old_School_mk
Програмер, гејмер, psy-trance уживател
- Член од
- 11 август 2009
- Мислења
- 6.178
- Поени од реакции
- 5.977
Бидејќи поминаа 3 месеци и мислам дека секој подетално се запозна со новиот форум, мислам дека е време за ваква анкета.
Мое мислење е дека требаше форумот да остане на vBulletin. Xenforo е некако премлад и иако има доста интересни опции, повеќето од нив не се корисни. Има премногу багови кои за жал админите не можат да ги исправат, а чекаат веќе подолго време за да бидат поправени. Исто така има и бајаги багови со Опера, што е прилично лошо за вакво форум.
Од многуте работи што не ми се допаѓаат, би ги издвоил следниве:
- ужасниот прегледувач на постови
- самото пишување на постови е доста потешко затоа што вметнувањето на хиперлинкови, слики и видеа е кошмар (на пример за да вметнеш хиперлинк, треба прво да напишеш како да го напишеш текстот, да го селектираш напишаното, да стиснеш вметни линк, да го ископираш линкот, да идеш внеси и дури тогаш да го внесе - наместо да кликнеш внеси хиперлинк, да ти се појави прозорец за внесување на линкот и да те даде одма во пост едиторот каде што ти тогаш го пишуваш текстот; сликите се вметнуваат директно во постот, така да ако е некоја голема слика е прилично заебано; видеата не може да се наместат да почнуваат од конкретно време)
- usernames-от се скратени и ги префрлува во втор ред
- неможноста за блокирање на корисник
- неможноста за мултицитат од различни страни
- неможноста да се види историја на имиња на корисник (не знаеш кој бил човеков претходно)
- неможноста да видиш кој се грижи за форумот (сеуште немам сретнато ваква ствар на новиов форум)
- неможноста за анимирани аватари
- неможноста за dislike
- кога од главната страна кликаш на некое ново мислење во делот "Нови Мислења", не те носи на последното пишано мислење, туку на првото непрочитано
- новите смајлиња се тапа, а старите ги нема
- за да видиш некој колку години е мора да кликнеш кај него на профил (претходно тоа го пишуваше директно во информациите за корисникот)
Како посебен недостаток заслужува да се спомне ова. Откако форумов се префрли на Xenforo, имаше наезда на тролови заради кои мораа да се поставуваат посебни правила. Не знам која е причината, ама ова сите го приметија.
Од друга страна, има и неколку позитивни работи. Најдобрата секако е брзината, ама и неа ја нема веќе заради тој банерот од групер. Позитивно е и тоа што на главната страна има линкови до новите содржини од kajgana.com. Тука е секако и интеграцијата со facebook & twitter, ама тоа е добро за тие што ги користат овие 2 работи. Јас бидејќи не ги користам - немам корист од нив. За други работи стварно не ми текнува
(ах што ми фалат старите смајлиња...)
Се' на се', борбава некако ми личи на Firefox vs. Chrome. Точно дека vBulletin беше малку спор и можеби небезбеден (не знам точно за ова, админите нека кажат), али беше многу функционален и полн со корисни работи. Xenforo освен што е брз баш и нема некои други позитивни работи.
Во случај да не ја префрлите темава во канта заради мешање во бизнисот, предлагам анкетава да се стави и на главната страна за што повеќе луѓе да ја видат и да гласаат.