Ми се има случено и пречесто некој да ми оштети предмети или да ми ги земе за овие работи.
Не верувам и одбивам да верувам дека нешто лошо што ми се случило е последица на тоа, ама тука знам некој луѓе што ми мислат, да е убиството дозволено што би ми направиле. Единствена штета од ова ја гледам во раздрпаните и искинати нешта, што ќе морам да си ги купам пак и пак и пак.
Порано мислев дека сакаат да ме нервираат, дека намерно ме плашат, но откако им покажав дека не ми е гајле и не се нервирам видов дека тие во тоа веруваат, и дека нешто им значи. Голема енергија е тоа да ја потрошиш за да смислиш како да му уништиш нешто некому, како да го заплашиш или некоја злоба. Забележав дека како ние Христијаните што правиме добро понекогаш и на своја штета, така тие ќе направат зло некогаш и на своја штета само да му угодат на она во кое веруваат.
За жал имав доволно време и доволно сатанисти за анализа, се надевам дека полека тоа време ќе помине оваа година и дека исполнив норма со такви еден да не видам повеќе.
На факултет ги имав, млади девојки што студираат, за греота колку заблудени по глупости. Ми исчезнаа механика книги, и листови од книги а во контакт бев само со пријателки од медицина. Покрај другите глупости што ги најдов како вуду кукли и слично немаше друго објаснување за ова. Во фамилија ги имам дури и стари луѓе што со едната нога тргнале и не се плашат од Бог, а свесни се дека постои, не ги сваќам. Да се атеисти ќе ги сватам, вака при свест што прават не сваќам,
Мене ете ништо не ми е, маки имав ама не ќе беа од нивна страна дојдени тие маки, а и да не беа грешките и проблемите јас не ќе бев ова што сум. Генерално после 18 та година за се што тргна наопаку јас и мојте бедни одлуки сме причина, а не нивните играчки и нивниот слаб водач.
Верувам искрено во Господ и верувам дека без Негова волја ништо нема да биде, и се чувствувам на топло и заштитена од Него, од Богородица и од светителите.
Сакам да мислам дека како што седам сега пред компјутеров стуткана со нозете на стол, ангелот е зад мене и ме обвиткува цела со крилото.... ама тоа е само мојата бујна фантазија... а можда и не е...
Добра ноќ
п.с. Ако мислите дека нешто вакво е посилно од вас, помолете се, не велам церемонии да правите, кратка молитва шепнете некоја што ја знаете, потоа нахранете го ангелот со добри дела посебно спрема тие што ви смислиле зло, за да порасне поголем од нив а тие да се посрамотат јавно за злобата. Тој е мојот лек, никакви церемонии, никакви води, никакви други луѓе бајачи и глупости
--- надополнето: 26 септември 2013 во 23:58 ---
--- надополнето: 25 април 2013 во 14:35 ---
Psijatar tija leci dusata ne cekaj odnesigo odma dr kadri vo dr bilnica e mnogu jak,za nekolku meseci kako top kebide necekaj hitno kaj nego.
Си бил на психијатар?
Јас му викам на мојот пријател психијатар: луѓе ми умреа, некако ми недостигаат не можам да престанам да ги мислам. И плачам, не можам да се соземам.
Тој (многу добар доктор е, и добар искрен пријател) ама на цела депресија ме изнасмеа
Вели не бери гајле, тука се некаде те гледаат знаеш и гледа нагора и фаќа воздух со прстите.
Јас викам леле докторе тоа полошо е, до сега не знаеја каква мизерна мизерија сум сега ме гледаат знаат.
Не можам да му го заборавам
) Ни изразот на лицето ама се мачеше да не се насмее.
Доктор лечи болести, значи болести што може да се третираат со лекарства, а од овие работи луѓето се само исплашени, не се болни. Секогаш во животот имаме проблеми и ќе се најде некој сатанист во близина колку да го обвиниме и да не исплаши. А ги има кој знае која им е логиката, ни сами себе не си мислат добро.