Здраво на сите.

Иако верувањето дека постојат маѓии во глобала ми е контрадикторно и глупо последниве неколку настани почнаа да ми го гризат разумот. Значи вака, минатата недела (среда) моиве дома имаа кавга со братучедами а истиот ден од интернет добив еден прстен кој го имав нарачано поодамна. И откако бидна што бидна со мајками бевме излезени во град на шопинг и буквално поради банална расправија во еден момент јас ја изгубив контролата врз себеси, се осеќав одвратно неконтролирано и направив милион проблеми. Откако се вративме дома буквално цела вечер неможев да дојдам при себе (што никогаш не ми се ни случило). За прв пат во мојот живот следното утро бев пробуден во бессознание нервозно лупајќи по креветот без никаква причина, сватив дека работата излезе надвор од контрола и решив да се посоветувам со доктор. Појдов, му објаснив дел од настаните и реши да ми измери притисок, иако секогаш сум имал најнормален овојпат беше речиси превисок за мојата возраст, поразговаравме малце и ми препиша некои лекови за смирување како дијазепам и хелекс. Арно ама работата не заврши тука, веќе следниот ден мајками одејќи на работа направи сообраќајна несреќа со колата, додека таа закрепнуваше сестрами идејќи од град била нападната од некој манијак, среќна што налетал некој човек. Кога веќе се излезе надвор од контрола и јас бев нападнат од еден пијаница и во обид да ми ги одземе парите му нанесов физички повреди а сега веројатно ќе треба да се влечкам и по судови. И како шлаг на тортата вечерва додека доаѓав од град по пат загубив околу 1500 денари. Дали мислите дека сето ова е проклета случајност или стринами (читај; и претходно се случуваа вакви обиди за маѓии, пред неколку години мајками под мојот прозорец најде црн најлон полн со жарови и капки крв) направи магија за да ни наштети. Иако мајками веќе почна да се сомнева јас трудејќи се упорно да и го докажам спортивното и самиот почнувам да се сомневам. Дали знаете каде можам да се обратам ? дали воопшто постои некој човек кој навистина се разбира од маѓии ? бај д веј на ум ми паѓа и прстенот кој откако пристигна арно не видов, доволно ли ќе биде да го фрлам во канта или како што прочитав тука да го пуштам по река ? Ве молам за совети, благодарам.