарија, Холандија Франција, САД или било каде, молат за пари, ако треба и на колена ќе клекнат само да си го спасат детето, во Југославија тоа го немаше. Здравството беше бесплатно, целиот трошок го покрива таа, бесплатно беше да отидеш на заболекар, а не па операција од срце или трансплантација некаква. Со обична плата ти имаш и да купеш за јадење и плус да штедиш за да купиш автомобил или да изградиш куќа. Овие куќи големите кои ги гледате сите се изградени во Југославија од луѓе кои биле обични работници во фабрики, а денес градат куќи само бизнисмените, кои се бројат на прсти и парите ги добиле на нелегален начин. Денес имаме дрога во државата колку сакаш, дилери и.т.н. во Југославија трошка не смееше да влезе, а не па да умре некој од предозирање. Бензинот за автомобилите беше 7 денари од 4 литри и можеш да возеш секаде, граници за Југославија не постоеја, само пасош требаше, можеш цела Европа да шеташ и бензин да имаш со максимум во резервоар. Безбедноста, односно војската и полицијата беа на врвно ниво, СССР се плашеше да ја нападне Југославија, еден моќен Сталин се плашеше од Тито. Грција и Бугарија беа ништо за нас, кога ќе отидеш кај нив да прошеташ молеа да влезеш во нивните капиталистички модерни продавници. Од Бугарија идеа проститутки повеќе од половина ги затвораа во затвор овде бидејќи не беше дозволена проституцијата. Доваѓаа од Бургас од Софија да продават на југословенските пазари. Југославија имаше мандат во советот за безбедност во светот, каде сега се Франција, Кина, Русија и САД, е тогаш верувале или не беше и Југославија со нашата мала Македонија, кој денес не ја сметаат за држава. Голи Оток кој сите го вреѓаа беше затвор кои лежеа сите луѓе кои се против политиката на Тито и кои не го признаваа македонскиот народ, јазик и идентитет, не само на Македонија туку на сите држави во Југославија. А, денес на улица некој може да ти каже дека не си македонец и ништо не му можат, ќе се шета на улица како и сите и ќе те негира дека постоиш како македонец. Југославија имаше добри соседски односи и со двата политички блокови, и рускиот и американскиот. Бевме членка и основач на државите на неврзаните, кои беа и Индија и Египет. Бевме контролори преку тој сојуз и на Африка и на Азија, без СССР. Затоа и ја уништија, бидејќи беше европска сила, од како почина Тито ја искористија слабоста и ја уништија со сите можни опции и СССР и САД и секој можен. Балканот беше наш, а сега сите сакаат да не уништат и не плукаат како ќе стигнат, не уценуваат, а ние мислиме дека не подржуваат, а тие ја користат Македонија. Грција денес прави што сака со нас, а тогаш не смееше да писне. Но, тоа е минато, треба да гледаме да ја подобриме иднината каква што ја одбравме.