Дали постои апсолутна вистина?

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
За мене апсолутна вистина е дека апсолутната вистина не постои.

Дали можеш ова да го спориш?

Ова е моја индивидуална апсолутна вистина..
Не сакам да го спорам бидејќи го докажа тоа што јас ти го кажувам.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
[vladimir];2820752 напиша:
И сеа постои или не постои, или...?
И како може нешто што веќе се случило (биг бен) да биде релативен?
Постои, вториот пример го дадов туку така, зашо ми одговара и зашо веќе знам како да го исконтрирам и контрата да ја исконтрирам..што ми дава предност у дебатава..

И, извини ме на дрскост, од каде знаеш дека се случил БигБенгот?

GoD.HateUSaLL напиша:

Абе мали, знаеш колку разлика има од БигБен до БигБенг? о.0"?
 
С

Сатори

Гостин
Едноставно примерот тие е "Ако хипотетички кажам дека ѕидот е бел, што има релативно во мојата хипотетичка изјава?" :)

Од друга страна пак, апсолутна вистина е дека во овој момент јас пишувам на тастатура :)
Веројатно е.
Штета што со ова го дескредитираше својот предходен став. :pipi:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Од кога моментот е апсолутна вистина?
Зар таа не е надвор од стандардизациите на пред,сега и потоа?
Зар не е безвременска,безгранична и ултимативна константа оформена и зацврстена со есенција на омнипотентна егзактност?
 
Би била кога би постоела, но како ја опиша, помислив дека зборуваш за Бог.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Би била кога би постоела, но како ја опиша, помислив дека зборуваш за Бог.

Ахахахаха...хаха..ха..не.
Со тоа повлекуваме уште едно прашање кое пак само по себе дава одговор на нашата лимитираност во однос на пронаоѓање апсолут.

Видиш како константно луѓето секое апстрахирање во тие вонтелесни и вонуниверзумски пропорции го квазидефинираат со три букви.За нешто да биде вистина и да ја заслужи титулата,треба со себе да ја носи таа вистина,да ја манифестира и да се асоцира околното на него преку неа.
Тој и таков Бог ние не познаваме,па затоа теоретизираме дека Бог ни се крие во чмарот и ни ги контролира дебелоцревните функции...и животниот курс.

Спознанието ни дава право да дефинираме солидности и верификуваме факти.Се друго е празен обид да се гледа наноорганизам со голо око и да му се прикачи титула.
 
Целосно си во право сонце, ама, да не заборавиме дека човекот е создаден и конструиран со потребата за титули и елитизам за да може на сам себе да си наметне функција или да ја даде истата на нешто друго, повисоко од него кое што ќе му помогне да ги преброди проблемите со дебелоцревните функции.
Секако, зошто би ја дале врховната титула на она што го сметаме за недостижно и невозможно, затоа што не го познаваме, но секој верник при исповедување ќе те убедува дека го чувствува.

Како што кажав во моето прво мислење на темата, човекот го нема капацитетот да ја разбере аполутната вистина исто како што ја нема способноста во случајов да го интерпретира она што се крие во натприродното, затоа му дава лик и толку едноставно име.
Бо(р)г. :back:
 
M

marsovka

Гостин
апсолутна вистина зависи од нашата перцепција
за мене апсолутна вистина е дека сум смртна и дека некој ден ќе умрам
за мене апсолутна вистина е е дека утре сонцето ќе изгрее а се останато може само да тупиме до сто и една и назад пошто секој од нас различно перцепира и различно гледа
јебем ли га 6 милијарди луѓе 6 милијарди различни перцепции
 
Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Многу филозофирате безпотребно, едноставно не може да се негира постоењето на апсолутната вистина.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Целосно си во право сонце, ама, да не заборавиме дека човекот е создаден и конструиран со потребата за титули и елитизам за да може на сам себе да си наметне функција или да ја даде истата на нешто друго, повисоко од него кое што ќе му помогне да ги преброди проблемите со дебелоцревните функции.
Секако, зошто би ја дале врховната титула на она што го сметаме за недостижно и невозможно, затоа што не го познаваме, но секој верник при исповедување ќе те убедува дека го чувствува.
Воопшто не се сомневам дека во Индија лижеле кравјо виме оти го "чувствувале" како допир со боженственото.Или дека во Африка ставале рака во кутија која била престојувалиште на гладна змија,оти мислеле дека ако го преживеат отровот,се избрани од Харамбарукту или како и да беше....ама факт е дека едните лижеле виме а другите по своја желба ги амкала змија.Јас незнам дали низ историјата се трудиме да ја најдеме апсолутната вистина или апсолутниот блам.
Чувството е хемиска и психолошка реакција.Модифициран инстинкт.Самото од себе не носи никакви вистини и не раѓа никакви плодови во глобалната смисла на зборот.Затоа и не се сврстува во никакви можни релативитети кој би ја решиле равенката за тоа кој од Олимп ја напишал таа равенка и каква е нејзината структура. :)

Како што кажав во моето прво мислење на темата, човекот го нема капацитетот да ја разбере аполутната вистина исто како што ја нема способноста во случајов да го интерпретира она што се крие во натприродното, затоа му дава лик и толку едноставно име.
Бо(р)г. :back:
Ама таа способност е вродена.Ако си поставуваме одредено прашање,значи ни е предодредено да го одговориме.Човечкиот порив да гледа нагоре и да бара одговори се водилка на нашиот животен конец како интелегентни суштества.Сами си го попикавме со тоа што се укотвивме со овој маркантен бог кој постои оти знае да пишува на камен..и тоа не вистини или начела,туку упатства и заповеди...а тие работи,нашиот личен морал и сам можел да ги пронајде и затоа не ни требаат.
 
good girl

Неискусна!
Член од
1 јули 2009
Мислења
66
Поени од реакции
0
Не постои апсолутна вистина, ако постои значи дека тоа што е апсолутно е совршено и обратно, ништо досега не е докажано дека е совршено, дека нема недостатоци порано или подоцна се открива вистината, дека не е совршено а вистината шо е ако нешто е вистина значи дека е вистина и ништо друго, значи совршено и постојано така би се вртеле во круг...
Ако има апсолутна вистина не би бил ваков животот би знаеле што е суштината, односно што се лугето, разумот, смртта, и уште многу вакви мистерии.
Значи ако има апсолутна вистина се би било совршено, зошто една вистина води кон друга, значи ќе го осознаеме вистинското..............
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Многу ви се интересни одговорите дефинитивно и добра дебата да ве пофалам...но повторно ова се наши субјективни индивидуални дефиниции кој како ја сватил вистината што значи дека се крајно релативни при дефинирањето на истата :) врз основа на различни перцепции различни сфакања не се доага до вистината по мое мислење за нешто да се прогласи за апсолутно и релативно треба барање и согледување на повеке теории и тези за вистината ....леле ова е најизгубена тема што досега ја имам сретнато колку е тешко да се објасни и дефинира... зошто вистина не е само она што гледаш и допираш не е само она што се потпира на логиката ...вистина е и она што чуствуваш и веруваш... вистина е и она што е невидливо и несфатливо колку сме спремни по потрага по вистината... омг ...од сево ова ти мораш да донесеш прав заклучок затоа совет стави ги во функција дел од разумот дел од логиката и дел од чуствата нека работат сите заедно и резултатот нема да одсуствува :) (космодиск):pos2:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Неодамна сфатив и разбрав дека не постои никаква вистина а не пак некаква си апсолутна вистина. Во друго е работата...
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Неодамна сфатив и разбрав дека не постои никаква вистина а не пак некаква си апсолутна вистина. Во друго е работата...
Просветли ме, во што било работата? о.0"
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
apso Lutna istina ne postoi jer svako ima svoje mishljenje he he...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom