Да, ама секторите, генерално, се приватни. Само во мал дел државата има златна акција односно се мешовита сопственост. Дел од секторите директно се врзани за технолошкиот развој, па и дел се потпомогнати со странски капитал, дали во форма на СДИ или како портфолио инвестиција. Дали државата треба да се вмеша во пазарните цени е интересно прашање. Кај нас може, со регулаторни тела, па и со уредба за замрзнување на цените и со четири политики за заштита на домашните производи. Некогаш го прави тоа, некогаш не. Па дури и субвенционира извоз и производство. Дали државата треба да прави баланс меѓу секторите, како на пример шивачката индустрија која е во блага криза? Само ако постои директна нејзина вина. Ова е капитализам, а капитализмот е суров. Големите риби ги јадат малите, дел ќе се држат на површината, дел ќе се удават. Така, ако 95% од претпријатијата се мали, а притоа просекот на живот на едно такво е до 5 год, дали државата ќе треба да интервенира и тука? Овие најчесто и не се кредитоспособни.
Државата треба да креира политики, да креира конкурентност и да лови СДИ. Најчесто тоа го прави преку даночни намалувања и ослободувања, што е интересен феномен за Балканот каде имаме трка за дното односно интензивно намалување на даночните стапки. На овие простори ги има едни од најниските даночни стапки во Европа. Дпмне бараше данокот на добивка да биде и 8%, а сега е 10%! Но и покрај тоа, и покрај ниските плани, ние сме на самото дно во СДИ за 2021! Веројатно и други фактори, како корупцијата, си играат свои значајни улоги.
Првиот дел беше за социјалните трансфери. Едни се нужни, други не. Не може државата да ти дава пари на убави очи. Не може државата да ти простува и презема долгови. Тоа не е во согласност со принципите на пазарната економија. Треба да се намалат за да се ослобат односно креираат двојни буџетски приливи.
Но државата треба да инвестира во човечкиот капитал, преку инвестиции во образованието. Не може нашиот најпретсижен универзитет, УКИМ, да биде 1944-ти, од 2000, рангиран, притоа секоја отскочна даска во животот да биде проследена и со партиска книшка и да чекаме добри резултати од терен.