Или сме многу романтичарски и идеалистично настроени на темава, или пак само си го осиромашуваме јазикот. Најверојатно е комбинација.
Сите овде што лупетаат и напаѓаат биле во врска без да го сакаат партнерот. Не значи тоа дека биле сосема рамнодушни.
Има многу емоции и состојби кои те тераат да влезеш во врска, но не се сите љубов. Најважна е привлечност, и сметам дека е основната причина поради која се влегува во врска. Потоа таа се поткрепува полека со почитување, пријателство, воодушевување, приврзаност и еден куп други фактори.
Ама тоа дека секој од членовиве бил заљубен во секој од своите партнери, е тоа е жално да се констатира. Тогаш се обезвреднува љубовта. Просечно момче/девојка има колку партнери во својот живот? Петмина? Десетмина? Дваесет?
И е заљубен/а во сите нив? Да, ако има 16 години и чита Наш свет. Ако е повозрасна/ен треба да знае подобро. Треба да ги разликува своите чуства и да знае да ограничи минлива привлечност од љубов.
Љубов не е врска која се прекинува за два месеца. Па ниту за дванаесет ако се прашувам јас.
Љубов е континуирано чуство, интензивно и долго и самоуништувачко некогаш. Љубов не се случува десет пати во животот. Сите оние кои тврдат дека се заљубиле во сите свои партнери плукаат по љубовта и се крајно лицемерни или пак воопшто не се познаваат себеси.
--- надополнето: 9 јуни 2012 во 12:04 ---
И двете се љубов. Првото (загреаноста - заљубувањето)е почетна фаза на љубовта.
Ако љубовта е вистинска ќе трае, ако не ќе престане. Ако престане и продолжите да идете, не идете затоа што се сакате туку од навика, страв од осаменост и друго...
Сега очекувам да ми реплицираш дека ни една љубов не трае вечно но не е баш така. . .
Значи се е љубов, само едната е вистинска, другата е лажна, третата е полутрајна а четвртата пастеризирана.
Како да не.
Мене ми изгледа дека бев во право. Луѓето не знаат да се изразат и да ги разграничат своите чуства. Тоа брату, првото, што не трае, не е љубов. Може да е ама тоа многу ретко се случува. Љубов е кога ќе трае. И трае без разлика дали си со личноста или не. И те тера пак да се вратиш кај личноста без разлика дали ќе треба да се жртвуваш, да си го погазиш егото, да се откажуваш од работи и луѓе. А тоа првото прекинува за ситници. Прекинува ако она си го смени статусот на фејсбук или него го виделе со плавуша у минич.