Дали некој фрлил магија врз вас?

  • Креатор на темата black angel
  • Време на започнување
Член од
30 јануари 2010
Мислења
101
Поени од реакции
17
Garfield напиша:Тебе те замаѓијале да не знаеш интерпункција, море основи на граматика.
Изгледа со крв од црн петел те замачкале кога не си гледал, притоа тивко баеле и кажувале збунки и гатанки за да не знаеш голема буква каде оди, каде точка, каде запирка, дека има одвоено меѓу интерпункциските знаци итн. Се извинуам грешам затоа што сега учам на македонски да куцам на тастатурата али точно е тоа дека магијата е страшна работа во тоа ја имаш и мојата поддршка браво.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Како знаеш дека некој ти прави магија? Како сме сигутни дека магијата е фрлена врз нас? Како можеме да се одбраниме од магија?
На кој начин можеме да ставиме штит од штетни магијски напади?

Тоа се прашањата на кои треба да се даде одговор!
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Магијата всушност е нешто што се користи за освета да се повреди, да се предизвика несреќа или уништување на некого.
Магијата влијае на настани и физички феномени со помош натприродни и паранормални средства.
Во многу култури магијата е негативен поим, кој се коси со научните и религиозните системи.Се користи со зли намери и најчесто предизвикува штета на било кој.
Најчесто се прават магии за невозвратена љубов.Тогаш таа личност очајно бара начин како пак да си ја врати љубениот/та.
И тргнува по тој пат-оди по "баби",т.е. луѓе кои знаеле да прават такви работи.Не знам што како прават,но знам дека магијата најчесто предизвикува спротивен ефект.Ако не на нив, клетва им останува на децата или внуците.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Како знаеш дека некој ти прави магија? Како сме сигутни дека магијата е фрлена врз нас? Како можеме да се одбраниме од магија?
На кој начин можеме да ставиме штит од штетни магијски напади?

Тоа се прашањата на кои треба да се даде одговор!
Со тоа што ќе отидеш на некој колега на тој шо фрлил магија и он ќе ти каже :salut:
А за сигурно не може. Магиите се мистрија

Сум слушал дека ако си урочен (ти фрлиле магија), ако со прстен ти поминат на кожа (со притискање) останува трага. Сум гледал како на едни остава линија на други не. Не велам дека е вистина да не ме сфати некој погрешно. Можеби е хемиска реакција, можеби зависи од киселиноста те алкалноста, од влажноста или некој состојки во потта... ама е тема за размисување

Колку шо знам некои магии се со животиниња, па ако видиш мртво животно фрлено во твој двор, може и магија е фрлена со него.

Обично бајачките - бабички тие што растураат магии бараат да им дадат облека (маичка) од "клиентот". Сум слушал дека и негативните магии се прават на тој начин те објект со кој се праи магијата се алиштата на личноста на која сака да се фрли магија. Лично искуство имам со ова. Еднаш ни беа дојдени гости, кои не ни се многу блиски и за кратко беа оставени сами. После откако си ојдоа најдовме промени на некои од испраните алишта те беа горени. Може е случајно (си терале мајтап) може не е јас не знам. Она што го знам пробав да го споделам.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Јас иако не верувам во магии, шаманизам, вуду и други детски работи мислам дека една ми фрли магија и затоа кога ќе ја видам наредниот пат ќе ја фрлам во Вардар.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Прашање е што оправиме кога некој ќе ви земе парче нокт, малку коса, ќе земе од свеш ископан гроб земја, ќе го помеша со мочка од животно и ќе го завие во платнено ќесе и стави над огон да се суши, оти како се суши земјата во платненцето, така се суши живото и се умира.
Чаре за ова знае некој? Контра магија??
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Прашање е што оправиме кога некој ќе ви земе парче нокт, малку коса, ќе земе од свеш ископан гроб земја, ќе го помеша со мочка од животно и ќе го завие во платнено ќесе и стави над огон да се суши, оти како се суши земјата во платненцето, така се суши живото и се умира.
Чаре за ова знае некој? Контра магија??
Ти ова сериозно?

Даваа пред извесно време на ТВ како еден веруваше дека ако некој дојде до неговите нокти може да му направат магија или шо ти знам и негативно да му се одрази у живот. За да го спречи тоа место да ги фрла, тој си ги јадеше сопствените исечени нокти. Во прво време само неговите ама после му текна дека може и на неговите најблиски да им направат магија па и нивните ги јадеше.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Бљак!

Ај, сеа, од трипати дали ја ова сериозно!

П.С. Дали знае некој контра магија за кога некој ќе ви направи да ви се јавуваат красти на рацете? Освен чатење со темјан додека се држи раката во едномесечна дождовница со фрлени и смачкани јајца од препелица во другата рака, а сето тоа на полноќ, на свето место, како црква, манастир, осветен гроб итн?!
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Бљак!

Ај, сеа, од трипати дали ја ова сериозно!

П.С. Дали знае некој контра магија за кога некој ќе ви направи да ви се јавуваат красти на рацете? Освен чатење со темјан додека се држи раката во едномесечна дождовница со фрлени и смачкани јајца од препелица во другата рака, а сето тоа на полноќ, на свето место, како црква, манастир, осветен гроб итн?!
Секако дека знам, само не би сакал да ја објавам рецептата тука на форум пошто при неправилна употреба има реално опасност да изумрат неколку дузини гладни деца во Африка или да почнат да паѓаат метеори на планетите од системите во созвездието Орион.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Еј, не си играј играчки, баењето, магијата и случните маке-вуду работи се страшна работа, не се заебанција.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Од "сериозна" ја затеравте на мајтап со последните коментари... вратете некое ниво на сериозност
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Kade vide neserioznost??

Јас прашувам за чаре од фрлени магии.

Еве, ова ме прашаа, па јас барам чаре:

На еден другар му направија магија, почна да се суши, за да го спаси мораа да прават контрамагија при што жена му требаше да подземе од магијата и за да не умре ја префрлија на нејзината рака и и се исуши раката и сега нема една рака.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Не да не бидам несериозен.
До сега не ми се случило. Ама можеби не сум приметил нели исто како и вие? Односно нешто лошо што ми се случило не сум го поврзал со тоа дека некоја гатачка или некоја лоша особа ми фрлила магија. Има верување некои, јас се држам на страна и се обидувам добро да проценам што во случајот може да биде мистерија. Тука за мене нема верување.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Не можам, морам:
Дали е магија ако најдам пред врата пердув од кокошка? Што значи тоа? Лоша магија или добра магија?
каде да купам амајлија да ме штити од магија и напади од магија?
А морам и ова:

Акое пердувот од кокошка црн, а се наооѓа до вратата, пред вратата, но особено ако е од десна страна на вратата и малку пред неа, тоа значи дека е црна магија од најлош вид. Некој ти посакува налошо тебе или на некој од семејството, зависи кој го допре пердувот.
Ако го допреш, мораш во рок до 48 часа до најдоцна еден месец (зависно од јачината на магијата и твојот организам или организмот на тој што го допрел пердувот) да најдеш кој ја направил магијата и да го натераш да ја повлече или да испиеш крв од неродено пило со малку млеко од доилка, да запалиш три бели и една црна свеќа и на нив да го изгориш пердувот.

Ако не е црн, освен ако не е закачен над вратата, немај гајле, некој комшија бркал кокошка или скубел. А ако е закачен на вратата некој близок до тебе сака да се заљубиш во него.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.260
Поени од реакции
4.863
Како се викаа тие што ги прават маѓиите? Маѓионичари!?

:pos::pos::pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom