Дали религијата е идеологија во изумирање..?

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Религија За или против??
Што мислите?
Дали таа е плус или минус за човештвото...?

Дали верувате во ГОСПОД??

Еден паметен рекол: Не фрлајте пари по црквите-подобро дајте им на оние што просат пред црквите!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Религијата е религија а идеологијата е иделогија. Религијата, секако дека мислам на христијанската, е знаење кое ни е дадено од Севишниот. Пошто Севишниот е беспочетен и бескраен во своето постоење и способности, секако дека религијата нема да изумре, пошто и нејзиниот автор е бесмртен.
Идеологијата, поточно, идеологиите имаат свои автори кои се само обични смртници, Кога авторот или носителот на иделогијата умира, умира и неговата идеологија, Тоа е милион пати проверено низ човечката историја, а и самите имавме прилика да видиме дека смртта на омилениот „водач„ беше и пад на идеологијата но и распад на целото општество, засновано на таа иделогија. Мислам на соц-реализмот и комунизмот, разбира се.
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
а што мислиш за за фактот кој вели дека во изминативе години бројот на Атеистите е се поголем и поголем...
Луѓето се информираат..
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Информациите не се никакво знаење. Ништо друго не трае толку кратко и ништо друго не е толку евтино како информациите.
Не се согласувам со тоа дека бројот од атеистите е се поголем, туку состојбата е токму спротивна! (И јас кога би бил атеист, би сметал дека повеќето од луѓето се атеисти).
По падот од комунизмот, народите од словенскиот свет масовно почнаа да и се враќаат на Црквата, која ја имаа забораено поради притисокот кој нивната комунистичка власт го вршеше врз нивните помесни Цркви. Според тоа, сега има повеќе верници отколку пред 20 години, сигурно! Од друга страна, имајќи ја во предвид агресивноста со која настапуваат другите христијански дениминации (популарно:секти) , бројот од луѓето кои го слушаат словото Божјо се зголемува, не се намалува.
Атеизмот е во подем не затоа што луѓето станале „писмени„ туку заради нивниот пркос, своеглавост и инаетење кон Божјата волја и поредок , кој Творецот го има поставено во Вселената.
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Едноставно луѓето согледуваат дека господ не постои..!!
Луѓето сакаат да бараат подобар живот на овој свет..а не на оној!!
поздрав
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Информациите не се никакво знаење. Ништо друго не трае толку кратко и ништо друго не е толку евтино како информациите.
Не се согласувам со тоа дека бројот од атеистите е се поголем, туку состојбата е токму спротивна! (И јас кога би бил атеист, би сметал дека повеќето од луѓето се атеисти).
По падот од комунизмот, народите од словенскиот свет масовно почнаа да и се враќаат на Црквата, која ја имаа забораено поради притисокот кој нивната комунистичка власт го вршеше врз нивните помесни Цркви. Според тоа, сега има повеќе верници отколку пред 20 години, сигурно! Од друга страна, имајќи ја во предвид агресивноста со која настапуваат другите христијански дениминации (популарно:секти) , бројот од луѓето кои го слушаат словото Божјо се зголемува, не се намалува.
Атеизмот е во подем не затоа што луѓето станале „писмени„ туку заради нивниот пркос, своеглавост и инаетење кон Божјата волја и поредок , кој Творецот го има поставено во Вселената.
На ова се одговара со антитеза
Верници се поради својата затупеност, заостанатост и неможност да го сфатат модерниот свет.
п.с. ова беше само реплика кон Мики1, не е наменето за другите.
 

Me_myself&I

THE GODDESS
Член од
27 ноември 2007
Мислења
70
Поени од реакции
1
јас мислам дека е идеологија...настанала во праисторијата,кога нивото на свеста на човекот е многу ниско,кога нема апсолутно никакви знаења,и се што се случува околу него може единствено да си го објасни со некоја надприродна виша сила....
а низ вековиве,мислам дека религијата се има одржано затоа што секогаш се јавува како утеха,или да не кажам изговор кога нешто ни излегло од контрола,или нешто не сме успеале,или не можеме да си објасниме зошто нешто баш нас ни се дешава-па викаме така требало да биде,или така ни било пишано.....
иначе не знам дали би верувала и дали би одела во црква,ако мајка ми и татко ми не ме носеле како малечка,и не ми станало тоа да не речам навика,зошто во принцип верувам во работи што ќе ги видам,или доживеам,или бар ќе ми каже некој што го знам...
во секој случај не верувам во оние што ја проповедаат религијата...живее кај мене у маало еден поп,и кога му беа помалечки внуците,доаѓаше од работа и од џеб вадеше туце 10денарки,али големо купче,и им даваше за сладолед...после тоа во 10 божји заповеди пишува не убивај,а колку луѓе има убиено црквата,започнувајќи со крстоносните војни,а и цел среден век ги убиваше научнициве зашто кажуваа работи спротивни на нејзиното учење....целта на муабетот ми е-тоа што они го проповедаат,и викаат да живееме на тој начин,не го прават ни они!!!!тоа ти е исто,да влезеш кај доктор и да ти нуди лек против келавост,а он да е келав!!
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Браво за последните неколку коментари..
Поздрав до "Me myself" i "Vone"...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
1.Религија За или против??
2.Што мислите?
3.Дали таа е плус или минус за човештвото...?
4.Дали верувате во ГОСПОД??
5.Еден паметен рекол: Не фрлајте пари по црквите-подобро дајте им на оние што просат пред црквите!
ај со ред Б.Р.Б не дочека 3 дена и плус конечно и најде место на темата

1. За за религијата.... под 3та точка ќе ти објаснам зошто.
2. Мислам дека религија мора да има.... повторно гледај во 3та точка.
3. Таа е плус за човештвото, бидејќи исконски и инстинктивно човекот во моменти кога се наоѓа во тешки да не речам безизлезни ситуации се потпира на виша сила и вербата во нешто (самата верба) го прави човекот човек (зборувам за верата како движечка сила во подобро утре, нешто што ни дава воља за живот). Сосема друга е работата како сега црквата и со кои начини ја пропагира религијата и колкави и се придобивките врз сметка на народот.
4. Верувам во Господ како виша сила бидејќи виши сили има.
5. Браво за паметниот ама кој народ (со кои социјални девијации) стои пред црквите е друго прашање.

поздрав Б.Р.Б се гледаме.
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
А дали си го видел господ?
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Религијата може и да изумре но на човека никогаш нема да му го истераш од умот она - Боже. Тој секогаш ќе биде жива легенда за сите што веруваат, а и на оние што мислат дека не веруваат во него. :)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Религијата може и да изумре но на човека никогаш нема да му го истераш од умот она - Боже. Тој секогаш ќе биде жива легенда за сите што веруваат, а и на оние што мислат дека не веруваат во него. :)
Нема шанси за тоа........да ги оставиме нашите препукувања имало господ немало и сите лоши работи направени во нејзино име, мора да се признае таа има одиграно и те како позитивна улога во некои моменти низ историјата.
 

theprince

Fan of Irony
Член од
3 февруари 2008
Мислења
1.256
Поени од реакции
155
Religijata uste dolgo vreme nema da izumre mozebi i voopsto nema da izumre no sepak mislam deka e fikcija nesto izmisleno nesto nerealno nesto sto ne postoi. veruvaat vo bog zatoa sto nemaat dovolno verba vo sebe mozebi i gresam no sepak toa e mojot stav
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
:helou: Ја подржувам верата , во господ ,апсолутот,виша сила или како сакате наречетеја ,но не верувам во црква како институција ,која си го загуби патот, се изгуби меѓу политиката ,матерјалното ,престижот.А како да им верувам кога први тие, држат омраза, не простуваат ,а нас ни го проповедаат тоа. Верата ми е во срцето во моите постапки ,однос со лугето ,хуманоста , однос кон природата и во многу др. нешта.:smir: :smir: :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom