Годишно да, не знам точно како проверува УЈП (кој период од годината), но ги проверуваат сметките во секој случај.
Стави ги не е проблем, прво информирај се дали е сумата 10 или 15к, а како и колку ги ставаш во еден момент мислам дека не е толку битно.
Банката има должност да ги извести надлежните институции (даночно/анти тероризам итн) доколку има сомнителни трансакции.
Но, доколку парите се легално стекнати (независно дали во Македонија или во странство) односно се платени даноците на земјата каде што си ги стекнал немаш никаков проблем и да ставиш и 50 000 еур месечно. Може ќе ти побараат потекло на парите но тоа не е никаков проблем.
За суми од 5-10-15 000 евра поделени на 2-3 трансакции никој ништо нема да ти бара.
Во случај парите да се нелегално заработени, внесувај по макс. 5000 евра по трансакција/месечно
Можеш да користиш и сметки на роднини кои се во државата/имаат примања и обрт на сметка - да внесуваш пари на нивните сметки па да ги префрлуваш на твојата што би било еден вид на "поклон" кој не се оданочува. На тој начин парите на твојата сметка остануват "чисти"