Мудроста БОЖЈА - Тоа чудесно и првородено Чедо БОЖЈЕ (Изреки 8:22-36) - бил одсекогаш и ќе остане засекогаш Господ за вистинските пророци, апостоли и верници!
И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша и рече:
„Што мислите за Христос? Чиј син е Тој?” Му одговорија: „Давидов.”
Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот Го нарече Господ, велејќи:
,Му рече Господ (יהוה) БОГ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘
И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш може Тој да Му е син?”
И никој не можеше да Му одговори ниту збор, и од тој ден никој веќе не се осмели да Го праша.
(Ев. Матеј 22)
.
Ме буниш сега. Намерно, изгледа. Шо Давид, Шо Јосиф и Марија, Шо Син, Шо Господ...
Кој е татко, а кој син во приказната?
--- надополнето: 21 декември 2011 во 22:56 ---
Туку, види друго интересно
Еве еден извадок од Библијата за Родословот на Господ Исус Христос.
Евангелие според Матеј (тој што го спомна и ти погоре):
.
1 Книга за родословот на Исус Христос, син Давидов, син Авраамов.
2 Авраам го роди Исаак, Исаак го роди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и неговите браќа;
3 Јуда го роди Есром, а Есром го роди Арам;
4 Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Саломон;
5 Саломон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Јесеј;
6 Јесеј го роди царот Давид, а царот Давид со жената на Урија го роди Соломон;
7 Соломон го роди Ровоам; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса;
8 Аса го роди Јосафат; Јосафат го роди Јорам, а Јорам го роди Озија;
9 Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија;
10 Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија;
11 Јосија го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето во Вавилон.
12 А по Вавилонското преселување Јехонија го роди Салатил, а Салатил го роди Зоровавел;
13 Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор;
14 Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд;
15 Елиум го роди Елеазар; Елеазар го роди Матин, а Матин го роди Јаков;
16 Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија од која се роди Исус, наречен Христос.
...
Но сепак ако продолжите да ја читате Библијата ќе сватите дека
Тој не бил син на Јосиф и дека тој не сакал да ја земе Марија за жена се додека не му било кажано на сон дека таа била зачната од Светиот Дух.
** Извинете за оф-топикот, но на друга тема не добивам одговор на вакви прашања, од "вернициве".