Дали на некој му е најден телефонот ако бил изгубен или украден?

Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Значи мене ме интересира дали на некого кој што го изгубил или му е украден телефонот му се десило да му го најдат од Полиција т.е Мобилниот Оператор(Космофон Т-мобиле или Вип)..

Колку ја што знам ако го изгубиш или ти го украдат телефонот а он од оние поскапите ,имаш можност да отидеш у полиција да ти даат таму незнам што како потврда и со таа идеш у Операторот и они пробуваат да ти го лоцираат...

Е ја имав 1 случај таков на мој близок и навистина телефонот го лоцираа..Но после испадна демек некој џандар си го присвоил т.е продал..ова неофицијално се дозна..

Значи тоа ме интересира мене,дали ви се има случено да на таков начин ви биде повратен телефонот назад.??
Колку тоа функционира.. !?
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
На мој пријател мму се има случено да изгуби телефон во Охрид кога бил на летување, па после неколку месеци го му лоцираа и му го пронајдоа телефонот. Што и како незнам.

Дали прашуваш поради тоа што си украл, или поради тоа што ти имаат украдено? :helou::vozbud::toe:
 
Не бре ако крадев нешто веке однапред ке бев информиран..
За втората комбинација е.. ама не е за мене лично и така..
 
Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Не бре ако крадев нешто веке однапред ке бев информиран..
За втората комбинација е.. ама не е за мене лично и така..
Може сега собираш информации :vozbud:

Може преку сателити се лоцира , само треба да има активирано GPRS или така некако.
Не сум многу запознаен само МОЖЕ да се лоцира.
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Каков GPRS од кај тоа ... :pos2:

немам време сеа ... после може некро да ви објасни
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Може сега собираш информации :vozbud:

Може преку сателити се лоцира , само треба да има активирано GPRS или така некако.
Не сум многу запознаен само МОЖЕ да се лоцира.
Незнам јас дали ГПРС или нешто друго..
Ја колку што знам и изгасен да е телефонот пак има можност да се најде.. тоа е добрата ствар..
Него мене чисто примери ме интересираа дали на некој му се има десено во брзо време да му се лоцира и да му се врати...

P.S
Не сум украл а и не ни помислувам да украдам ,аман веке :vozbud:
 
Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.543
Поени од реакции
165
Може,баш пред некој ден вратив телефон што го најдов.
 
Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Каков GPRS од кај тоа ... :pos2:

немам време сеа ... после може некро да ви објасни
Грешка:kesa:.

Мислам дека се бара преку GPS локатор.

Секој телефон има IMEI број. За да го најдеш IMEI бројот еве на пример кај мене на Самсунг треба да откуцам:*#06# и ти го дава. Има посебни кодови за ралични фирми на телефони.
Ако е 15 цифрен може да се најде, ако е 13 цифрен мислам дека не може.

После така фино лепо одиш во полиција и го кажуваш IMEI бројот и можат да го најдат НО само ако телефонот е уклучен, нема веза дали картицата е сменета или не, само битно е телефонот да биде уклучен.

Така некако одеше процедурата.
 
Член од
30 декември 2008
Мислења
212
Поени од реакции
12
Секој мобилен тел има свој идентификациски код нешто како МАС кај компјутерите.Кога и да се врзе на која било мрежа се најавува првин со тој код и може да биде лоциран и следен со голема прецизност.Знам за повеќе случаи кај што
било искористено ова.
Е сеа колку се расположени операториве да соработуваат ,тоа незнам.
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Грешка:kesa:.

Мислам дека се бара преку GPS локатор.

Секој телефон има IMEI број. За да го најдеш IMEI бројот еве на пример кај мене на Самсунг треба да откуцам:*#06# и ти го дава. Има посебни кодови за ралични фирми на телефони.
Ако е 15 цифрен може да се најде, ако е 13 цифрен мислам дека не може.

После така фино лепо одиш во полиција и го кажуваш IMEI бројот и можат да го најдат НО само ако телефонот е уклучен, нема веза дали картицата е сменета или не, само битно е телефонот да биде уклучен.

Така некако одеше процедурата.

Да де тој ИМЕИ го има и на самата кутија на телефонот и је 15 цифрен број..
Она што мене ме плаши је дали тој код(како мак адреса ) може да се измени за да не се најде... Исто така од полиција иам слушнато незнам колку је точно ,дека дури и ако е исклучен телефонот може да даде сигнал некаков..
под услов да је доволно пуна батеријата.. па сеа незнам..
 
Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
само ако е уклучен може да се најде, се лоцира преку репетиторите(предавател(антена)) на операторите, се лоцира со помош на IMEI(International Mobile Equipment Identity) кое е менливо но не кај сите телефони(мислам на бб5(платформа на нокиа телефоните) не се менуваше пошто не е пробиена заштитата но не сум сигурен).

GPRS- е мобилен интернет и преку него неможе да се лоцира.

GPS-Global Positioning System со него може да се лоцира но само ако телефонот има ГПС модул(вграден или надворешен) но може да лоцира само корисникот на телефонот а не операторот бидејки операторот нема врска со ГПС
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
луѓе помагајте...
загинав sony Ericsson W380.. ... дали може да се лоцира ???
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
луѓе помагајте...
загинав sony Ericsson W380.. ... дали може да се лоцира ???
Оди во полиција и пријави, тие ке ти кажат што да правиш.

Не е убаво да се пишува тука на форумот на кој начин полицијата ги бара украдените телефони, бидејки на тој начин крадците ке знаат како да се заштитат.

Во секој случај не губи надеж, бидејки на мој пријател му го пронајдоа телефонот.
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Ако само го пријавиш телефонот у полиција НЕМА НИКОГАШ ДА ТИ ГО НАЈДАТ. Мене така не ми го најдоа 9 месеци. Бркни нешо пријатели едно друго што се низ полиција и ќе ти го најдат телефонот за ден ипол два максимум.
Мене ми го најдоа телефонот на вториот начин, откако полицијата според пријавата немаше направено ништо за 9 месеци.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom