Дали некој фрлил магија врз вас?

  • Креатор на темата black angel
  • Време на започнување
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
Тетово
По затворањето на 20-на дуќани, жива за директорот на УЈП
Непозната течност, најверојатно жива, била истурена пред канцеларијата на директорот на УЈП Тетово.

Според полицијата, вработена во УЈП утринава околу 8.30 часот пристигнала на работа и пред вратата на директорот забележала истурена течност што личела на жива.
Вработената веднаш повикала полиција и местото било обезбедено и фотодокументирано.
За инцидентот биле известени и противпожарните служби и службите од Дирекцијата за спасување и заштита.
„Извршен е комплетен увид при што самото место беше фотодокументирано, а беа подигнати и примероци за вештачење од течноста. Се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на сите детали околу тоа кој, зошто и со каква намера ја истурил непознатата течност пред канцеларијата и за каква течност станува збор“, изјави Марјан Јосифовски, портпарол на тетовската полиција.
Според доктор Ратко Давидоски од Центарот за јавно здравје, живата е течен метал со голема токсичност во нашето природно опкружување, што бара посебни мерки на претпазливост при нејзиното отстранување. Живата е моќен неуротоксин, многу е важно да не дојде во контакт со водата или почвата и треба да се третира како опасен отпад. При вакви инциденти таа дејствува како силен неуротоксин, а во другите случаи, доколку се внесе во организмот, дејствува токсично на бубрезите, црниот дроб и репродуктивните органи, пренесува МИА.
Во изминатиот период по контролите УЈП затвори дваесетина објекти во Тетовско.
 
Член од
29 ноември 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
Zdravo , nov sum na forumov .Dokolku moze da mi dadete tocni podatoci ili pak nasoki kade mozam da se obratam kaj lica koi razbivaat magii . Veke nekolku godini ziveam so soznanieto deka mojot brat zivee vo agonija poradi crna magija frlena nad nego, i dosega nema napredok . Zivee destruktiven zivot , sedi doma sam poveke od 8 godini ( do prethodno imashe idealen zivot , idealno drustvo , idealna devojka, perspektiva, ubavina , pamet...se sto nekoj posakuva da dobie vo zivotot ) , dobiva krizni napadi , zboruva nepovrzani raboti , ne e zainteresiran da pravi bilo sto so sebe , ima ogromen revolt vo sebe , se odnesuva kako da e padnat vo neizlecliv trans. Site vo moeto semejstvo se mnogu golemi vernici i nikogas ne sakale da se obratat kaj lice koe se zanimava so vakvi raboti . Se molat sekoj den za negovoto dobro , palat sveki vo crkva , ja osvetuvaat kukata , vikaat pop za voda da ni frli niz site sobi....nisto...Veke ni tie neznaat sto da pravat za da mozeme da najdeme izlez... skoro se sretnaa so licnost vo Kumanovo cinam , navodno iscelitelka , koja se molela na ikoni i kazala deka teska magija e frlena na celoto nashe semejstvo ne samo na bratot , nekoja koja e vo nasha blizina no nesakala da ja otkrie.Vi pisuvam kako ocajnik iako mozebi porano i samiot sum se smeel koga ke sum slusnel nesto povrzano so ovaa tema...Ve molam bez standardnite potsmevanja koi odat na forumite , se obiduvam da najdam nacin kade smislata na zivotot ke mi bide vratena...
--- надополнето: 29 ноември 2013 во 00:53 ---

Сте пробале да го однесете на психијатар?
Da ... tesko e na covek koj so godini zivee vo svoj povlecen svet da mu posocis deka treba da odi na psihijatar. Doma site mu se eden vid terapevti ... site razgovaraat, polni so ljubov i razbiranje.No ednostavno ne odi . Razgovarano e so psihijatri ...tie se stavaat vo granica na apcinja sedativi i sl gluposti... Premn go sakame za da go pretvorime vo bilka
 
D

Daedalus

Гостин

Нема да стане билка ако почне да зема медикаменти за специфични растројства кои можеби ги има. Треба да биде проверен и дијагностициран. Можеби пати од траума или слично и советување со стручно лице може да му помогне. Можат да бидат илјадници работи кои се причина за тоа што му се случува а притоа да не бидат магии.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Da ... tesko e na covek koj so godini zivee vo svoj povlecen svet da mu posocis deka treba da odi na psihijatar. Doma site mu se eden vid terapevti ... site razgovaraat, polni so ljubov i razbiranje.No ednostavno ne odi . Razgovarano e so psihijatri ...tie se stavaat vo granica na apcinja sedativi i sl gluposti... Premn go sakame za da go pretvorime vo bilka

Убаво е што ја има вашата поддршка, ама нема да му биде подобро само од поддршка, љубов и разбирање. Искрено, нема да му биде подобро ни од растерување магии.

Подложување на терапија не значи дека брат ти ќе се претвори во билка. Напротив, може многу да му помогне, зависно од дијагнозата, можно е и со права терапија да функционира сосема нормално.

Никако нема да штети доколку се обидете со стручна помош.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Da ... tesko e na covek koj so godini zivee vo svoj povlecen svet da mu posocis deka treba da odi na psihijatar. Doma site mu se eden vid terapevti ... site razgovaraat, polni so ljubov i razbiranje.No ednostavno ne odi . Razgovarano e so psihijatri ...tie se stavaat vo granica na apcinja sedativi i sl gluposti... Premn go sakame za da go pretvorime vo bilka

Ако не ви помогнала молитвата, сатанизмот нема да ви помогне. И 700 икони да имаат по дома, тие исцелители бајачи, чудни створови се или измамници за пари или сатанисти. Или двете.

Сте пробале со некоја умствена занимација? Јас паѓам во јаки епизоди депресија, некогаш со месеци, некогаш до изнемоштување. Колку сум посвесна за болеста толку повешто ја избегнувам. Факт е дека е болест. Незнам колку ќе ме разбериш ама ако пијам доктор што ќе ми препише осеќам чудно како ми спласнуваат чувствата сите и тие што треба и тие што не треба и станувам како дводимензионална и неподвижна слика за луѓето да мислат дека сум жива. Не е решение.
До сега ми помогнала молитвата, обична чиста молитва и верба. Никакви фрикови. Ми помогнале книгите, математиката, судоку, некоја игра, каде што ќе ги ставам мислите и ќе ги тргнам од лоши места, малку ќе сум занесена во романот во науката во нешто, ама за некое време ќе бидам подобро. И ми помага друштво од мали деца, не само моите, тие се ведри и имаат идеи :) и нов поглед на светот
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
п.с. уште две моќни врсти баење од моите
1. натерај го да ти помогне, убеди го дека ти имаш некаква мака и барај совет и помош од него. Кажи му ги вистинските проблеми што ги имаш стави го на мисла и во функција.
2. викни го да гледате серија (игра на тронови, ѕвездени патеки, шелдон купер, пријатели викни го да ги изгледате пријатели одново), или некој спорт зарази го да прати нешто
Ќе видиш што ќе остане од „маѓиите“
 
AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Da ... tesko e na covek koj so godini zivee vo svoj povlecen svet da mu posocis deka treba da odi na psihijatar. Doma site mu se eden vid terapevti ... site razgovaraat, polni so ljubov i razbiranje.No ednostavno ne odi . Razgovarano e so psihijatri ...tie se stavaat vo granica na apcinja sedativi i sl gluposti... Premn go sakame za da go pretvorime vo bilka
Те разбирам како ти е бидјеќи и кај мене дома имам слична ситуација. Мајка ми моментално ја го изгуби говорот (не зборува туку вика и плаче како мало дете по цели денови) многу малку спие, си ја кине облеката што и ја облекуваме, не е способна да оди сама во тоалет ниту пак да се избања. Поентата ми е што нештата кај неа одат само на полошо и никој не знае што и е (татко ми е доктор, а и самата беше докторка) каде се не ја однесовме де по доктори де кај бајачи ништо не помага. Искрено ти кажувам многу е тешко да најдеш некој што стварно се разбира од вакви работи кај нас единствено што можам да ти кажам е да отидете во манастирот Св. Јован Бигорски, ние сеуште немаме отидено таму а викаат помагале не знам ...
 
Афазија (губење говор) најчесто е резултат на мозочен удар, тумор или дегенерација на клетките во мозокот. Мозочниот удар може да поремети повеќе центри кај мозокот и воедно да резултира со слични појави.

Доколку афазијата е резултат на дегенерација на клетките во пределот за говор, честопати може да премине во деменциа.

Однесете ја на неуролог, нека и направат сканирање на мозокот, само така можат да проверат што и е. Во вакви случаи, не си играјте со бајачки и слични тракатанции, превземете мерки што побрзо.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Афазија (губење говор) најчесто е резултат на мозочен удар, тумор или дегенерација на клетките во мозокот. Мозочниот удар може да поремети повеќе центри кај мозокот и воедно да резултира со слични појави.

Не мора да значи , може да е последица од тежок психички стрес .
 
D

Daedalus

Гостин
Не мора да значи , може да е последица од тежок психички стрес .
Тоа се мислеше дека е причината за афазија пред да се открие од што настанува истата. Афазија настанува од оштетување на Брока и/или Вернике центрите за говор. Скоро и нема или се незначајни, документирани случаи на луѓе кои онемуваат одеднаш а притоа немаат забележани оштетувања на центрите за говор.
Некои луѓе со кататонична депресија се неми подолг период од животот. Ама тоа е друг вид на немост. Тие луѓе не зборуваат поради тоа што одбираат да не зборуваат. Селективниот мутизам за кој можеби зборуваш е сеуште неразбран феномен и честопати се случува поради социјална анксиозност, траума итн..
http://en.wikipedia.org/wiki/Selective_mutism

Но според описот погоре, не ми изгледа како мајка му да не одбира да зборува.
Повеќе изгледа како да не е способна за тоа повеќе, а и постојат влошувања на нејзината ситуација според тоа што е кажано. Не знам што би можело да биде, но траума скоро никогаш не би можела да резултира со симптоми како горе наведените, освен ако истата не довела до физичко оштетување на мозокот. Сепак, да не изиграваме доктори, треба да се посети стручно лице за темава, пошто не е зафрканција а има и многу работи кои сигурно не ги знаеме а играат улога само што не се кажани, намерно/ненамерно.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Не знам што би можело да биде, но траума скоро никогаш не би можела да резултира со симптоми како горе наведените, освен ако истата не довела до физичко оштетување на мозокот. Сепак, да не изиграваме доктори, треба да се посети стручно лице за темава, пошто не е зафрканција а има и многу работи кои сигурно не ги знаеме а играат улога само што не се кажани, намерно/ненамерно.
Татко му е доктор а и мајка му , значи ги направиле сите испитувања , ако нема оштетување на мозокот тогаш останува она што јас го напишав и потребен е психијатар.
 
D

Daedalus

Гостин
Татко му е доктор а и мајка му , значи ги направиле сите испитувања , ако нема оштетување на мозокот тогаш останува она што јас го напишав и потребен е психијатар.
Он не наведе дали направиле МРИ или други испитувања на мозокот и ако направиле дали била поставена дијагноза. Само кажа дека татко му е доктор и дека ја однеле по доктори и бајачки, што не кажува ништо за тоа што превземале за да проверат и каде ги направиле испитувањата. Неаме доволно информации и не можеш да поставуваш дијагноза траума само од 20 реченици пишани на тема за магија. Има илјадници фактори, генетско/околински кои може да доведат до вакви појави.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom