Се' се може кога се сака. Да, точно. Тоа важи и за употребувањето кирилица. Ако сакаш, ќе ја употребуваш. Ти очигледно не сакаш штом пишуваш на латиница.
Тоа што велиш дека нема достапност на содржини и материјали не зависи од писмото.
Ако нема на интернет материјали за, еве да речеме предметот Машински материјали 1, значи ако никој не ги прикачил, нема да ги има ниту вака напишани „Машински материјали 1“ ниту вака напишани „Mashinski materijali 1“, нели?
Следствено на тоа, кирилицата нема ама апсолутно никаква врска со достапноста на материјали на македонски јазик. Бидејќи ако ги нема, ќе ги нема никако. Ниту на кирилица ниту на латиница.
Значи по ова можам да заклучам дека тебе единствената мака ти е што те мрзи да стиснеш alt и shift истовремено, а дејствието трае помалку од секунда.
Друг аргумент, ако ова може да се земе како аргумент, за да се претпочита латиницата пред кирилицата не гледам.