Дали навистина ни е потребна ЕУ?

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Bi sakal na ovaa tema podetalno da disutirame okolu vistinaskata potreba od EU za Makedonija eventualni pridobivki i zagubi.

Jas ke ja pocnam temata so potencijalnite investitori i kolku nivniot broj bi se zgolemil vo slucaj da vlezeme vo EU i dali imame vistinska potreba od istite.
Moe mislenje (bazirano vrz osnova na aktuelnite globalni interesi na golemite firmi) e deka vo momentov cela svetska elita se stremi kon pazarite vo Kina i Indija pa taka ostanuva mnogu malku sredstva za prosiruvanje na proizvodtvoto vo ovoj del na Evropa, kako vtoro istite tie golemi koncerni veke imat investirano vo Polska, Ungarija, Ceska i Slovacka pa taka iskustvata od teren i ne se mnogu povolni (da ne odime vo detali) vo sekoj slucaj skoro site ja ispukaa municijata vo ovoj del od Evropa.

Vtora rabota koja govori protiv investiciite e slabata industriska razienost na domasnite kompanii, sto ke rece bez potencijalni lokalni snabduvaci i distributeri tesko nekoj se nafaka da investira, sto ke rece potrebno e razvivanje na domasnata industrija.

Treta rabota infrastrukturata koja e isto taka domasna zadaca.

Cetvrto obrazovanieto koe poradi nedostatok na rabotni mesta koi ke nudat prakticno obucuvanje na rabotnata sila e pod kriteriumite koi se barat vo golemite koncerni.

Pеta i сesta rabota se administracijata i sudstvoto.Ima uste mnogu drugi kriteriumi koi ne gi ispolnuvame i koi mozeme da gi smetame za domasni zadaci i pred vleguvanjeto vo EU.

Vo sekoj slucaj takvi kakvi sto sme i takva kakva sto e globalnata sostojba i vo slucaj Makedonija od vednas da stane clenka na EU mislam deka nema da bideme interesni za investitorite.

Sto ni ostanuva... pa posle nekolkute godini koi gi izgubivme so reklamiranje i bezuspesni obidi da privleceme stranski ivesticii mislam deka konecno dojde vremeto da se potpreme na sopstvenite resursi i sposobnosti. Pa taka mislam deka vladata treba da se koncentrira na domasniot proizveduvac.

Ima mnogu pozitivni primeri kako sto e mesnata industrija, vo posledno vreme i ekoloskoto proizvodsvo , proizvodtvo i prerabotka na zelencuk turizam i slicno...

Vo site ovie oblasti imame potencijal vo meguvremeno sekako treba da se pravat napori za podobruvanje na infrastrukturata, reformiranje na obrazovniot proces , i najvazboto reformiranje na administracijata i sustvoto.

Koga ovie domasni zadaci (reslivi i bez EU) ke gi resime togas moze i nema da ni treba Evropa isto kako sto i na Hrvatite ne im e potrebna...
Taka na kratko sekao pozelno e temata da se gleda i od drugi aspekti.
 

derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
Па тие и не ни сакаат да влеземе во ЕУ, не влечат за нос и си играат мајтап со нас 15 години а нашите политичари победуваа на избори играјќи на картата на ЕУ со што создадоа нереална слика за унијата кај нас, таму не цветат рози, посебно не за нас.
Што се однесува до економијата тие самите свесно ги одвраќаат потенцијалните странски инвеститори и ги убедуваа сите досегашни влади дека излезот од транзицијата се наоѓа во странските инвестиции и притискаат за закони кои ги фаворизираат странците ( зошто цела ЕУ се крена во одбрана на ЕВН?, како да им го земавме најмилото, ни наскокаа сите?) а за нашиве бизнисмени сеуште важат старите правила "на подмачкување", тие никогаш нема да ни дозволат да развиеме самоодржливо стопанство.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.274
Потребна можеби во делот на слободно движење на стоки, услуги и р.с. (дел од економската унија) како што во една тема спомна Армин.
А кочење на одредени процеси, инвестиции, закони и нивна реализација ми слам дека се должи главно на нашите "капиталисти", банкари и бизМисмени кои се тесно поврзани со разноразни одбори, комисии, политички партии, фамилии и кланови...и влијаат врз нивната реализација. Ако замислиме ситуација каде се отвора можност за намалување на вработеноста (еден дел од предностите) преку инвестиции и одлив на раб. сила...тоа и те како неповолно ќе го осетат нашите бизМисмени. Ваљда затоа си формираа фарма со 35% невработени сираци.
Од друга страна и еу преку "експертите" и проектите си формира извештаи по потреба, а со тоа влијае индиректно или директно врз инвеститорите (ма безбедност, ма војна, ма криминал...).
 
P

Princ

Гостин
Доколку никогаш не се родеше проблемот со името, без двоумење би одговорил дека да, потребна ни е ЕУ. Потребен ни е европскиот пазар, потребно ни е слободното движење на стоки и добра. Поради името сум малку скептик, за друго не.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
137
Поени од реакции
15
Без разлика дали ќе влеземе или не во европа нас ни беа потребни нивните критериуми со цел да ја подобриме државата. Иначе Европа не ни треба, тоа само ние и требаме на Европа. Сите ресурси и целиот наш потенцијал кој не сме го оствариле ќе дојдат они, ќе го остварат и ќе си земат све што нашле. Единствено што ни треба се паметни, мотивирани и политичари со добра идеа за да ни ја придвизат државава напред. Нивните критериуми ни беа потребни и со цел да ги доведат политичарите да размислуваат малку за постигнување на следното ниво.
:)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Замислата за Европска Унија според Западните критериуми НЕ МОЖЕ да функционира подеднакво во различните делови на Европа.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Доколку никогаш не се родеше проблемот со името, без двоумење би одговорил дека да, потребна ни е ЕУ. Потребен ни е европскиот пазар, потребно ни е слободното движење на стоки и добра. Поради името сум малку скептик, за друго не.
Seto toa e ubavo Princ, no jas se prasuvam koj protok na stoka i koja stoka. Vo momentov makedonskoto stopanstvo ne e spsobno da gi zadovoli vnatresnite potrebi.Domasnite firmi se premnogu slabi i nekonkurentni za da barat barat evropski pazar (sekako i ode ima isklucoci) osven toa onie sto se sposobni da izvezuvat imat dogovori za slobodna trgovska razmena taka da nekoj poseriozni precki i nema.Spored toa zajaknuvanjeto na domasnoto stopanstvo ne se dolzi na ogranicenoto dvizenje na stoka iako sekako toa bi pomognalo tuku najpoeke se dolzi na neinovativnosta , finansiranjeto i birokratijata i toa ete pak se domasni zadaci (osven mozebi nacinot na finansiranje bi se podobril)...
Druga strana na medalata e ogromnata evropska konkurencija koja uste poveke bi go prepravela domasniot pazar i da ne zaboravime odlivot na rabotna sila i intelekt.
Na kraj moe mislenje e deka clenstvoto vo Evropskata unija za nas bi bilo korisno samo vo momentov koga za toa ke bideme spremni.Momentalnata situacija e takva sto spored mene negativniot efekt bi bil mnogu posilen za razlika od pridobivkite...
 
P

Princ

Гостин
Ќе удрам една јака претпоставка, која ништо чудно да е грешна, ама сепак јас некако сум убеден дека не е така: не живееш (постојано) во Македонија, нели? Ти читав нешто постови, Германија па Германија...
Поентата ми е дека силен ми е ставот дека најголемите патриоти одамна ја имаат напуштено Македонија. Секој што живее (постојано) во земјава може многу лесно да увиди дека имаме потреба од членство во НАТО и ЕУ, без никаков сомнеж (ќе повторам, доколку не постоеше спорот за името... ама бидејќи постои има малку сомнеж/непријатност). Доколку мојата претпоставка е точна (доколку не е однапред се извинувам) тогаш за сериозен ќе ти го сватам муабетов кога ќе дојдеш во земјава, и ќе го скинеш пасошот. У стилу јас тука останувам засекогаш, во добро и лошо. Се додека не се случи тоа, јас ваквите муабети ги сметам како хардкор лицемерие. А лицемерие ама ич не поштујем.

Да се вратиме на темата... Имаме стока за извезување (а ако немаме, ќе направиме). Факт е дека колку-толку Македонија има унапредено токму поради нашиот труд да станеме Европјани. Да не беше тоа случајот, земјава одамна ќе беше распродадена на попуст. Немаме ние политичари што вистински ја сакаат земјава, и никогаш нема да имаме. Затоа "неутрален" полицаец/надзорник мислам дека очајно ни треба.

А ќе го спомнам и примерот со Бугарија и добропознатото сексање за червена. Денес можеби не се побогати од нас, но сепак еве ќе речеме се еднакви, а тоа е своевиден успех кога ќе се земе во предвид дека ние всушност за цел период стагниравме. Во деведесетите имавме околу 30% невработени. Денес иста е бројката.
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Отприлика генерално се согласувам со Принц со тоа што:

1. ЕУ ама не по цена на име, јазик, идентитет, историја
2. Ако влегуваме во ЕУ да се држиме настрана од воведување евро како платежна валута.
3. Доследно почитување на сите европски регулативи што се моментално на сила (за заштита од нашите недопирливи паши и бегови)

Но реалноста е дека ЕУ не е доследна на тоа што нормативно пишува па како таква е неодржлива...

Прочитајте па ке видите за што зборам:
http://gonzalolira.blogspot.com/2010/11/is-europe-coming-apart-faster-than.html
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Мислам дека треба да се залагаме за домашни инвестиции кои ќе градат и отвараат современи фирми кои ќе бидат претежно извозно ориентирани.
Секако ЕУ ќе се обиде да не спречи во тоа за да ни докаже дека без неа не сме способни. Меѓутоа не само ЕУ пазарот е отворен за нас. Доколку сериозно работиме на соработка со „Истокот“ , ќе имаме успех и нема да сме зависни од милоста на ЕУ. Овие земји воопшто не обрнуваат внимание на политиките и (не)принципите на ЕУ, така да нашата самостојна соработка со нив нема да може да ја спречи ЕУ.
Едниствено се прашувам дали кај нас постојат луѓе, бизнисмени и политичари, кои се способни, а истовремено и желни за такви проекти. Ресурси и работна сила имаме во изобилие, местоположбата воопшто не ни е лоша, останува на нас како и каде во иднина!
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Дали навистина ни е потребна или не не знам. Стварно, кога станува збор за ЕУ, ја мразам, ја презирам! Не ме признава мене, моите деца, моето се! Мојот живот сака да ми го пртестави како лага и сака да ме убеди дека ако немам за јадење треба да продадам дел од мене....

Имаат права да, да работат, да јадат и да умрат. Фала, истите права ги имаме ние, можеби тешко е да се најде работа и мала е платата, ама повелете продајте си се вие. Можеби немаме 3 сока у фрижидер и 4 врсти на мусли дома, можеби немам викторија сикрет андервеар и гучи ташни, ама не сме толку бедни колку сакаат да не прикажат па да се дадеме за европска помија. Нека си ја сркаат сами.

знам дека ми е офтопик постот.. ама која европска унија бе???


Да живее Европската унија на Фашистите!
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Кој парадокс, да станеш рамноправен член во организација/унија која сега едноставно те става во ќор сокак...и јавно подржува негација


Каде е европскиот дух?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Планирав да аплицирам на Универзитетот во Амстердам. Се додека не го прочитав ова - Цена (годишна) за студенти од Холандија и држави од ЕУ 1500 евра, цена за студенти од држави надвор од ЕУ 11000 евра (плус огромна процедура за студентска виза + нострификација на образование плус милион глупости и милјарда документи).

Не бе не, воопшто не ни треба ЕУ.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Планирав да аплицирам на Универзитетот во Амстердам. Се додека не го прочитав ова - Цена (годишна) за студенти од Холандија и држави од ЕУ 1500 евра, цена за студенти од држави надвор од ЕУ 11000 евра (плус огромна процедура за студентска виза + нострификација на образование плус милион глупости и милјарда документи).

Не бе не, воопшто не ни треба ЕУ.

Pa apliciraj vo Germanija...Za site e isto.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Или во Шведска.
У краен случај, имаме универзитет и тука. Дури и специјален. Тоа ти е исто ко било кој универзитет во Америка. Само кај нас "вечерен" ќе се вика....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom