Слободно може да се каже дека сите конфликти и несогласувања се последица на различните перспективи и ставови, но дали постојат апсолутни перспективи?
Да замислиме хипотетички дека сме во шума во која секое дрво преставува гледна точка - перспектива, на одредено место се наоѓа правоаголен столб во хоризонтална положба. Столбот од одредена перспектива се гледа како квадрат а од друга како правоаголник, повторно хипотетички замислуваме дека дрвјата можат да комуницираат меѓу себе и тоа што гледа квадрат води полемика со тоа што гледа правоаголник. Од перспектива на првото дрво, второто лаже бидејќи му кажува дека чудниот објект во шумата е правоаголник, а од перспектива на второто дрво, првото лаже бидејќи кажува дека гледа квадрат! Кое од дрвјата е во право? Дали ќе погрешиме ако кажеме дека двете не се во право или дека и двете се во право?
Дури и реалноста е само перспектива, тоа што секојдневно го земаме како солидно, материјално, вечно....е само перспектива, ако на пример патувате со огромна брзина (околу 70% од брзината на светлината), времето за вас и за оние кои мируваат нема да тече исто. Ако тоа патување за вас трае 24 часа, за сите што мирувале траело околу 70 години, па така кога за вас ќе поминат тие 24 часа и ќе посакате да се видите со пријателите, ако сте заминале во 2010 за вас ќе биде сеуште 2010 но за вашите пријатели (ако сеуште се живи) ќе биде 2080! Тогаш дали на пример годината 2030 -та е минато или иднина?
Доколку мислите па добро тоа се објективни перспективи, сетете се дека објективноста е производ на субјективноста!
Самата дефиниција за тоа што е живо суштество воопшто не е едноставна ако не ја земеме свеста во таа дефиниција, на пример во биологијата се смета дека суштествата кој можат да се размножуваат се живи, но со денешната технологија е можно да се направат комплексни направи способни да се копираат, што е тогаш тоа што повлекува црта помеѓу живите и неживите нешта ако не свеста!
Тоа што може да се заклучи од овие факти е дека на апсолутно ниво на постоење перспективите не постојат, тие се само концепти или ниво на реалноста а реалноста е само едно ниво од постоењето!