Дали свинското месо е забрането во христијанството?

Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Ме зезна! Признавам! :D
Прочитај што пишува во 8-мата глава од посланието до евреите, посебно во стихот 13 па јави ми...
Еве да ти јавам...
Мислиш на ова, нели:

13 А кога вели „Нов”, со тоа го прогласил првиот за застарен. А што старее и оветвува не е далеку од исчезнувањето.

И каде тука гледаш дека не важат веќе Заповедите или Законите кажани лично од Господ?
Овде пишува дека е застарен, а не неважечки! И не е исто „не е далеку од исчезнувањето“ со „комплетно е исчезнат“.
Растегнувај ги зборовите од Библијата како сакаш, ама овде се е јасно: во овој стих не се дадени зборовите од Господ (како во Левит 3-11-7 и 8) или од Исус, туку од писателот на ова Послание (кој Црквата со сите сили сака да каже дека е апостол Павле, ама неговиот стил на пишување е сосема различен)! А зборовите од анонимен писател (па нека е и апостол) ја немаат таа тежина како зборовите од Господ, нели?
На писателот на ова Послание му се сонило дека Исус го прогласил Првиот Завет за застарен, ама ниту тој анонимен писател не се осмелил да каже дека тој веќе не важи или дека исчезнал.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И каде тука гледаш дека не важат веќе Заповедите или Законите кажани лично од Господ?

Она кое Ти не го гледаш, другите (читај: Црквата), одамна го имаат видено...
--- надополнето: 21 декември 2011 во 16:17 ---
Овде пишува дека е застарен, а не неважечки! И не е исто „не е далеку од исчезнувањето“ со „комплетно е исчезнат“.
Наместо самиот да си додаваш непостоечки зборови, покорисно е да видиш што навистина е запишано.
--- надополнето: 21 декември 2011 во 16:20 ---
во овој стих не се дадени зборовите од Господ (како во Левит 3-11-7 и 8) или од Исус, туку од писателот на ова Послание
А зборовите од Господ или од Исус се „нешто„ различно?

А писателот на посланието пишувал „нешто„ поинаку од Божјото учење?

Еве, и ја почнав ка протестант: сам си поставувам прашања...:icon_lol:
--- надополнето: 21 декември 2011 во 16:21 ---
(кој Црквата со сите сили сака да каже дека е апостол Павле, ама неговиот стил на пишување е сосема различен)!.
Јааааа, а Ти „као„ точно знаеш кој е авторот на посланието до евреите, така? :sneaky:
--- надополнето: 21 декември 2011 во 16:23 ---
А зборовите од анонимен писател (па нека е и апостол) ја немаат таа тежина како зборовите од Господ, нели?
Да, зборот и од Апостолите и зборот од Светите Оци, ја има истата тежина: како да се од Христа Бога кажани!
--- надополнето: 21 декември 2011 во 16:24 ---
На писателот на ова Послание му се сонило дека Исус го прогласил Првиот Завет за застарен, ама ниту тој анонимен писател не се осмелил да каже дека тој веќе не важи или дека исчезнал.
Ах да, авторот на посланието, заборавил да напише „нешто„ што ќе Ти биде по кеифо...Нели?
--- надополнето: 21 декември 2011 во 16:25 ---
Пак да не се зезнал нешто Јахве?!?
Да, некој се зезнал, ама не се вика „Јахве„....:rolleyes:
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Она кое Ти не го гледаш, другите (читај: Црквата), одамна го имаат видено...
Знам дека Црквата одамна нашла некаков нелогичен изговор да го оправда ова, ама баш затоа го цитирав оригиналот, сите да видат дека никако не може да се види она што Црквата очајнички сака да го види во тие зборови.

Antiteist напиша:
Овде пишува дека е застарен, а не неважечки! И не е исто „не е далеку од исчезнувањето“ со „комплетно е исчезнат“.​
Наместо самиот да си додаваш непостоечки зборови, покорисно е да видиш што навистина е запишано.
Пишува „застарен“ и „не е далеку од од исчезнување“, што никому не дава за право да не го почитува.

quote="MIKI1, post: 4643730, member: 12074"]
Antiteist напиша:
во овој стих не се дадени зборовите од Господ (како во Левит 3-11-7 и 8) или од Исус, туку од писателот на ова Послание

А зборовите од Господ или од Исус се „нешто„ различно?
[/quote]

Не се различно, но намерно напишав „Господ или Исус“, затоа што низ Библијата точно се знае што рекол Бог во Стариот завет, што рекол Исус во Новиот, а што рекле обичните луѓе во остатокот од целата Библија.
Зборовите во Посланието за Евреите не се кажани од Господ (како во Левит), туку се кажани од писателот на Посланието до Евреите, а тоа е многу различно. Бог (Исус) е многу поразлично од обичен човек, па нека е и апостол.

А писателот на посланието пишувал „нешто„ поинаку од Божјото учење?
Па тоа ти велам цело време, тој писател не кажува дека старите закони веќе не важат!

Antiteist напиша:
(кој Црквата со сите сили сака да каже дека е апостол Павле, ама неговиот стил на пишување е сосема различен)!​
Јааааа, а Ти „као„ точно знаеш кој е авторот на посланието до евреите, така? :sneaky:
Никаде не напишав дека знам кој е, всушност никој не знае, ама по стилот потполно се разликува од другите посланија кои му се припишуваат на апостол Павле.

Antiteist напиша:
А зборовите од анонимен писател (па нека е и апостол) ја немаат таа тежина како зборовите од Господ, нели?​
Да, зборот и од Апостолите и зборот од Светите Оци, ја има истата тежина: како да се од Христа Бога кажани!
Прво, нема доказ дека тоа послание го напишал апостол Павле (освен „чесниот збор“ од Црквата), а второ, излегува дека Бог забранува нешто што претходно самиот тој го декларирал како Закон (Заповед). Нелогично...

Antiteist напиша:
На писателот на ова Послание му се сонило дека Исус го прогласил Првиот Завет за застарен, ама ниту тој анонимен писател не се осмелил да каже дека тој веќе не важи или дека исчезнал.​
Ах да, авторот на посланието, заборавил да напише „нешто„ што ќе Ти биде по кеифо...Нели?
Ништо не заборавил, убаво си напишал човекот, никаде не го забранип Првиот Завет со сите Закони/Заповеди во него.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
(верзија 1999) Ев. Јован 19:
30
Штом Исус го прими оцетот, рече: „Се сврши!”па ја наведна главата и го предаде духот.

(верзија 1990) Ев. Јован 19:
30
А кога вкуси Исус оцет, рече: “Се сврши!”И кога ја наведна главата, го предаде духот.

(верзија 1999 KJB) John 19:
30
When Jesus therefore had received the vinegar, he said, It is finished: and he bowed his head, and gave up the ghost.

Не, бе, Спиро, никаде не пишува дека Исус рекол дека се исполнило се'. Напротив, Исус јсно вика дека се свршило. Сеа ја нема многу, многу да навлегува во тоа кој, каде, кога свршил, али јасно е дека тука никаде нема ИСПОЛНУВАЊЕ.

Ти ко Чорба да не си некој фраер, а?

Цитирање библија во три верзии?!? Гадно? Болно?

ПРОКЛЕТО?

Ако при македонските и англиските преводи прикачеше и (било кој) германски превод, ќе видеше дека таму секаде стои зборот vollbracht!

Тој германски збор всушност се состои од два збора (1) voll – што значи полно и (2) bracht - што означува сторено дејствие!

Живиот БОГ во Стариот Завет заповедува за сторените гревови да се принесе жртва, која исто така избраниот народ ја предавал на избраните свештеници и тие принесувајќи ги жртвите ја исполнувале заповедта.
При принесувањето на последната жртва (јагне) свештениците го извикувале еврејскиот зборКалах“ (!) што значи се исполни, се стори, се изврши !

Цитирањето и употребувањето на Светото Писмо со цел да се негира или девалвира Новиот Завет во Крвта и Телото на Милоста БОЖЈА (Исус Христос), е гадно злодело, болна злоупотреба и проклета демонштина, којашто само покажува чии духовни чеда се оние кои што го прават тоа!

Живиот БОГ нека ви биде Милостив и нека ви ги отвори срцата за Вистината!

Амин

.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Што треба ЈАС да направам за да ми го отвори срцето за Вистината?
Што зависи од мене?

„Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!”

.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Какво верување треба да биде тоа? На што треба да биде основано?
Врз Љубовта БОЖЈА, се разбира!

Крштавањето со вода е моментот кадешто верникот му го врти грбот на лажниот свет и живот, тргнувајќи по тесниот Пат на Слободата, стремејќи се кон Совршенството!

Велам така не затоа што веќе достигнав, или дека веќе постигнав совршенство, туку се стремам да го достигнам она со кое Христос ме достигна мене.

(Филипј. 3:13)

Нели Исус Христос беше Син Господов.
Како може истиот да биде и Господ лично?

Мудроста БОЖЈА - Тоа чудесно и првородено Чедо БОЖЈЕ (Изреки 8:22-36) - бил одсекогаш и ќе остане засекогаш Господ за вистинските пророци, апостоли и верници!

И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша и рече:
„Што мислите за Христос? Чиј син е Тој?” Му одговорија: „Давидов.”
Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот Го нарече Господ, велејќи:
,Му рече Господ (יהוה) БОГ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘
И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш може Тој да Му е син?”
И никој не можеше да Му одговори ниту збор, и од тој ден никој веќе не се осмели да Го праша.

(Ев. Матеј 22)

.
 
T

Tetro

Гостин

Ме буниш сега. Намерно, изгледа. Шо Давид, Шо Јосиф и Марија, Шо Син, Шо Господ...

Кој е татко, а кој син во приказната?
--- надополнето: 21 декември 2011 во 22:56 ---
Туку, види друго интересно

Еве еден извадок од Библијата за Родословот на Господ Исус Христос.
Евангелие според Матеј (тој што го спомна и ти погоре):

.

1 Книга за родословот на Исус Христос, син Давидов, син Авраамов.
2 Авраам го роди Исаак, Исаак го роди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и неговите браќа;
3 Јуда го роди Есром, а Есром го роди Арам;
4 Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Саломон;
5 Саломон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Јесеј;
6 Јесеј го роди царот Давид, а царот Давид со жената на Урија го роди Соломон;
7 Соломон го роди Ровоам; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса;
8 Аса го роди Јосафат; Јосафат го роди Јорам, а Јорам го роди Озија;
9 Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија;
10 Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија;
11 Јосија го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето во Вавилон.
12 А по Вавилонското преселување Јехонија го роди Салатил, а Салатил го роди Зоровавел;
13 Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор;
14 Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд;
15 Елиум го роди Елеазар; Елеазар го роди Матин, а Матин го роди Јаков;
16 Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија од која се роди Исус, наречен Христос.
...

Но сепак ако продолжите да ја читате Библијата ќе сватите дека Тој не бил син на Јосиф и дека тој не сакал да ја земе Марија за жена се додека не му било кажано на сон дека таа била зачната од Светиот Дух.

** Извинете за оф-топикот, но на друга тема не добивам одговор на вакви прашања, од "вернициве".
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Молитвата која што доаѓа од дечјото верно срце, засигурно ќе може да ти помогне!

Многу е едноставно да се свати, но на неверните “мудреци“ од овој свет, не им е дадено да можат да разберат, бидејќи се противат, ја негираат или девалвираат Мудроста БОЖЈА (Исус Христос) и на Негово место си ставаат ...!

Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата!
Да, Оче, зашто таква беше волјатаТвоја.
Се ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.

(Ев. Матеј 11)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Знам дека Црквата одамна нашла некаков нелогичен изговор да го оправда ова, ама баш затоа го цитирав оригиналот, сите да видат дека никако не може да се види она што Црквата очајнички сака да го види во тие зборови.

Пишува „застарен“ и „не е далеку од од исчезнување“, што никому не дава за право да не го почитува.

quote="MIKI1, post: 4643730, member: 12074"]
Antiteist напиша:
во овој стих не се дадени зборовите од Господ (како во Левит 3-11-7 и 8) или од Исус, туку од писателот на ова Послание

А зборовите од Господ или од Исус се „нешто„ различно?
Не се различно, но намерно напишав „Господ или Исус“, затоа што низ Библијата точно се знае што рекол Бог во Стариот завет, што рекол Исус во Новиот, а што рекле обичните луѓе во остатокот од целата Библија.
Зборовите во Посланието за Евреите не се кажани од Господ (како во Левит), туку се кажани од писателот на Посланието до Евреите, а тоа е многу различно. Бог (Исус) е многу поразлично од обичен човек, па нека е и апостол.

Па тоа ти велам цело време, тој писател не кажува дека старите закони веќе не важат!

Никаде не напишав дека знам кој е, всушност никој не знае, ама по стилот потполно се разликува од другите посланија кои му се припишуваат на апостол Павле.

Прво, нема доказ дека тоа послание го напишал апостол Павле (освен „чесниот збор“ од Црквата), а второ, излегува дека Бог забранува нешто што претходно самиот тој го декларирал како Закон (Заповед). Нелогично...

Ништо не заборавил, убаво си напишал човекот, никаде не го забранип Првиот Завет со сите Закони/Заповеди во него.[/quote]

Хмммм, еве уште еден кој смета дека штотуку го открил Светото Писмо...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Мики... си купи ли прасенце за нова година....?:D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom